Што мислите дали смееме да се бањаме во базен?Али домашен не би да одам по градскиве базени или да патувам на одмор со оглед на ситуацијава. Горештиниве не се трпат па сакам да си земам еден барем колку толку да се разладам
Ај не си играј, истуширај се 3 пати дневно ако треба, не си барај беља. Може ништо нема да ти биде, ама зашто..
Па не се препорачува базен поготово. Баш ради инфекции. Не знам за домашен,ама ако влагате повеќе луѓе пак е шубе. @LivingGlam нека ти е со лесно. Не можеш да го спречиш уморот, ќе помине кога ќе влезеш во второ тромесечие, до тогаш се на спиење ќе те тера. Како изминуваат неделите така и тој ќе се намалува. П.с. Одам на контрола
Ние сега си ставивме базен. И матичната и докторот од Ремедика ми кажаа дека е ок да се бањам бидејќи е домашен и се бањаме само јас, мм, брат ми и снаа ми. Не е јавен, си ставаме препарати кои штитат од бактерии, а не се штетни за мене. Само да е убаво стоплена водата, да не настинеш јајници
Па баш ради тоа само јас и мм ќе се бањаме нема кој друг затоа и не ми се одеше на езеро или други базени ради инфекции да не закачам
Помина контролата. Не го мереа буци, ама кога ми го виде стомакот мислеше дека сум 38ма недела. Вика без оглед на големина на бебе рано е 36та, така да ќе се носиме уште малце. Здрави и живи само, термин закажавме, ќе видиме како ќе е, сакаше она порано, ама се е фул
Фала мила. Ти и @Среќичка ќе сте секако пред мене. За тебе па ептен сум сигурна, @Среќичка треба исто термин да си праша со време дали има... Оти Систина стварно е гунгула...
Ќе ми кажат утре. Ама докторката срцка ми е. И кажував колку си ја сакаме др. Марина (педијатар) и ми вика: "Те спомнав на Др. Марина. И кажав да се спрема, дека кај и да е треба да се породиш" Ама ај да не се радувам многу да не ме стават и мене кај сестрите како @Happyinlove
Иста сум како тебе само јадам и спијам. Кафе по едно на сабање пијам некогаш и по 2 ама ретко тоа ми се случув, а за миризба да не ти зборувам знам која комшивка што има зготвено. Се надевам дека после 12недела ќе помини
Знаеш како се изнервирав искрено? Ништо. А толку пари даваш, башка лојалност, водење две бремености, лежење на педијатрија и сл...
Не се нервирај битно ние да сме добро децата живи здрави ајде парички ќе спечалиме ,попуст нема тоа е ,мене искрено ич не ми е жал за парите битно ми е дека сум добила квалитетна услуга и добро сум била згрижена ,секогаш кога читам најразлични приказни за државните болници сум си викала дај боже секој да има да си пружи здравствена нега у приватна болница бидејки реално државните ни се катастрофа . Иначе јас брашно земав пиши кога да земесам мекици на штрек ќе бидам
Здраво мешиња Незнам дали и вие другите трудници што сте бремени со ивф сте како мене ама јас никако не можам да се опуштам се мислам дека нешто ке му се случи на бебево што толку долго го чекавме Прво да видам позитивен тест па ниска бета па уште 100 тестови до наредна бета па бета ок па нервирај се до ехо да му чука срцето се да е добро па на секој преглед одам со срцето во грло сега сум 16 нед се е ок ама јас мислам дека неможам или незнам како да се израдувам со цело срце Само мене ми е вака почнав да мислам дека анксиозност ме фака Кажете како да се смирам Срекна сум ама некако неможам да се ослободам
Со претходната бременост бев како тебе иста, не беше ивф, ама 5 месеци претходно имав спонтан, а пред тоа 6 години не можев да забременам. Ако веруваш не пропуштив еден ден да не се молам за да ми преживее бебето.Мислам дека и во текот на целото породилно отсуство се фаќав на моменти како не ми се верува дека сум стигнала да ги доживеам... Како да е сон и како страв дека ќе се разбудам или некој ќе ми го земе...После тргнав на работа, немав време да размислувам за тоа, ама сега сум дома поради ситуацијава и понекогаш пак си помислувам такви работи. Бремена сум со второ и тоа, случајно, што никогаш не мислев дека мене ќе ми се случи...Претпоставувам дека тоа е последица од борбата што сме ја поминале, како војник вратен од војна... Еден вид траума. Со тек на време поретко ќе се чувствуваш така...