Инекции за зреење на плуќата во никој случај не се на природна база, најчесто се користи дексаметазонот кој сам по себе е кортикостероид, но од друга страна само на тој начин може да се постигне посакуваниот ефект. Муабетот ми беше дека не се штетни инекциите(иако се кортикостероиди), но и не се на природна база.
bebeto93 фала ти премногу на одговорот,синојка конечно се јави синко,дека е тука и дека е во ред направи по некоја акробација,хехехе.Конечно се смирив иначе мислев дека ќе побудалам,паметот ми отиде на 300 места....
Дајте им чоколада за да ги размрдате или легнете на леве страна мене мојата девојка буквално ме тепа овие денови ,не да боли ,мислам низ кожа ке ми излезе .
Еве ме мене по долг период повторно се вклучив на форумов.Ми рекоа поради стресот во бременоста најверојатно ќе се породам порано.Страв ми е што како ќе биде, во 34-35та недела веќе може принцезата ќе дојде на свет.Постојано мислам,да не се роди малечка,дали ќе преживее,триста грижи имам.
Гледам во Термини за породување, само јас сум останала од јули . Помина и денес контролата, бебуш си дреме, кога ме ставија на цтг избега се усрами, постелката назад со 2степен на зрелост, плодовоата вода исто зголемена, а болки сеуште немам. Сега за сега сме супер, отоци немам, едноставно уживам, без никакви проблеми. Имајте убав ден мешковци!
Ladydoli не се секирај не си сама во јули,те дружам јас.И мојава нема абер за излагање,терминот е веќе поминат па кога решила да излезе добредојдена е со големо срцеее
I jas so prvoto go nadminav terminot 11 dena nisto strasno,im se uarnilo vo meskoto na mama Inaku devojki,deneska imam vrtoglavica kazete mi nekoj priroden lek zosto ne smeam da pijam apcinja a mnogu me boli glavata.
Здраво мешиња како сте ние сме добри, фала богу сега за сега немам мачнини ок се осекам, само малку омалаксано ама одсекогаш сум се осекала така мислам од многуте хормони кои ги испив Прашав во темата за прво тромесечие ама никој не ми одговори да прашам и тука Кои испитувања се прават во првото тромесечие? Сега за сега проверив само крв и урина ок се резултатите, докторот ми рече секој месец да проверувам па не е тоа многу често Во 12 недела брисеви да правам и толку. Се си викам некој пропуст да не ми прави да не има уште испитувања, се намачив за бременоста и многу ми е страв сега да не пропуштам нешто
^^butterflysk, тие се тие испитувања што ги правиш во првото тромесечие. И крв и урина се проверуваат на месец дена. Барем кај мене, моите познати, а и кај поголем дел од девојките на форумот така одат испитувањата. Се' додека не се појави некој проблем (скраја да е), доколку се' се одвива нормално, ќе се оди по овој редослед. Што и да е, понатаму се консултираш со матичниот, и тој те упатува понатаму во испитувањата. Релаксирај се малку и уживај во бременоста, не се грижи Припазувај се малку повеќе првите три месеци, слушај го матичниот, и опушти се
Мене докторот во првиве три месеци не ме прати на никакви испитувања - ме виде еднаш на ехо за потврда на бременоста, после во средина на осмата недела за срцева активност, и ми закажа преглед на крај на 12тата недела...
Јас знам дека во 12/13та недела ќе ми испитуваат за даунов синдром, и некој си таму други синдроми незнам што а во 14та недела проверуваат како се органите развиени. Појма немам и јас...
^^ PRISCA обично се прави во 13-та недела, барем мене така ми кажа докторката. Точно како што кажа Маркиза, се испитува дали плодот има Даунов синдром и некои други генетски аномалии. Е сега, Маркиза, колку што знам, испитувањето се прави во еден ден Мене прво на ехо ме гледаше докторката (4д), после тоа ми земаа крв. Се споредуваат резултатите од крвта и некои мерки кои ги прават на ехо, и после вадат некаква статистика со процент на ризик за Даунов синдром. Јас ова испитување го правев во Ремедика, а како е на ГАК, не знам, има посебна тема за Приска, може да ѕирнете таму, сигурно има некоја девојка која била таму и споделила искуство.
хм а може ли ехото да се направи во систина зашто јас бременоста ја водам таму, а крв само да ми земат на гак да не го плакам и тоа приватно. (или пак на гак бараат ехо од кај нив дента кога зимаат крв? ) И после мојот доктор да си ги види резултатите. Ако некој има вакви искуство нека ми пише
Тестот за генетски болести се прави на ГАК. Ти земаат крв од вена (на гладно), се плаќа 350ден. и тоа е тоа. За 4-5 резултатите се готови и ти даваат 1 лист на англиски напишан. Целта на тестот е преку вашата крв и вашата ДНК да ја испитаат ДНК-та на бебето и да проверат дали 13, 18 и 21 хромозом се во ред. На листот се дава некој параметар и кај мене за сите 3 хромозоми ми пишуваше дека ризикот е 1:10000 и со зборови си пишува дека тоа е низок ризик за бебето, односно дека шансите детето да се роди со некоја генетска болест се минимални. Мене матичниот ме препрати на ГАК за овие тестови.
Здраво драги мешковци еве конечно дојде и мојот ред да се пријавам на оваа тема.Денеска јас и мојот сопругот бевме најсреќни на светот ,конечно после 10 години со тешка борба за да имаме дете со помош на 2 ин витро јас сум бремена.Денеска кога ми сопштија во Ремедика дека сум бремена не верував дека е можно морав 3 пати да прашам дали е точно тоа што ни го сопштуваат.Дури се изгушкав со многу сестри во Ремедика кои ни честитаа и ни велат конечно и мило ни е што успеавте.Вредноста на бета е 511 ми рекоа за 2 недели да одам на преглед за да видат дали има срцева акција ,а 4 недели првото ехо да видат колку ги има во моето меше.Ве поздравував сите на оваа тема и да не има се повеќе трудни мешиња и се надевам ќе ми делите совети на тазе бремената и дека ќе имаме убаво друженње
Епа,нека е со среќа. Дај Боже се да биде како што треба ,па после 9 месеци да се изгушкатеее со бебчето. Се израдував како за себе пред две недели кога дознав дека сум трудна. Се надевам да се наполни темава со вакви убави вести. Ти посакувам се најдобро