Не мислам дека се сомнева во нешто. Некои доктори го препорачуваат тој преглед. Закажи си кај др. Драшко, јас би правела и ехокардиографија, за да ти е мирна главата.
И уште нешто јас и не отидов дека после тој втор скрининг еве 4 недели поминуваат и одам на редовен преглед кај истава скринингот што ми го прави. На тој преглед ако недај боже нешто забележи верувам тогаш ќе ме препрати... и затоа оставив решив да ја послушам.
Прогестерон депо примав секој 4-ти ден од почеток до 16 недела, а утрогестан и дабростон од почеток и изгледа до крај. Сега сум 35.3, ама јас сум со ИВФ и претходна конизација. За дабростон барај си рецепта од кај матичен гинеколог, може да ти пишува рецепта мислам дека од 12 недела до 24 недела. Ќе ги земаш за некои 40 денари.
Незнам колку е цената за тој преглед во Систина, ама ако ви е поблиску на некој др.Драшко прави скрининг и на приватно во Прилеп во викендите и цената е 1500 денари.
Прогестерон депо само додека имав крварење, а дабростон до 16 недела (до 12 г.н го пиев по 3 пати дневно па после постепено секоја недела го намалував на 2, па на едно, па преку еден ден). Но зависи за каква индикација се дадени, има жени што цела бременост ги примаат. Мене докторката на скринингот во 12та ми рече дека веќе немам потреба.
@DzasX & @Lovebug01 фала ви девојки Конкретно поради хематом и крварење ги примам/пијам, значи имам време Последниве недела дена немам активно крварење, само понекогаш стара темна крв, и тоа ми влева надеж. Инаку сум 10 + 4
и јас исто. Заради миом и крварење во 9та недела. Прво требаше само една прогестерон и 1 недела х2 дабростан, ама, пошто пак прокрварев, отидов кај друга докторка и ми рече еднаш неделно прогестерон и да продолжам даброст. Денес сама си ставив прогестерон не можам да викам комшики сестри за да ми ставаат. Пуштив неколку видеа, исчитав можни компликации..и ајт. Белким е ок.
Јас искрварев едно 5,6 пати асално, свежа крв и многу обилно, една вечер кога почна во 2 по полноќ да тече престана утре дента попладне,12 саати без престан. Се вадев од памет првите неколку пати, ама фала му на Бога секој пат поминував добро,кога бев нај очајна ова јуначе ми докажа дека нема губење надеж Така да девојки што и да се случува само верба, никако стрес, се ке биде океј.. Жапче браво за храброста што си се боцнала сама , јас не би се осмелила,среќа близу ми е матичниот.Инаку јас ги примам секој 5ти ден инекц. и дабростонот ги пијам 3 пати на ден. Како си сега, се повлече ли скроз крварењето
Zdravo zenski 36+4 sum eve nekolku dena osekam steganje kako grcenje na dolniot del od stomakot, na ctg sum vo vtornik..
И јас неколку пати, потоа прокрварев. И на прегледот кај другата докторка исто. Хематомите, не сум сигурна ама повеќе се крвари од нив. Миомиве помалку. И кај мене беше свежа црвена крв, ама капки беа и потоа на секое мокрење кога се бришев имаше. Сега нема, ама, ќе крварат тие ако па се надразнат. Така сфатив. Не секс, мирување, помалку движење, не кревање..исто ми препорачаа.
Ќе биде се во ред Само одмарај лежи колку што можеш повеќе. Јас прокрварев обилно во 5та недела, веднаш се смири по првата инјекција. Цела недела после тоа имав кафеав исцедок што секој ден беше се помал па прекинав. Таа недела/10 дена примив 3 инјекции и секој ден дабростон 3х1. Потоа продолжив само со дабростонот. Во 11 недела пак ми се јави кафеав исцедок, па пак примив 2 пати инјекции на 4 дена размак, брзо се исчисти. Не открија хематом или друга некоја причина, едноставно тоа го препишаа на хормоните, заради тоа може и не примам веќе прогестеронска поддршка. Како што зрее плацентата, а зрее до 16та недела, така таа си ја превзема функцијата за производство на хормони така барем мене ми објаснаа.
Прееска бев на цтг и да договорам со докторката за царски. Не утврдивме датум, ама за 3 недели рече ќе бидне. Бебе големко, ја сум 35 +1, он според мерки си е 36+5, се уредно. Едвај чекам
Ауууу.. еден ден ќе ме нема и ршум темава. Честитки!! Докторот ми кажа по 5-6 родилки имало дневно. Значи гунгула е.
Девојкиии, имав хематом во прва бременост и со прогестерон и дабростон го исчистив. Одмарајте целосно тоа е најважно, вц-кревет додека не се сузбие целосно хематомот. Две недели обилно крварев, не можам да опишам колку ужасно чувство ми беше. Имав и менструални болки. Ама се помина. Моето чудо е голем дечко веќе (3 ипол) срце на мајка. @kukla21 тешко нас значи.
Луѓе ај да ми каже некој кога влегувам во седми месец..последна мен. ми беше на 4 јануари а термин по матичната ми е 13 октомври.. ја прашав на кој ден од месецот си влегувам во нов месец вика не се знае секогаш зошто по нивно ние носиме 10 месеци.. сега незнам
Со термин си исто како мене. Јас од другста недела почнувам 7ми симни си апликација некоја ќе ти биде полесно..
Симнав неколку ама на секоја различно.. некаде сум веќе и седми.. а на кој датум ти е последна менс.?
Леле тоа многу е? Баш ќе прашам нареден преглед во Ремедика како е Сигурно исто. Таму па како што има помалку место....