Женски да ве прашам за мислење...јас сум 32 недела наредната недела сакам да одам до охрид... дали мислите дека е ок да влезам во езеро да се избањам? Уредна бременост
Не би требало да не можеш секако не е на одмет со доктор да се чуеш...не сум се бањала јас во охридско ама доста пријателки знаеле да се пожалат од инфекција од езерото...
Ако не ти е ладно влези, јас во најжешкото одвај да влезам. Водата инаку чиста е , ќе се преслечиш после ама сепак ти си знајш
За бремени жени не се препорачува да се бањаат во затворени водни системи како што е езеро. Базен секако не. Можеш море или река. Јас лично никогаш не би влегла во вода бремена. После ке си ја трескам главата за некоја бактерија, а сум уживала неколку дена. Да е море и да е чисто би размислила. Ама вака размислувам. Бременоста трае кратко, ако имам уредна бременост зошто да ставам здеава нога во трн кога ке се бањам наредно лето.
Мене матичниот ми рече само од трансфузиологија ми важат ,таму и извадив. Упутот што ти го даде за каде е?
Женски, што мислите? Позитивен е? Не е баш нај сјајна сликава се извинувам. Линијата е бледа ама претпоставувам дека е рана бременост па затоа така.
Ami najdete maticen sto moze da gi napravi site pregledi vo ova vreme na virusi uste da ve setaat po bolnici vo vakva sostojba fali
Некако се пронајдов во твоето искуство со гак. Слично е и моето. После 9 месеци неуспешни обиди за бременост,после 4-5 дена доцнење менструација добивам позитивен тест. Блескаме од среќа со мм одам кај матичната да ми потврди,ме гледа на ехо вика не се гледа уште,може да е рано,дојди пак за една недела (03.01) па ќе видиме,вака матката се спрема за бременост,не за менструација. И провери бета. Проверувам бета, претходните 2,3 пати беше помалку од 5, сега околу 80, лаборантите ми викаат честитки бремена си. Одиме со мм кај моите кај неговите,кажуваме ќе има бебе,сите среќни и весели. Славиме нова година кај нас дома, утрото се будам како мала нелагодност во стомак. Одам во вц се бришам крв. Шок. Не е можно,јас сум бремена, сум читала дека може да се крвари на почетокот и дека не е страшно,сигурно ќе ми дадат прогестеронска терапија. Го будам мм, вика одма одиме во болница. Стигаме на гак, живо пиле нема се шлаеме по ходници не знаеме кај треба да се обратиме. Читаме просторија за итни,чукаме никој не излегува,кога по некое време се појави еден батка брадосан,крупен. За што сте? Јас цела во паника,мм вика бремена е има крварење. Бремена? (Демек стомак даска) Која недела? Па 6,7 само што дознавме. Седете тука ќе ве викнам.. седиш чекаш,чекаш...не знаеш што те снашло, тие излези,влези, доаѓа итна со стомак за пораѓај со крварење влегува, ти уште седиш,чекаш...ајде конечно влези ми вика. Влегувам, која недела си рече? Викам па 6,7 не беше сигурна докторката,ми каснеше 3,4 дена направив тест. Хаха девојче, за да речеш дека си бремена треба 4,5 недели да ти касни, ти не си бремена,ти имаш биохемиска! Нозе ми се стресоа,здивот го изгубив, што сака да ми каже дечково,како не сум бремена? Ама правев бета хцг, еве види го резултатот. Го гледа, што е ова,под 100 е лоша бета, оди провери во лабораторија па врати се со резултат! Излегувам како поплава да ме исфрлила,не можам уста да отворам на мм да му кажам дека всушност јас изгледа не сум бремена сум имала нешто био...ни зборот не го запамтив. Одиме пред лабораторија,уште 30мин дремење, ме боцка вика за 1 час резултат. Дремеме у кола чекаме,у меѓувреме ѕвони мајка ми јас плачам не можам да зборам,мм објаснува што не снашло. Поминува 1 час одиме пред лабораторија,а не се готови,за 15мин. Поминува уште една цела вечност,јас веќе се помирив длабоко во себе дека тоа што го кажа како од пушка брадосаниот, дека може да е точно. Земам резултат, бета хцг 30 Се враќам кај нив,уште едно чекање, влегов го подавам листот и кнедла во грло. Ме седнува на стол,млада докторица, ме разбуричка со сондата до грло,почна да капе силно темна крв,ми вика јас тука не гледам бременост,ова е биохемиска. А што е биохемиска? Матичниот да ми кажел. Ај важи во неработен ден ќе ми каже. И така кога се наоѓаш во лоша ситуација,наместо да се каже со една проста реченица тоа и тоа е, те дотепуваат уште толку да не знаеш што те снашло. Имав трауми од тој ден и кога отидов за пораѓај се молев само да не го сретнам брадосаниот, зошто во истата просторија влегов за преглед. Да имав пари,без да размислам ќе фатев правец Систина. Баш деновиве пишуваше на фб девојка од охрид на кои плажи испуштале отпадни води. Не ризикувај,олади стапала.