Претходната бременост која заврши со спонтан. Бев таму првата вечер. Ме врати назад доктор ли беше болничар ли не е битно. Зборовите му беа "Тоа ако тргнало да излези ќе излези нема што да те прегледувам". За два дена матичниот инсистираше да одам пак. Чекав од сабајлето од 8 до 12 за да ме примат бев прва на ред. Кога гледав трудници излегуваат влегуваат цтг спремање за пораѓај се појави еден од страна и тешеше нечиј сопруг. Ќе ја задржиме ќе прима инекции се ќе биде во ред. За женичка во рана бременост. Се доближив реков крварам, од утрово сум тука ве молам помогнете. Рече ете ти го таму шалтерот остави книшка. Ме примија конечно. Специјалистот ме расчеречи на сите можни начини да најде срце и на крај кога почнав да офкам рече има пулс врати се за чистење ако дојде. Ме излажал. Немало. Следниот ден закажав чистење во систина, разбирливо. Никако да заборавам. Можеби помалку боли ама грубата реалност е таа. Во ГАК не сме сите на исто. Нечие добро расположение и добра волја те дели од успешен помин или неуспешен.
Да те разбирам потполно, како да ја гледам ситуацијата твоја.. неможеше да ми одг на мое прашање во врска со прегледот а прашуваше од кај сум и што сум Кога и кажав на матичната каков беше прегледот.. вика па така е на нас докторите не ни е лесно со пандемијата и со некој луѓе што не држат растојание .. не ви е лесно со тие што не ги почитуваат мерките а не сите други да се во иста група.. еве имав закажано за вадење крвна група во државна и не отидов
Значи да најдеш матичен лекар, саглам е многу тешко. Јас не знам што е со односот. Морам да ја пофалам мојата, др. Снежана Миленковска, ординација Коруноски, значи жената има толку топол мил пристап, да ти е мерак едвај да чекаш да отидеш на преглед. Јас сум тип што не прашува многу, самата таа ми објаснува што и како, иако ми е втора бременост. Пре презадоволна сум
И кај работиш е битно многу.. па и бројче ќе ти побара... Кога имав спонтан отидов попладне, вечер фати. Февруари месец 2017 надвор снег и мраз, се замрзнато. Имав болки и чекав во ходник да ме примат. Искочи некоја докторка со милка од големите. Не се врати веќе. Чекав уште и ме примија едни две специјализантки. Со тоа вагиналното ехо ме расчеречија, немаше крварење тогаш. Не им се гледало убаво на ехото, не чинело, да одам дома, ако имам болки да се вратам. А јас имам болки... Ма каков прогестерон какви лекови ништо, а на извештајот стои таа дотичната со милката ме прегледала... И што, вечерта појаки болки, крварење, отидов пак накај 7 сабајле. Сум морала да почекам саат време да дошла смена, дежурните требало да си одат. Од таму во Ремедика за што, да ми каже дека е готово веќе...е лута сум и нема да им заборавам никогаш. Не дај Боже да не ме примат во Чаир со дијагнозиве, не би можела во ГАК да се пораѓам. Не се чувствувам безбедно...
Општо, како си задоволна, дали имаш предлог за добар доктор, ќе треба да закажувам царски па се мислам меѓу Штип и ГАК?
Јас си бев денес на скрининг кај матичната и да ви кажам многу сум задоволна,добив внимание и повеќе од приватните иако одам и во Ремедика,ама првиот скрининг решив да го правам кај неа,дека на неинвазивниот тест се беше во ред. Толку убаво ми објаснуваше и покажуваше се и на 4д. Бебка е супер со мерки и се си одговара како по книга за неделите, постелка исто.И јас имам цело време некој секрет де светло кафено,кремаво ама рече дека ништо нема,се било во ред дека и брисеви ми земаше. Најверојатно ќе имаме уште едно девојче,на најголема радост на ќерка ми.
Незнам сега не сум сигурна да не идам утре за џабе да вадам, дали некој знае ако вадам во систина дали ке важат резултатите од крвната група, на мене треба само матичната да запише на картон која сум
Само на трансфузиологија важи за крвна група, мислам. Извади си од таму, најубаво и најсигурно. Јас за се одам на државно, кој ги врти, сеа начекале луѓево исплашени, па дерат приватњациве. А ризикот е сегде ист.
Мими6, земи нов упат од матичната и оди на трансфузиологија, ко што ти рекле. Не мораш да фрлаш пари напразно.