Жабо царица си. Можам да те замислам како си се топела и како ќе се топиш кога ќе дојде на овој свет.
нека се роди оно, здраво и живо. Ние чак и кладба направивме вчера. Ако личи на мене...цел месец невестуљка (по пораѓај) ќе готви - ручеци, доручеци, ужини...и ќе мења пелени чекам мини Палестинче))
Кој испитувања ги правевте до 12та недела т.е до прв скрининг? Double тестот преку крв се прави прво па скрининг или обратно?
Фала на советите вчера... сепак се напив едно слабичко кафе, помогна. И толку, нема да пијам повеќе. Кока кола и тоа не пијам, не можам премногу шеќери од друго. За шугарфри читав дека не е добро вештачки засладувач во бременост... Ќе се преживее додека помине овој замор. А најдобро ич ништо да не читам веќе. Инаку иста сум, не знам како да си помогнам. Затоа и не доаѓав во темава, се' мислам дека ми е рано и да не се залетувам предвреме. Вчера од зорт. Имав еден missed пред две години, само ми се враќаат флешови од тоа искуство и цело време сум во грч. Свесна сум дека треба да се опуштам, не можам. Ајде ајде, кај сите ќе биде во ред.
10 недела ја почнувам од денес. Почнав да пијам кафе после два месеци. Ама нес, турското не можам да го смислам а Богами ни помирисам. Престанав да јадам леб и теста, поише сум со овошја од сабајле до ручек, па салати навечер. Подобро е, немам киселини и гадења вака. Газираното го отфрлив, само на вода и по некој леден чај сум. Исто ми беше и со кока кола и без, притисокот константно 80/50 - 90/50 е вака барем немам грижа на совест со водата. Пијам магнезиум на Биолектра по една шумлива на ден, дали од кревањето на ќерка ми, дали од што не знам ко нормален човек да одморам, имам на моменти не така јаки болки во јајници.. па малкуцка смирува магнезиумов. Ама само малкуцка. Прв скрининг за две недели, таму почеток на август влагам во 4ти месец. Не ми е верно уште. Дали дека дознав оти сум бремена на сам почеток т.е во 3 недела, ем бавно ми оди ем истовремено брзо одат неделиве. Ја гушкам ќерче и милијарда пати дневно и кажувам колку ја сакам, и имам неопислива грижа на совест пошо знам дека несвесно ќе ја одалечам првите недели после доаѓањето на бебето .. уште некој месец сме сами ние двете, уште малку време ми е единствено детенце, и никогаш повторно нема да го има моето внимание 24/7 и тоа ме прави ненормално многу тажна. Ма и си плачам кога го мислам ова.. Она не може да дочека, го бацува мешко секој ден, му кажа на бебо дека ќе му ја даде количката и дубакот ќе му давала млеко, ќе менувала пелени со мама... Човекуљак. Ко вчера да ми се роди и она Утрински труднички хормони ме дрмаат на најјако. Да не бев на работа ќе ја гушкав и ќе си поплачев пошо овие мисли ми се нон стоп во глава. Ама ај вие ќе ме разберете Мм не може да ми ги слуша овие муабети, 100 пати го имам прашано како ќе засакам уште едно дете кога цела моја љубов и ја дадов и давам на ќерка ми?!
Исто како мене ја вчера влегов во 10та Мене ми е прва бременост ама мислам дека кога ке го земеш ангелчето во раце ќе ти се зголеми љубовта дупло и за двете поготово кога ќе видиш како поголемата се грижи за бебето
Каде е поставен ? Океј ќе биде. Само редовно следење. Ја имам 2. Еден стигна до 8 цм другиот до кај 5. Бебе ќе го надмине со раст и ќе го избутка. Со лесно.
надворешно се. Докторките исто ми збореа дека не е опасно и ќе растат до одредена недела, 20та или така нешто. Нека бебето расте и лим нема да му пречат...ок е. Фала ти
Маслинки и сирење ќе апнеш малку и повеќе течности ќе пиеш. Со соленото не смее да се претерува, се да биде во граница на нормално. Јас имам нагони за повраќање исто како и во првата бременост. Секакви мириси ми сметаат, а во купатило не смеам да влезам, одма добивам нагон за повраќање и желудникот ме здоболе. Едвај чекам да минат овие мачнини и гадења.
Здраво..како сте? како ви е со топлото време.. мене ме фаќа депресија некоја, веќе влегувам во седми месец и уште полот не го знам, секој пат различно..ниту можам нешто да земам да спремам, од кај знаеме после изборите дали ќе не затворат пак
Жапче и јас се скарав со кафето турско,оваа недела почнав со нес кафе и поубаво ми е,си правам или ајс или топло ,оти морам глава ме боли а и низок притисок имам.Исто мачнините и повраќањата од минатата недела ми се намалија,знае некогаш навечер така тешко да ми падне наеднаш и киселина. Завршив со крвна слика ,урина се ок,брисеви чисти,така да од денес ја почнувам 13 та недела и може малку да се опуштам @Chanell* не си сама,исто се чувствувам во однос на ќерка ми,иако планирана бременост и брзо се фати,ама некако шок ми беше кога дознав дека сум бремена,па не можев да си дојдам на себе,да се помирам дека ќе имам друго дете и како нема да сум и посветена само неа,а не дека не и се посветив 5,5 годинии само си ја гушкам ,бацувам дур е уште сама.
Ајде веќе си на крај, подобро да го извадат порано отколку нон стоп да си на штрек, се надевам поскоро ти закажале контрола и дека се ќе биде во ред. Може и така се погодило само тогаш така да го измерат...
За погоре муабетот, не се изјаснив и јас. Инвитро сум и никогаш тоа не го потенцирам никаде, зошто сметам дека е нешто најнормално, барем кај мене. Страв, да, на почетокот заради претходните загуби во изминатите 7 години, имавме страв и не скокавме од радост кога дознавме за позитивниот резултат. Не ни кажавме на никој, дури не поминат тие 3 месеци, кои ги поминав лежејќи, со крварења и терапија нонстоп. Благодарение на маж ми и неговата поддршка, помина и тој период. Потоа се трудев/ам да ги надминеме сите стравови. Човечето во мене, не потсетува дека има живот внатре, вредела секоја солза и сега со нетрпение го очекуваме бебето. Негативно не сакам да мислам, многу верувам во молитви, често си ги спомнувам и се молам за наше и нејзино здравје. Тоа ме смирува. На сите ви посакувам лесни и до крај бремености, без разлика дали се со инвитро или природно, без разлика дали се фатиле од прва или после 7-10години. Само да сме среќни на крај и со полни раце
Здраво Купувај измеѓу бои додека не дознаеш што е. Пред ехо јадеш благично за да биде размрдано. Пиј кафе кока кола благо..јас така се најдадов уште во 12та недела одма се намести и ми кажаа што е после само потврда добив. Во однос на количка креветче не ти треба пол да знаеш.. Јас мислам нема да не затворат бар не летово, веќе ќе мора да научиме да живееме со ситуацијава. Тешко е со топлово цел ден дома ама па јас и општо во лето сум седела дома склетџија сум па не ми пречи. Обиди се да се опуштиш
Ако ти е за утеха јас турско почнав да пијам тек во 8 ми месец од бременост .Инаку и јас се чуствував исто како тебе за син ми незнаеш колку ноќи сум си плачела имајки ги истите мисли,верувај се се менува кога ќе се породиш ,ќе ги сакаш и двете подеднакво исто има доволно љубов за сите во мајчиното срце Затоа опушти се и уживај во бременоста
Жапче јас со првото дете имав исто миом, го следевме постојано и по некое време престана да расте. Бидејќи завршив со итен царски пораѓај, при операцијата докторката и миомот ми го отстрани. Сакав само да ти кажам дека нема да има проблем штом се следи редовно и вистина е дека ќе прекине да расте кога бебето ќе го надрасне @Chanell* истите чуства ги имав и јас при втората бременост. Сега, 4 месеци после пораѓај сеуште имам вина зошто повеќе сум околу бебето, првенствено зошто цица нели. Си плачам некогаш зошто го немам истото време како порано да и’ го посветам на големата (“големата” има само 2 год и 5 месеци и сеуште ми е “бебе” ), ама веројатно со тек на време се’ ќе си дојде на свое место. А за љубовта кон второто, ако си замислувала дека нема да можеш да сакаш ниедно друго како првото, во заблуда си. Љубовта е дуплирана, едноставно бебето ти станува цел твој свет како и првото, невозможно е да го сакаш помалку Ги сакам бескрајно и двете Искористи го периодов да си се гушкате и посвети и’ се максимално
На сабајле обавезно чаша јогурт. На вечер чаша млеко. Месо обавезно. Апетисани, оревчиња, бадеми, индиски ореви, ф'стаци, исто грав и леќа ... Јас една недела ова јадам и бебуш денес го измерија 300гр повеќе отколку пред една недела. Баш и кажував на докторката што јадам и рече супер, браво кај мене немаше застој ама сепак пробај со појачана исхрана со протеини