Не пиев дека брзо ми помина 2-3 дена се на се ми траеше и мене ме фати од Хеферол за хемоглобин што ми ги дадоа.
50% имам течна столица од магнезиумот што го пијам до три пати на ден. Не мора да значи дека е како стомачен вирус па губиш хранливи материи итн итн. Највероватно ти е од апчињата. Ако ти е подобро од нив не ги намалувај некој краток период па постепено почни да намалуваш. Јас внесувам многу течности посува храна малце и ако осетам дека губам снага и електролити растварам и се враќам во нормала. Храната ми е најразновидна и фала боже детево и покрај се си напредува, расте. Тоа е едно лечиш друго се расипува. Битно и за тоа има лек. Значи течности, леблебија, посува храна, електролити и ако ептен те тера едно по друго да идеш во вц одма стоп ќе направиш со пролајф шишенца со пробиотски раствор. Во зегин ги има 50ден е парче. Мене само тоа ми помага во секунда да се смирам. Одма те затега. И пак е ист состав со твоите апчиња, широк спектар на б витамини и пробиотици.
Да, се беше ок рече ке чекаме кога ке му се излага на бебе... инаку наместено си е за порагај, во термин сум, ама не провоцираме до 38ма полна, ке чекаме на него...
Девојки Можеме ли да кречиме дома? Не цел стан него спална а да спиеме во дневна? Опасно ли е да сум во станов дури се кречи? Имате ли искуство со ова ?
Јас би ти препорачала да си земеш медицински јаглен ќе ти се среди за 1 ден и јади двопек и банани мене така ми помогна
Јас колку што знам има нели и еко бои што не се штетни сепак нема да спиеш во таа соба ако имаш опција да го преседиш денот на друго место уште поубаво
Баш ќе зборнам и со докторов сега на преглед и ќе видам за тие еко бои не сум знаела. Тоа викам да не треба 2-3 дена да не бидеш дома дури не исчезне мирис. Преку ден ќе се снајдам во некиј двор да седам ама за спиење немам каде бидејќи не сакам по мајки и свекрви да одам ради состојбава
И ја имам и вчера и денес пролив и киселини Пред два дена јадев морска храна (глупава) и веројатно се отрув. Сега што и да изедам, трчам по ВЦ одма. Не е штетен за бебето проливот, ама шо знам да не дехидрираме. Вода слабо пијам. Јаглен што ако земеш, тоа појше за желудник е. Кажете некое чаре. Ја сум 30 недела, ваљда смее нешто од нешто да се испие за проливов.
Ако се сомневаш на храна земи си јаглен. Ја го растворам апчето во чаша вода така го пијам ако не дај боже била нешто морската не добро направена ќе ти помогне. А ако не ти помогне тогаш може и вирус да е... Во секој случај на ваше место би тркнала за крвна слика најдобро ќе покаже дали е вирус или не Мед јаглен го даваат при тровање не е само за желудник.
Труднички, што правите за замор и низок притисок на почеток на бременост? Знам дека е нормално, ама ме уби. По цел ден спијам и не можам да работам. Навечер по 8-9 саати, и преку ден минимум 2 саати расцепкано, во меѓувреме сум на пола копје цело време. Кафе не сакам да пијам. Овошје и зеленчук јадам многу, мислев ќе ми даде енергија ама не. Давајте предлози, ова не се издржува. Пиете кафе? Знам дека мали количини се океј, ама некако ми е шубе. Едит: @NovusOrdoSeclorum, земи си Исо Спорт да те хидрира.
Не е штетно, и така скоро сите бои веќе што се продаваат се еко бои, не мирисаат. Додека да се осушат ѕидови, две вечери спијте во дневна. Во првата бременост кречевме и си спиевме во станот, па и за децата кога кречевме после 2 дена ги вратив да спијат во соба, а малото беше 18 месеци.
Јас од старт сум сп 1 кафе на ден иначе не би можела без кафе. Сега кога ми е критично пијам и второ послабо. Мене и така ми е низок притисокот и ако не испијам кафе џабе. Ако не сакаш ич кафе може поздрава опција ти е зелен чај ако е дозволено 1 да пиеш тоа не знам бидејќи не пијам чаеви
Да, рече дека почнал да се распага веројатно чепот... така да би можело к побрзо да излезе од 2 недели За Систина
@Milkiway ќе правам крвна слика во вторник, ама што, и да е вирус до тогаш ќе пројде, а и така не пијам за стомачен никогаш ништо, освен фурал и провен. Сеа ваљда не смеам фурал, а провен ми е шубе. Ќе земам карбомед, колку смеам во денот? Маж ми кога ќе го фати стомак пие по 3 4 одеднаш, јас не би ради бебето. @LivingGlam е може изотоник е добра идеа, фала. А за притисокот, мене уште ми е низок иако сум скоро 8 месец и морам по едно кафе насабајле. И црн чај пиев на почетокот (една шоља смее), ама сеа на топлово кај. Земи кокакола, а ако и тоа не сакаш ради кофеинот, другарка пиеше какао со внатре малку кокосово уље (го има во стокомак, не е штетно).