Колку многу имам да пишам за искуството на Гак. Само на приемно поубаво поминав, од таму ко во казнен дом да влегов, не во болница. Ме сместија во соба, ама бев со катетар кој се измести малку и направив беља. Кажав, на што болничарката ми се испонаша како мајка да сум и убила. Фрчеше низ нос што мораше да промени еден чаршав. Требаше флостерон да примам точно 24 часа од првата доза, тие спиеја во тоа време, па го добив 3 часа подоцна. Ми ја исклучија инфузијата за да ми направат цтг во другата просторија, никој со саати не дојде да ми ја приклучи пак. Не ни кажуваат во која соба се за да можеш да ги побараш за нешто. Една жена пола саат викаше за помош, дур отиде некој да ја види. Згора на се, заштита од короната беше ептен ретка. Само лекарите беа со фул опрема, сестрите која како. Некои само со маска, некои и ракавици носеа. И најлошото од се за мене беше надменото понашање, безосетно. Ти се обраќаат ко партал да си, не човек со мака.
Жими се тешки психопати работат таму се што не било писмено за германија...чест на исклучоци..и после ќе ми каже некој будала сум била на приватно да се пораѓам хах испозадолжив картички ради вакви што се иживљаваат
Може да те разбери само таа што го доживеала ова баш како тебе. Ова само кај нас го има и никааде во светот. Кога ке разберат дека тоа им е работа и дека за тоа плста земаат? Сто пати имам пишувано,па жени/мажи во приватни болници запослени,не земаат повисока плата од вработените во државниве па однос имаат мислиш единствен пациент им си ти. Може зад врата ме пцуеле,но потребната нега сум ја добила. И насмеани биле. Срамота за ГАК. Кај си ранлива па уште и крива им си. Божем раатот им го реметиш. Ненормална држава сме
Не е само на ГАК исто е и во Клиничка Болница Штип, и во сите останати болници државни кај сум морала да одам. Жими во Валандово супер поминував во лабораторија, на ЦТГ и сл. Друго све си ебало мајката..
Гастал, гастрогард или рупурут. Сите се отприлика со иста содржина, дејство. Јас на почетокот земав гастрогард, па немало такви маж ми ми земс гастал. Тие ми се видоа послаби некако по кратко трае смирувањето.
Да ептен имам и предходно пишувано за нејзе мислам дрка се преместени муабетите во Гинеколози ако не се лажам. Ради нејзе морав и искуство од ГАК да соберам али све е школо и памет. Едино што сум кај нејзе за брисеви и боледување сега ради ситуацијава не ми даваше ни крв да испитам лабараториски упат па си земам од кај општ матичен и си плакам по 180 денари при можност да ми е безпари. Али ти штом си со нормална немаш гајле дај боже до крај така да тераш
@LadyC @monka_bonbonka и јас да ви се придружам со болките во јајници и кичма не сте сами вчера посебно мислев ќе излезе од болка ме фати паника ама легнав и се смирија најверојатно лажните се ама тоа стврднување цел ден го имав одвај се движев од што ми беше оптегнен стомакот,а бебуш шутира како никогаш до сега
Сега само или врски за на државно и тоа дебели за да можеш барем малце од малце како човек да се осетиш или да си собираш пари за приватно да водиш бременост и пораѓај иначе како кучиња во Вардариште ги третираат пациентките и на ГАК на ЦТГ не мењаат чаршафи од сабајле до вечер истите им се мизерија едноставно.
Па толку кај неа, 35та сум сега, се префрлам у систина. А за упат нит сум барала, секогаш сама на своја рака си испитувам приватно, само вика донеси ми. Абе не знам шо да кажам ајде...
Е од Струга не можам да се пожалам. Дали дека помало место, па секој има по некој познат. Али со првото, а и сега дур ме префрлија во Скопје преубав однос добив.
Не сум ни прашала,у авицена си идам, пакет за трудници и толку. А претходниот матичен го откажав пошто едно далеку, второ стара опрема, шо ме водеше у прва бременост,он ми даваше упати. Ајде ,истуркав
Па тоа зошто да плаќаш авицена со упат ти е бесплатно ама ај за следната да ги напињаш Има секакви може проценти зима што ја знаеш...повеќето така работат
Баш поради ова ќе прежалам пари и ќе одам на приватно да се пораѓам. Прв и последен пат бев на ГАК кога испитував кариотип. Ми требаше информација од каде се влегува, нешто реновираа а јас и не сум од Ск. Видов една сестра вајда беше и ја прашав.. Ми одговори на висок тон: Како може тоа да не го знаеш? И си замина. Боже зачувај уште да ме истепаше фалеше. И баш и реков.. Извинете, прв пат идам тука, плус на влезот пишува дека се реновира.. Уште да ме истепате фали. И замислете не ми кажа... Толку арогантно суштество, ако се сите такви ги жалам пациентите искрено.
Она била една од по фините има и бетер од неа тие специјализантите не знаат ни циста на јајник да видат и да распознаат дали пукнала или не а не па бременост да утврдат и да спасат
Мене ненормални за брисеви што носев на микробиологија ми се дереше како ја трудна сум носела брисеви во државна..Е не баба ми да ти ја пратам да ми ги носи... Нит мм можеше да излезе од работа ниту родителите мои и кој да ми ги носи . А таму немаше жив човек поише се задржав што се објаснувавме зошто јас сум дошла. Пази ја маскирана маски ракавици чуда она само мантилот на неа. И после мм мораше по резултати пошо буквално ми се закани дека јас не сум смеела да дојдам -ова во март кога имаше 5 болни дневно. Психоза е тешка болест
Значи јас ќе почнам да се загрижувам.Тука негде сум со сите вас а ништо од ова немам.. Среќа бебево си мрда нормално, па ме теши дека се е во ред. Или можеби јас најмногу одмарам од сите вас. Чудно ми е.