Прочитај го упатството. Не сум сигурна. Ако земеш повеќе најлошо што може да те снајде е дијареа. Да пробаш ладно млеко/сода/подисправена да легнеш на лева страна. Сите горе доле сме ги поминале и ги поминуваме тие киселини. Можеш и две три зрна ориз или едно зрно грав жив да голтнеш. Лекот е некогаш и домашен. Намали на количина со оброците и избегнувај мрсно, зачинето и шеќери. Мада што мене и од компир варен ме фаќаше киселина. Пробувај додека не најдеш што ти одговара за ден два ќе си фатиш ред и нема толку да те мачат.
Знаеш Елче што кажа?А и од други разбрав У Систина гз преку глава било. Моеш да замислиш што ќе биде?
Јас уште во старт кога почна коронава паралелно со мојава бременост се зезав. Маж отишол ми купил експрес лонец од 9 л за 8ми Март. Викам таман до 9ти ќе купиме уште еден крпите топла вода и дома ќе се пораѓам. До ноември којзнае како ќе биде ако сега е хаос.
Незнам времето/ситуацијата ќе кажат. Средства немам како и да е за приватно ама ако мора ќе се најдат ќе се соберат.
Многу јако! Да купи и ганц нови ножици за да пресече папочна Па зошто да не, ќе беше добро да имавме обучени бабици што доаѓаат дома. Еве сеа трудниците од западните земји се во предност во ситуацијава
Дека има мн родилки. Ама и мои другарки исто ми кажаа што се породија деновиве таму. Верувам и Ремедика има повеќе од обично
Мислам дека ние со закажан царски сме олеснителна околност за разлика од природно што ќе раѓаат по приватниве, дека сепак имаш датум. Барем ќе си планираат кога каде да не стават.
Женски тие што примавте прогестерон депо и дабростон/утрогестан, колкав временски период ги пиевте/примавте
Баш ми е криво што не сме во иста болница. Се надевам дека барем со @monka_bonbonka ќе бидеме цимерки.
За вториот скрининг ви раскажував дека помина во најдобар ред...Е сега докторката во Систина рече за 2-3 недели да направам ехокардиографија и до тогаш срцето на бебето ќе било убаво развиено и све ќе се гледало... Матичниот мој ги гледаше резултатите од Систина и не рече нешто посебно за тој преглед... Кај него сум дури на 29-ти јули на преглед... Дали меѓувремено да направам ехокардиографија кај тој д-р Драшко таму или може и на друго место? Или дали воопшто да правам? Можно ли е докторката да се сомневаше во нешто?
Во систина стандард праќаат и на тој преглед. Е сега си требала бар да ја прашаш дали мораш . Јас во ремедика го правев и ништо за додатен пееглед не ми спомнаа фи пеашав рекоа се е во ред нема ништо за да ме праќаат на уште прегледи
@Milkiway @Mantub Се сеќавам за време на скринингот кога ми рече докторката за ехокардиографија, се сврте, ме погледна и ми рече 'да не помислиш дека нешто не е во ред, све е во ред ама некои клапи во срцето дури за 2-3 недели ќе бидат добро развиени и тогаш ќе одиш кај д-р Драшко на преглед'. Ете тоа беше... Ама па како што гледам на форумов не баш толку често им се кажува вака на втор скрининг на членкиве...
Јас на два втори скрининзи бев и на двата ми рекоа не треба во ред си е и не напрајв. Некои прават зошто сакаат да се сигурни други зошто ги пратиле ама за систина највеќе имам читано дека ги праќаат кај Драшко