После пораѓај ке помине се. За отови адици борици. Помага ама не го решава проблемот. Рацете ми трнеа а не ми беа отечени. Нозете ми беа отечени. После пораѓај, уште на интензивна немав ни отоци ни трнење. Уште малку имаш, не се секирај. Мали гради имам и јас а дојам скоро 1 година. Синко 10 кг направи од цицка само. Мали ми беа се додека не ми најдојде млеко. Сега ми се како балони. Градник од порано не ме собира.
Како сте мешиња дувна денес малце и сите надвор на шеткање а ? Не знам како е по др градови во Ск дува денес и не ми влијае најдобро имам вртоглавици дури прееска помислив земјотрес има се извадив од памет па само лежам а место не ме фаќа да седам Битно болката што се жалев вчера помина ноќеска спиев на десна страна повеќе и ме пушти Била ли некоја во ремедика минатава недела како е со гужви? Ја сум нареднава недела, а пред 4 нед беше ептен гужва таму и сега баш тоа си викам дај боже да е разредено зошто ни 2м размак во чекална не можеш да држиш.
Ремедика бев средата попладне немаше воошто гужви. Мислам од сабајле им се гужвите дека има доста доктори на смена.
Дали од рана бременост ти е оваа должина. Мене во 14та ми е 25мм а веќе од почеток сум на утрогестан и прогестерон депо.
Здраво девојчиња. Нова сум во оваа тема. Сакам да прашам после првото ехо во 6та недела што е следно? И во која недела? Ви благодарам..
Да ве прашам Фероглобин Б12 капсули дали некоја од вас примала и плус фемибион? Земав Фероглобин но читам 400микрограми има фолна вк составот, а плус и во фемибионот има фолна, да не претерам со дозава? А доктор ми кажа да ги земам вака, валда не смета
Јас земав и пак хемоглобинот ми е на долна граница па ми ги смена, само 1 месец ги пиев.. Заедно со фемибион па докторот ништо не ми спомнал, валда може
Јас сум даска што се вика, па доев 2 години. На почеток кога доев ми беа поголеми, ама со тек на време ми спласнаа, а кога престанав да доам пак ги снема.
Прв пат ми измери во 18та 27 мм ми беше, па секое наредно ехо ме гледаше вагинално и никогаш не ми спомна мирување само ми велеше работење со не многу заморување. За првата бременост ми беше 26 мм баш гледав во книшката во 18 та недела па истерав до крај. Јас земав утрогестан 2х1 и магнезиум 250 х2 гледав многу да не се заморувам и секое слободно време лежев но не многу. По 28 ма недела ми се крена горе бебчето и се ми беше полесно. Ако можеш да лежиш, лежи колку можеш повеќе.. Среќно
Не земам фероглобин ама во однос на дозата за фолна, јас пијам и фемибион и метилирана фолна од 1000, не сум испитувала мутации ама заради претходна историја докторката ми дозволи да ја пијам оваа доза. И баш ја прашав да не е многу, и ми рече нема штета од поголема доза на фолна.