Dobro ama i potsvesno od sto mislis zatoa ti se kacuva pred pregledot mene kokakola mi pomaga da ti kazam mene maticnava super mi e.Ti kaj koja si sto tolku te nervira?
Не, ќе си легнам сега. Маж ми имаше обид да го заспие син ми, да се учи со него божем. Конечно заспа така да легнувам одма ми се спие ми се плаче Добра ноооќ
Исто за трансфузиологија државна, вчера ми беше терминот ама не отидов.. се јавив во ремедика викаат дека не се важи од кај нив, а во систина прашав и ме префрлија во трансфузиологија преку телефон и ми рекоа дека од нив важат и даваат печат од докторот.. сега затоа се мислам.. да не вадам за џабе.. а незнам зошто не би важело кога е тоа крвна група цел живот иста
Девојкиии, се породив Каков непроценлив дар е ова ах! Се породив царски на Гак и се' на се' сум задоволна. Со милото не можам да си се изгушкам се уште, треба да му направат испитувања на детска клиника. Имам верба дека ќе биде добар и дека утре ќе си го допрам, гушнам, мириснам...Кога ќе имам прилика ќе ви ја раскажам убаво цела моја приказна зашто е малку нетипична. Ви посакувам лесно породување и само здравје Честитки нека е живо и здраво Да де донеси ми а она да те упати малце чекај крв железо д3 да видиме како ти е ништо пиј фемибион и утрогестан и ништо друго. Јас ја сваќам и неа премногу пациенти има ама ако не можеш да се грижиш соодветно за сите што си ги накалемила 4000 пациенти. Мене сестрата ме прашуваше за скринизи дали сум правела на шалтер што и е и тоа онака уз муабет која недела си кога и носев извештаи абе катастрофа Среќа си ја истуркала бременоста уште малце и количка ќе туркаш ти Не дава зашто ради ситуацијава не сме биле за таму да се мафтаме по лабалатории корона да не закачиме, а со намален хемоглобин и железо што ќе ти се случи или треба да паднеш по пат негде па тогаш дали ќе ти даде може ќе каже нормално е тоа во бременост
@Sofi.ja & @K7M10J многу ми е жал што сите сме поминале низ вакви хорор приказни. Да даде господ само тоа да останат за идните мајки, приказни. Да не ги плашиме и да се надеваме дека медицинските лица во оваа бранша конечно ќе израснат совест и малку почувствителни ќе се. Тоа низ што поминавме се случува толку често што е на граница на нормалата да имаш барем еден спонтан од х причини за жал. Ама не мора да значи дека системот ќе не досакати и оддалечи со страв и трауми за следната бременост. На запад е поинаку ти нудат и физичка и психичка подршка. Да се надеваме дека нешто ќе се смени за нашите деца кои сега ги носиме. Галете мешиња и бидете горди и благодарни што сте собрале сила одново да пробате и да се борите. Господ да ни ги сочува бебулињата и да дочекаме да си ги гушкаме и држиме во раце здрави и прави. Да не живееме во минатото. Било што било. Ние излеговме борци и покрај се.
Така е,за жал има многу непријатни случки од државното здравство ама не секој може да си дозволи приватно. Треба само да сме поцврсти и каков однос добиваме таков и да возвраќаме. П.с. следниот месец останав бремена, сега до мене нана 9 месечен батко (за кој во 5ти месец Самарџиски на гак не сакаше да ми измери должина на цервикс,кој штотуку открив дека ми е скратен и дека ми се заканува абортус....ах има приказни еден куп) Галете мешиња и не му ја мислете многу, како они со вас,така вие со нив @LadyC до кај си женска, да не има мекици?
Жално е што и ете навечер кога ќе отидеш таму чекаш мислиш дека има 50 души пред тебе работава сега си ги разбудил...а за од сабајле да не правиме муабет дефинитивно барем во рана бременост треба приватно да се оди на преглед кога веќе е планирана бременост најубаво некоја сум на пари на страна и раат главата да ни е ... државно никој не се замара со нас ниту пак матичните еден саглам нема. Среќа барем имаме опција по приватниве да се најде некој асален доктор па да ти пружи поддршка и да ти помогне и да те насочи што да правиш
Она е способна само за нормални бремености да води каде се е добро и не треба да се замара, а да имаш некој проблем не е таков тип што би те посочила кај да одиш и што да правиш, за такви случаеви секој е доктор
@Sofi.ja не мила, у 9ти влагам во четврток, рано ми е. Инаку болки доле ниско има ли некоја? Секојдневно ги имам и сакам да знам дали се нормални или да спомнувам на контрола во петок?
Се упатив на ГАК тогаш затоа што бев убедена дека ќе ме задржат на патолошка и дека ќе ми стават прогестерон депо инекција... Со таа помисла не отидов во Ремедика си викав, не можам да си дозволам да лежам таму. Знаете како викаат, надежта последна умира...
И така одиш, спомни. И јас имам болки во јајници и доле кичма, нешто како менструални. Се тешам дека се бракстон. Кога им кажав во петокот, ми рекоа нормално е.
Да прашам гастал таблети дали смеат да се земаат во бременост или друго нешто да купам , рупурут нешто безбедно? Киселини кога како имам ама болки големи во грло , хранопровод навечер, зарипнав и го губам гласот. Од киселините ми е болката