Девојки Од сабајлево имам болка во стомакот на левата страна високо одма под градите. Дали е можно од спиењето да ми е дека спијам и лежам цело време на таа страна? Сега и кога се допирам во тој дел осеќам мускулот на допир боли. Се осеќам ко отечено да е а може и бладам од паника. Ви се има ли случено има ли простор за паника? Во вторник сум на лекар не ми се оди по ургентно веќе само нешто се случува да те извади од такт
Пишав погоре за последиците, нема никакви, ниту промена во циклус. Не влијае на хормоните. Сеуште немам добиено менструација еве веќе 4 месеци, ама дојам. Инаку циклусот и овулацијата си постојат и понатаму, ништо не се пореметува хормонски. И да, тоа е 100% стерилизација медицинска. Откако го извадија бебето, траеше можеби 10-15 мин овој дел од операцијата. Резот да, малку ми е поголем за разлика од првиот пат, ама сепак е незабележлив кога ќе заздрави. Болките се исти како и првиот пат, со тоа што овојпат повеќе заробени гасови имав и ме болеше стомакот. Нормално за последователни царски, секој нареден им треба повеќе време на цревата да се разработат. Значи не резот, туку стомакот ме болеше, ама се среди тоа уште во болница додека бев. Се на се, никаков посебен опоравак нема за процедурата, се е исто како и опоравакот од царски рез.
Ми се има случено, ама не бев тогаш трудна. Тоа е некој мускул околу дијафрагма, а баш и мм го болеше исто пред некој месец и исто како што опишуваш на допир се осеќаше како отечено. Растегнувај се, нежно масирај го местото, ќе си помине само од себе за некој ден.
За каква циста станува збор ако може да ми кажеш за водена или таа чоколадна што ја викаат? Бидејќи ја имам чоколадната па собирам искуства околу неа.
Па претпоставувам не е ништо поврзано со бременоста затоа не ми се оди по доктори. Веројатно од погрешно седење и лежење ова изолација од сите и секаде затварање дома си наплаќа и само ни прави стрес.. Фала ти ќе пробам и ќе појачам на магнезиум малце
И јас мислам како тебе и јас сум ин витро со второ детенце 9 години ми синчето и искрено никој незнае дека сум ин витро само маж ми и јас. Си се однесувам нормално од сам ден трансфер и на работа одам цело време само април го одседов дома. Па фала му на бога со добра мисла и молитва растеме. Поттик за второво имав од син ми од голема желба за братче и оп бог му ги исполни. Ви посакувам на сите со лесно и убави мисли само
И јас барам таков во темата Бебе имап подгрупа за Креветчиња можеш да прочиташ совети еве последно пишаа дека можно е во Локо Кроко да имало такво. Пробај со некое колаче доручкувај пошеќересто па пиши како ќе помјнеш следен преглед и што ќе ти кажат
Кај мене најверојатно е дермоидна. Да беше чоколадна вајда ќе се исушеше во бременоста. Кога ќе ми ја извадат и ќе ми кажат каква е, ќе ти пишам. И со син ми ја имав таа болка а и сега. Околу 30та недела ми почна. Не е константна. Најчесто после долго лежење на лева страна или после јадење Вајда е нормално.
Фала ви Се напив магнезиум проблем ми е вечер како ќе спијам ако не помине ич не можам на лево да лежам скроз ме укочува валда ќе пушти. Се исплашив викам да не е нешто посериозно ама па нема што на таа страна освен мускулот
Ај и јас да се пожалам, вчера бев на ехо бебе е 32+5 а треба да е 33+6 според последна менструација и ете ме фати страв. Последните мерења беше за 2 дена назад, но сега веќе 7 дена. И првото мое дете почна да заостанува оваа недела сега и второво, незнам што се случува а се испитував се досега во ред. Денес сум 34 та недела, а тежиме 2150 гр не е малку? Некоја со слично искуство
Никогаш не се споредувај со никој. Јас мислам дека тоа е нормална тежина за неделите, не си прва што рекла дека и е поназад, па после да си се роди бебето нормално. Они немаат точни мерки, отприлика кажуваат. Уживкај, се ќе биде во ред.
Не е малку јас не им верувам баш на мерките на ехото ,син ми во 35 нед беше 2300 гр,се роди во 40+1 3500гр. ,а ќерка ми во 35нед.беше 2500гр. а се роди во 40нед. 3130гр. така да уживај чим докторите ти викаат се е океј .
А да пробаш и на десна страна да се вртиш? Не е убаво на грб и на стомак, ама десна читав баш дека не е нешто лошо. Ја спијам и на десна. На лева само ако се остаам ќе ми скапе страната. А за болката, баш читав на апликацијата дека е нормално во последниот триместар да имаш како бодежи и нелагодност во ребрата и дијафрагмата, дури и не е исклучено shortness of breath. Бебето притискало нагоре. Која недела си?
Иста сум. Од 26та недела почна мене така назад да ми оди и некој преглед е повеќе некој помалку. 33+5 ми беше 1950, а 34+5 2350. Не е дека качила 400 грама у недела него различно е измерена. Очекувам мало бебе, али нека си е живо и здраво. Главчето и е малецко на мојава, али има долга нога. МанИкенка Се замарав многу едно време, ама си реков докторот чим вика ок си е, ок си е. Бидејќи се во ред сите параметри, решив да не се замарам. Немој и ти. Реагираат докторите ако има нешто.
@Milkiway може да е така поставено бебчето па да ти прави болка во тој дел. Пробај налку и на десна страна, па наизменично врти се и на лева страна. Мускул е обично и нормално е во овој период да се случува. Б6 и Магнезиум и парацетамол смееш да се напиеш
Фала ти ќе пробам да менувам позиции па да видиме до утре дали ќе пушти. Јас па бебето уште го осеќам околу папокот дека клоца и удира мислиш може некоја положба да влијае дека болкава ми е високо горе Прошетав малце се истегнав убаво па се надевам ќе попушти
26та сум читав нешто ококу тоа ама викам рано ми е за тие симптоми а и можеби е тоа нема правило. Јас дека и пред бременоста се на лево спиев ама сега па више се испоукочив ќе пробам вечер на десна малце колку да се истегне..фала ти
Хелоиу девојкии едно прашање испитувавте ли сите Д Димери во бременост и ако да кој недела го правевте тоа? Јас сум веќе 27 а за 1 недела сум на контрола да не е касно за закажување или само по некоја индикација се испитува?
Треба да испиташ, не е само по индикација. Побарај си упат. За тие со големината на бебе, не се замарајте. Тоа е жива глупост, само вадење од памет. Јас од 36 недела до 40+ добивав секакви мерки од различни доктори. Мерката за меше на бебе не беше сменета 5 недели, сѐ иста ја мереа. 300 филмови направив дали се храни бебево, што не ме пораѓаат а у.. Ако се протоци ок и има плодова вода нема причина за грижа. Ист ден да ве мерат двајца едно по друго ќе добиете различни мерки. Моево бебе беше 2600,па следна недела 3 кила, па после нејзе 2800 итн итн. На крај се роди 3.