@ni.na фино е да испиташ, дури и да нема индиции, бар последните три месеци. Таман ти е сега, еднаш во 8ми и еднаш пред пороѓај.
Добра си не е касно, само кога испитуваш д димери испитај и хемостаза. Некогаш д димери се ок , а хемостазата не како кај мене на пример
Мешиња јас си имам голема мака прстите на рацете и нозете малку само ми се отечени аама страшноо ми трнат и како да имам температура на дланките и стапалата ставам ладни облоги кога ќе тргнам пак исто не можам да поднесам премногу ми се жешки ме фаќа нервозаа кажете некој лек,како да си олеснам
Ја немам отоци нигде, ама затоа врели ми се рацете, стапалата и лицето (температура нормална имам, дури ниска). И под градите ми е врело. Ништо, со мраз ладна вода цело време ги мијам ужарените делови. Тоа е, summer pregnancy
30та, ама одамна ми е така. Веројатно од кај 17 18 недела. Еднаш дури цела рака ко црвена ми стана, ко испукани капилари и ми гореше. Стаив под вода неколку пати и ми пројде. Тоа само еднаш се деси.
Тогаш да не мислам многу јас сум 37+4 и сега прв пат ми е вака дури не се поднесува али сигурно е нормално па ке мора да се издржи..
Не се гледа во која недела колку тежи бебето туку се гледа дали од последните мерења континуирано си расте или заостанува.
веќе пишував за тие стврднувања на стомакот за кои матичната тврдеше дека се органи؛ Денес бев на ГАК, како што мислев се брекстон со грло 28мм и бидејќи се на 10мин ми даде утрогестан и мирување؛ Само да стигнеме до 36 се молам, се уплашив؛ Башка докторот истиот коментар "машала стомакот"
Ај ја за градиве нешто да прашам.. Од секогаш ми биле мали. Во втор месец од бременост отекоа малку и така останаа. Скоро 4 недели нема никаква промена. Не знам дали да очекувам уште да отекуваат? Некако мали се за со вакви да дојам бебче кога ќе дојде време..
Јас со менструални благи болки без никакви стврднувања во 27 недела си добив депо да боцкам на 5 дена. Магнезиум конзумирај и б6. Која недела си? Мирувај, се надевам се ќе биде добро
Не мора да има промена во големината на градите во бременост. Кај некои остануваат непроменети. И најважното, ова запамти го: Големината на дојките не одредуваат дали ќе доиш или не! Доењето зависи само од желбата и упорноста на мајката.
Не отидовме за друго а бидејќи го знаеме докторот му казав и тогаш самиот рече за преглед и зачуден зашто не ми е мерено грло؛ А ми се појави додека бев таму и самиот го напипа стомакот؛
Јас сум цела бременост со 28мм-30мм цервикс сега сум 34 та недела. Макар да воопшто не одмарам со дете сум 3.5год но магнезиум и утрогестан многу помага. Се ќе биде во ред