Dobredojde Nana vo trudnicki muabeti! Najprvo cestitki do sreknite roditeli, ti posakuvam najlesna i najubava bremenost Bog sekogas ja nagraduva verbata i istrajnosta, site nie koi dolgo cekavme sme dokaz za toa.... sega uzivajte i raduvajte mu se na darot
I mene mi zakazaa vo 13 nedela prv skrining i daunov sindrom ama jas go pravam kaj maticniot ginekolog ne me prati nigde toj ke go ispituva i brisevi za vo mikrobiologija i krv a krv proveruvam na sekoj mesec bidejki zelezoto mi e mnogu nisko...
Во првите 3 месеци, првиот пат појдов кога ми потврди бременост, вториот пат за срцева акција, третиот пат на 12та недела беше, ми земаше брисеви за пап, мокрача и крв. За даунов синдром, или за некои други аномалии, кога типрават скрининг, мерат нешто, некој нерв ли е, или коска, незнам ниту јас точно што е, епа нормалата на тој дел е 3мм и ако е повеќе од 3мм е тогаш ти вели има веројатност за некоја аномалија, и тиодлучуваш дали да правиш, ако не е повеќе од 3мм нема да има потреба да правиш приска аи многу е скапо Кај мене се беше во ред и немаше потреба да правам..
Мамичке честитки за бременоста со лесно да си ја износиш,и добре ни дојде во труднички муабети што да ти треба тука сме ние некои се тркаламе,некој не на почеток сме ама битно тука сме сите за тебе гледаш бог може да закасни ама не и да заборави поздравче срцка
Здраво мешиња, после подолго време и јас да пишам и да ве поздравам сите Веќе сме 33+2 г.н. и одлично се чувствувам, секако без да ги споменам вечерните клоцкањата на мојава принцеза која верувајте уште во мешето е неуморна Сакав да прашам колку често го чувствувате икањето на бебушот и дали има некоја која има сличен проблем на мојот, односно мислам дека кога некој пат ке ме клоцне како бодежи во желудникот да добивам Инаку отоци немам (само додека бев на одмор ми се појави оток и тоа само на десното стапало ) а до сега имам ставено 10 кг. за кои се надевам дека не се многу. И малку ми е чудно, бидејки овие 10 кг ми се гледаат само во мешето и можеби малку на лицето (образите) а на другите делови од телото сум иста Ве поздравувам и ви посакувам пријатен сончев ден
Девојки во која недела прв пат ве прегледаа дали сте отворени?во пон сум на контрола и ке бидам векје 36 та па ме факја паника.со првата бременост ме гледаа тек во 39 недела и го памтам прегледот како доста непријатен
Мамички јас сакам да ве прашам веќе сум 22 недела и сеуште убаво го немам осетено да мрда бебенцето незнам дали е нормално и дали има потреба од загриженост гинекологот ми рече дека сум прворотка и кај секој е различно после 22 недела би требало да се осеќа вака сега за сега се чуствувам добро се надевам дека е се ок ако има некој искуство вакво нека сподели.Фала
Не се оптеретувај може мирно или мрзливо е бебчето.и јас прилично касно го сетив околу 19 недела иако ми е второ.се додека на ехо се гледа дека е добро седи си раат
Betty.Boop јас сум 21+1 синко го сетив мн рано некаде 16 недела,ама мн е активен,хехехе.Го сеќавав секојдневно ама претходнава недела го немаше 2-3 дена и се извадив од памет,ама овде на фемина ме посоветуваа да не се загрижувам дека не се секогаш расположени за акција.Ама еве го тука е клоца во мешето на мама,претежно го чуствувам насабајле и навечер кога сум во мирување,сега дури и мм кога ме држи за стомак може да осети како клоца. а иначе и јас сум прворотка
^Стрпете се за мрдањето на бебињата, кога ќе дојдете во последните недели ќе се чудите колку се активни, почнувајќи од брановидни движења на стомакот, преместувања од лево на десно, па да се чудите дали тоа е вашиот стомак, превртување на внатрешни органи, давање голови, шутирање и најслаткото нешто, буцкање во ребра, е сето ова ќе го доживеете, до тогаш уживајте, бебето сеуште има многу простор, па затоа не може убаво да се осети.
Значи многу сум блага ќе треба да почнам да се лутам изгледа ахахаха Имам скриен шеќер...првото мерење на гладно ми беше 5,2 (а горна граница е 5,3), после испиениот "шербет" и поминат еден час покажа 11,2 (а горна граница е 7.. А две недели внимавав на исхраната, само зеленчук јадев, месо, риба, салати... А три години веќе не пијам никаков газиран сок, откако сум бремена не пијам ни тетрапак сокови, ни ладни чаеви, чоколади, торти не јадам, "fast food" исто така не јадам, ниту бел леб....изгледа малку на однор кога бевме претерав со макарони, шпагети и палачинки ама изминативе 2 недели ни тоа не го јадам...како и да е, скриениов го откривме сега ќе видиме што понатаму, во четврток сум на контрола кај др па ќе видеме што ќе каже. Ако некоја мамичка има искуство нека пише што е процедурата. А btw и хемоглобинот си паднал пак (џабе спирулина, џабе таблети) иако само две недели сум под новава терапија барем да се задржеше на исто, да не паднеше и така, ќе се среди се
честитки до сите нову трудници многу ми е мило што ве има повеќе секој ден, имајте убава и лесна бременост. ве пратам секој ден ја отфарам темата но никако да најдам време да пишувам,со мало бебе немаш веќе време за себе затоа уживајте додека сеуште е во стомакот мене ми фали тоа време. нема поубаво нешто од моментот кога ќе се породите ќе го држите бебето во раце. поздрав
АБе мамички да ве прашам, коски, зглобови ве болат, ви се разместени ли? Пијате нешто за коските? Мене пред 3 недели на левата рака зглобот како откачен ми беше и ми крцкаше на секое прекршување на дланката(намерно проверував дали ќе крцка и секој пат крцкаше) А сега пред2/3 дена и десниот зглоб ми откачи незнам како да ви опишам, кога ќе ја свиткам дланката, коската над палецот, си крцка, кога правам лево десно со дланката во пределот на зглобот и ми крцка и дури да премини на десна страна подзастанува коската.. Му се има случено на некоја?? Кога бев кај матичната и кажав само имам мака со зглобовите од рацете и колкојте и ми рече само калциум дека ќе ми препиши. Не ме остави да и докажам дека маката ми е како со преметната жила.. Пто знам, можеби не и е прв случај, па можи знај за каква мака и реков.. Се извинувам за долгиов пост, ама немаше како на друг начин да ви објаснам каква ми е маката со зглобовите мој :/
Здраво идни мамички. Јас сум нова на форумот, бремена сум 29 недела. Се надевам на добра дружба и размена на искуства
Немој да се секираш магнезиумот и калциумот се тошат така да тоа е нормално,убаво ти рекла докторката. Освен ако не си ја свиткала или чукнала раката а да не ти текнува или во спиење Побарај по аптекине има едни таблети или прав беше не се сеќавам се викаат МАМА ВИТ. Јас пиев од нив кога бев бремена и баш ми беа супеп и одлично се чувствував, во нив има и омега 3 тоа што му треба на бебушот подобро да му се развие мозочето а тебе да не те болат коските исто така. Уживкај и со лесно нека ти е бременоста. Баска и поздрав4е
Значи не ми е јасно колку чудни луѓе живеат на светов или менталитетов кај нас е сеуште од Камено доба... Секој еден што ќе ме види било да е во двор, било да сум излезена во град се чуди што ме гледа... Па луѓе што треба да правиме, да седиме дома и да чекам до термин да не излегувам никаде? Веќе ми се здосади од еден куп прашања и зачудени фаци, ,,Леле ти уште шеташ, леле уште не си породена, леле не ти е страв?,, Па, што да правам, кога немам никакви мачнини, да се затворам дома и да се будалам цел ден сама?А време до термин имам уште скоро 2 недели Тоа е, кога не водиш грижа за својот живот, туѓиот секогаш ќе ти биде поинтересен. Поздрав од мене за сите мешковци!
Lady не губи време на озборувањата,неможеш да им ги затнеш устите едноставно тоа е нашиот менталитет.Инаку пошто си при крај а ете и јас сум да те прашам имаш ли трема пред порагјај.Охрабри ја кукавицата во мене .не ми доликувА на годините плус по втор пат се порагјам но толку ми е страв ,неможам да си поуживам во последните недели во бременоста.а фино се договорив со лекарот како ке биде што ке биде и ете страв си е страв.Јасно ми е дека место мене нема кој др да го донесе на свет и вака или така ке го родам...ама никако да го надминам стравот.Башка почнав да се прашувам дали ке биде се добро со бебето :О претиризам сум значи
Исто и мене ми се случува епа ајде ако сум бремена и дома ли да седам.Една некни ми вика како можеш да излегуваш сабота навечер а трудна епа добро бе луѓе седми месец сум па и не сум многу голема во стомакот