Не, ништо, дури кога бев конецот да ми го извадат ми спомна докторката дека го извадила. Е сеа тоа беше пред скоро 2 ипол години. Сега вториот пат имав некои сраслини на матката, па и тие ми ги средија (ми објасни докторката дека може, но и не мора тие сраслини да прераснат во миоми некогаш во иднина, но во принцип не се ништо страшно). Ми кажа дека при царски рез се’ што попатно ќе се види, го “чистат”, како миоми или ова моево Вториов пат при царскиот правев и стерилизација инаку, или по нашки подврзување (пресекување) на јајцеводите. По моја желба секако, доста ми се две деца За ова доплатив 200 еур. Ама е интервенција што сама си ја побарав и потпишав согласност. За Систина зборувам инаку, и двата царски таму ми се
Ти благодарам. Јас имам циста за вадење. Па си викам да си планирам плус пари. Вајда и да наплатат нема да е како цела сума за вадење само циста за во Ремедика ова
Кога веќе ме престанат мачниниве неможам веќе 12 нед сум. Секои 5 минути имам нагон за повраќање но не повраќам,мачнини и не ми се станува од кревет. Веќе срам ми е од мм сите обрски дома он ги врши. Ама стварно неможам.. Со првото од прв до последен ден бев на нозе, како да не бев трудна,ама ова бебе се ми наплати Што да правам со гадењево незнам? Немам сила за ништо
Може да е од тоа, минатата недела поради жешкото повеќе бев на овошје и зеленчук, јогурт пиев, млеко и месо не многу, ќе појачам исхрана, ти благодарам за советот.
Околу 14та недела се смируваат мачнините. Ладно млеко да се напиеш, гастрогард/рупурут/антиметил, Б6 витамини. Зрна ориз или грав. Почести а помали оброци, исфрли тестенини и бел леб. Пробај која храна ќе ти делува и така храни се. Газирана вода со лимон може исто да помогне, чај од нане, камилица. Иста бев, за жал само малку ми се намалија, и само со храна внимавам инако нонстоп ќе ги имав мачнините и киселините
Читам и исто како јас да сум пишувала 9та недела ,3та недала дознав и секој ден се прашувам како кје сакам уште едно бебе покрај ваква убавица (2ипол години) Јас дури почнав да размислувам да си ја отпишам од градинка за да имаме повеќе време заедно , па ме маваат мисли дека сум станала себична . Но кога те прочитав се утешив не сум била единствена . Се надевам ќе поминат овие мисли некогаш. Гушкајте се и лесна бременост inlove:
Ништо. Ќе минат од 13та натаму. Мада ја со второво исто ко тебе повраќав се откостив до 4ти. После се се нормализираше.
Што се однесува до муабетот за измешаните чувства поради доаѓањето на новиот член во семејството.... моето е 2 години и 2 месеци и веќе се чувствувам како да го запоставувам. Всушност и доста сум загрижена за него, немам сила да му се посветам и да си играм толку со него, немам енергија, жешково дополнително ми влијае и дека сме цел ден ние сами, што попрво да направам... Сега тој бара максимално внимание, жал ми е што сме изолирани и скоро и да нема контакт со други деца. Се плашам како оваа изолација ќе му влијае на растот и развојот и згора на тоа и уште едно бебе ќе дојде, уште затворање дома, а се помалку внимание. Сега пишувам и почнува да ми се плаче. Не знам колку ќе успеам да не се чувствува отфрлено, а ќе немам баш помош...Како што напиша некој погоре, уште ми е бебе...
Да имаш право ќе земам некој работи измеѓу бои.. следниот термин ми е на почетокот на август рече дека ќе добие ново ехо 4д.. кафе и газирано не пијам ама ќе пробам со благо нешто пред ехо здравје. А кревети такви што се лулат знаеш каде има или уште не си земала.. И фала ти многу за одг. Дај Боже само да ни е на лесно и здраво и добро до крај да издржиме и да ги дочекаме бебињата
Кажи ми дали има некакви нус појави од подврзувањето? Секако е зборам со докторот што ќе ме пораѓа, сакам сега со царскиот да направам со оглед дека кај мене од бакнеж се фаќа
Не драга, апсолутно ништо освен што 99,9% нема шанси да забремениш . И јас ги имав истите прашања пред да се решам, ми објасни докторката дека се’ си останува нормално, циклус, менструација, овулација... Апсолутно не влијае на хормони никако и не може да ти ги поремети, за разлика од други контрацептивни средства. Најбезболен и најсигурен начин, ако веќе се решиш, инаку најнормално ќе си се осеќаш Сите опции ги разгледав со докторката и дефинитивно ова беше најсигурно Инаку не се подврзуваат класично како порано, кога имаше шанса да се “одврзат”, сега по ново се пресекуваат и буквално се лепат со специјален лепак, така што нема шанси да се отпушат. Вака лаички ти објаснив
Па по моево искуство не искочи така, јас исто убедена дека на царски ќе ми ги вадат миомите, пред некој ден кога го прашав докторот ми одговори само ако потпишам согласност. Ми објасни дека сепак се работи за 2 бебиња и 2 миоми сум била ивф, од старт примам фраксипарини 0,6, аспирини као зависело многу од фактичката состојба во моментот, не дека било невозможно, но он не би ризикувал. Ми вика ај полека малце прво бебињата да ги извадиме па здравје.. малце се изнервирав искрено, ама ќе го послушам пошто му верувам. За ремедика зборам.
Па можеби е поразлична ситуацијата кај тебе, сепак си со две. Не знам што да ти кажам, ама ако веќе одиш царски, зошто да не ги извадат, па и да потпишеш ако треба. Не ќе те сечат пак за некое време само за нив, ми нема логика Или па не ти се големи толку за да ги вади, не знам што да кажам искрено, ваљда си знаат они како доктори што како Фраксипарини примав јас и со двете деца, секако се прекинуваат тие два дена пред пораѓај, не знам зошто тоа би било пречка
Кои се последиците од пресекување на јајцеводите? Имаш ли промени во циклус? Дали тоа е 100 % стерилизација? Колку трае тој дел од операцијата? Дали резот е поголем поради ова? Имаш ли поголеми болки во споредба со првиот царски?