Леле ние две исто сме јас само бројам денови да стигнам во некоја безбедна недела. Каде планираш да се пораѓаш?
Ако си правела кај Гордана или Панчевски они праќаат кај Драшко. Димчев не. Јас правев кај Гордана и мене ми рече се е ок ако сакаш оди, јас не отидов.
Добро е се со бебе моепо циклус сум 24+1 а мерките одговараат за 26+3. Шеќер сега ке испитувам,но и со првата бременост вака исто беше. Брекстон можно е да е стврднувањето,грлото е 3мм не е под 3 тоа е битно да си пијам но спа при болки и секако одмор.. Брисеви испитав повторно па се надевам конечно ке ја нема стреотококата ми збоктиса више од антибиотик. Другото е се како по книга
Па во приватниве колку соби има со по 2 и апартмани?! Во Систина не се многу соби. Нека се 10 соби х2 20 родилки да има. За 4 дена пуни. Тоа сопчето каде чуваат бебиња е минијатурно. Повеќе од 10 е гужва. Може се преорганизирани некако, ама кога бев прошлиот пат повеќе од 10 немаше. Доста од собите беа празни. А многу соби не се. Ни ремедика нема мн соби.
Ме утеши некоја од членките... Вајда ние што ќе сме со закажан царски, претходно ќе испланираат каде да не сместат јас ќе се породам кај и да е, за недела - две. Дај Боже и да се надеваме дека додека стасаш ти за пораѓај ќе ње намали коронава.
По 2 се најчесто. Мене реално и подобро ми е така отколку сама да сум. Со цимерката што се породивме заедно пред 2 и нешто години, уште сме во контакт и си се гледавме често пред короната. сега не би сакала да сум со 4-5 ама со уште една да. Посебно па сега како што не пуштаат посети во Ремедика. Пс: кога се породив, една вечер бев сама и пукнав. Ама тоа сум јас.. И до тоалет во кафич не одам сама
Пошто и јас сум исто со вас кажувајте кај ќе се оди. Јас бев решена за чаир ама со коронава некако не ми се оди па се мислам Ремедика да си ги прежалам парите битно да се заштитиме ама уште не сум сигурна
Се најдовме Јас ремедика од старт бев решена искрено највеќе заради епидуралната што ја даваат по приватниве Да до октомври којзнае што ќе биде со вирусов
А кај кого ќе идеш? Јас со Котларова зборев ми рече крај на јули да идам на скрининг и ако планирам кај нејзе да се договориме Може ќе се дружиме сите 3 таму
Ти која недела си точно сега? Каков скрининг ќе правиш крај на јули?или мислиш на обично ехо? И јас бев кај неа на 2 скрининг уште на 12.06 некаде и исто се размислувам кај неа да останам имам ехо пак закажано наредна недела..
26+5 сум, а за трет скрининг ми рече да одам по неделите треба почеток на август ама бидејќи ќе одела на одмор да не не се погодиме а и бебето ми е 1 недела понапредно ми рече крај на јули да одам.... Е сега дали е обично ехо тоа или гледа нешто плус искрено незнам
Здраво девојки и од мене долго го пратам форумов ама дојде време и да ве дружам. Сакав да ве прашам дали смее да се користи аутан во бременост? 10та недела сум и мака мачам со комарциве
Најверојатно ќе ти мери пророци. Јас одев кај неа на 4-5 недели (сега дека сум при крај 36+ почнувам еднаш неделно)
За сам во соба се доплаќа плус 5000ден од вечер. @Milkiway @ni.na ако не сме цимерки ке шетаме низ ходник заедно
А како наплаќаат од 36+ кога веќе одиш секоја недела, за секој преглед или тоа е во цената за пораѓај. Не ми се смејте плссс не сум ич упатена
Уживај, и јас појма немав иако ми е второ. Со првото се ми беше како во сон после 36та не наплаќаат, само 6000 се дава капар за пораѓај
Да да сигурно е само преглед а и може дека ти е понапредно па да ти го направи сега. Супер баш ми е мило ќе се дружиме комплет и со @Happyinlove