Како мислеш многу е? Зошто ја плашеш жената? Некои трудници пијат 3*250мг ако имаат потреба. Тоа гинекологот го одлучува во зависност од состојбата на жената, а не некој овде на форум
Девојчиња, со денови имам болка доле кај јајниците, не можам да движам дури, се мислам дека е лошо легнат буци па се заебава со мене. Дајте споделете дал е нормално или да се жалам у петок на контрола, тогаш ќе сум точно 36та недела.
Moja greska se izvinuvam. Mi se vide dva pati po 500 mg, inace sekako deka sekoj ke pie kako sto kazale. Uste ednas izvinuvanje
Се јавив во систина за крвна група цена 1300 ден а во ремедика 1100 незнам зошто толку поскапиле.. беше 900-1000 ден катастрофа..
Не се чуди за скрининг во гак што така помина, јас уште полошо не ми даде ниту да прашам нешто а не па слика да даде.. ја прашувам како е дали е во ред ми вика можеш да затвориш уста јас кога ќе завршам ќе кажам.. арогантно,, и викам јас тој преглед месец ипол го чекав!! ама тоа е добро што е се во ред со тебе и бебето
Лелеее идиооот. Аууу јас како што сум им лута од периодот кога се борев со стерилитет мислам дека само ги чекам на таков потег и после може обезбедување ќе ми викнат...
Дали осеќате струење во градите како кога надоаѓа млеко? Последниве 2,3 дена ептен осеќам, дали ради компликацииве или не знам од што. И колку суплементи за железо пиете дневно? Знам по 1 се прима, во аптека ми пишале 2. Ќе одам во четврток пак на контрола, ама мисла ми е до тогаш
Да во скопје.. јас до сега само ехо ми прави еднаш вадев крвна слика и првиот скрининг на 23 недела....е сега треба крвна група и димери да испитам...а нешто брисеви, да ми мери притисок или висина тежина моја не
Прв скрининг е во 12та недела овој во 23та ти е втор. Со прв скрининг се зимаат и брисеви да не имате ти или матичната пропуштено термин? Редовно на 4 недели одеше да не те заборавила да ти каже...
Кој ти води бременост? Не ми се верува бе, крвна група се прави најпрво уште во рана бременост...Крвна слика секој месец треба да се прави. Не да те плашам, не мора ништо да значи ама мораш да си најдеш добар доктор.
Прв скрининг ми беше тој на 23 недела..а секој месец идам на преглед, само ехо ми прави и толку..а таа во 12 недела скрининг не правев и не ми ни спомна..а мене е прва бременост и затоа незнам ,би требало да ми каже
Па можеби што ми беше ок таа прва крвна слика и не ми рече пак да вадам.. сега вадам за крвна група а пак треба и за димери..а за крвната група требаше порано ама за пандемијата ми рече да почекам... а јас ја знам крвната група само што не е вадено на мое име туку на сестра ми..па затоа морам на мое
Направи си крвна слика, да провериш железо и хемоглобин Следно ти е скриен шеќер Ако си негатив крвна група , а маж ти позитив крвна група се прима инекција пред и после породување. Околу 33,34 недела се прават уште едни брисеви и ако има некоја бактерија да имаш време да пиеш антибиотик. Некои прват и трет скрининг при крај на бременост,не сум сигурна во која недела. Проверувај си притисок. Ако до сега не ти проверила должина на цервикс,побарај да ти измери вагинално. Знам дека има незаинтересирани матични,ама не дозволувај да останеш неинформирана. И мене ми беше прва бременост ама се интересирав и 90% од информациите ги најдов на форумов.
Да здравје со димери имам упат со се крвна слика и урина, на прво проверување за урина имав бактерии, ми рече да пијам повеќе вода и чајеви.. а скриен шеќер се прави во крвна слика глукоза беше нели, или нешто плус? јас сум O RH позитив а мм А позитив.. а за притисок не ми проверувала ниту должина на цервиксот ниту знам што е.. па тука кога гледам колку испитувања има а јас 70% од нив не ми се правени се чудам..пак фала му на Бога како завршува прегледот на ехо ништо не ми вика дека има нешто лошо.. сега последен пат на 25 недела беше бебето 930 грама, тука ми беше чудно зошто е поголемо од што треба, па престанав благо да јадам да не е од тоа.. и фала ти за одвоенето време