Кога ова?! Пред 1 недела беше хаос! Не ми збори. 2 дена ровари, се врти и превртува. Цел стомак ми менува форма, големина Да не се урочам, денес конечно поарна сум
Не знам, јас на 22ри бев накај 10 саат, една недела пред тебе изгледа. Кога чекаш надвор пак не знаат да држат растојание ама ајде надвор е со маски. Додека пред гинекологија буквално имаше лепенки пред влез. Да не знаеш дали да чекаш или да фаќаш магла од таму. Него, еве денес е поладно ама отоциве си стојат... Не знам веќе што да мислам...
И кај мене скоро една недела стомаков де се стврднува,де бебе се превртува и вади гз толку силно како да сум 35та недела а не 25та... утре аум на преглед па да си кажам...
Лејди ти подпрестана ли тебе? Мене откога помина дејството на флостеронот, многу ретко и една капка дали. Ќе да беше од нив. И не ми дадоа нова доза. Примив 31 недела, 33та правев ехо и цтг, докторот рече нема потреба. Од една страна ми олесна ич неубави афтер ефекти имав, али од друга страна малку ме фати стравче. Женската ми е мала. Ама си викам докторот знае ваљда.
Женски од вчера сабајле кај 4 ме разбуди силна болка долу ниско стомакот, бев до вц видов дека почнал да паѓа чепот. Со повремени болки на 20мин издржав неколку саати и бев до болница. Бев отворена 3 прста, ме вратија дома да чекам појаки болки. Сабајлево пак кај 4 иста болка, сеуште ми паѓа чепот. Немам нон стоп болки само од време на време, па се мислам да чекам додека не ме фатат многу посилни болки или правец во болница.40 + 5 сум
Баш ги гледав термините за породување, и те помислив. Вистинските се нон-стоп. Не минат. А кажи ми чепот безбоен ти е? Со првата бременост не видов такво нешто па да знам за оваа
Првиот пат кога забележав беше безбојно и со крв како конци. После на секое бришење беше пообилно, кафеникава боја и како парчиња ми паѓаат
Јас не можам исцедоков да го поднесам. Абе не е нормално 7-8 пати на ден мењам гаќи. А и ново ми е што осеќам оваа бременост бебе како штуца. Со првата бременост луѓе освен клоцање ништо друго не знаев. Си акав по мориња по плажи мува не ме лазеше, сега све ново.
Охо ај со лесно, спремај си се сега , среди си се и чекај да зачестат болките на секој 5 или 3 мин, можи и да има крварење и болки посилни во грбот и надолу . Да чепот може да има и крв по малце
Dobro be luge kaj kakvi doktori odite ve pratam I se cudam kako toa so takva arogancija vi se ponasat sto ne si najdite salam maticni
Епа то е во Македонија сме. Не секој треба да биде доктор, а не се ни во ред со умот. Не само што не се стручни , се забегани.
Таму се највообразените докторки. Јас еднаш сакав да прашам нешто беше итна ситуација уште лани и беше отворена вратата, ние не знаевме точно каде треба да одиме и кога реков може ли да ве прашам нешто итна ситуација имаме она ми кажа НЕ! и ми ја затвори вратата пред нос додека си зборуваше на телефон. Немаше пациенти во таа соба во тој момент она беше сама.
Ццц и после се чудат зашто ги тепале, па не да ти тепаш да ги утепаш...луѓе во здравство што работат пред се треба да си ја сакаат работата и да знаат во што се впуштаат а не некој копач што вака се однесува
Да така е,, и најлошо што со оваа пандемија не ни е ни на нас бремените лесно, незнаеш дали да се радуваш или да плачеш