Јас секое утро правам смуди од 10 зрна аронија, капини, малини и вишни. Некогаш додавам и банана колку за густина. Освежителен е пијалоков и баш ќе сакаш да го пиеш секој ден. Слатко од капини јас имам кога имам криза за благо земам по една голема лажица. Пијам какао 1 дневно, го навикнуваш со тек на време. Цвекло имаш спомнато, не знам како го внесуваш, јас го рендам и како салата го јадам + морков. Семе од коприви не применувам, некоја може има искуство со ова мене ми е чудно бидејќи било која билка не внесувам во бременост,страв ми е. Ете на пример чај од жалфија ја запирал лактацијата. А некоја трудница може не знае и ќе го испие. Затоа внимателно со чаевите.Не пијам никакви,а порано обавезно си пиев. Маџун многу помага, ако можеш да најдеш од кавадаречкиот крај оригинал што е уште подобро.
Мене на последната крвна слика од пред некој ден, хемоглобинот ми е скоро на долна граница а железото во нормала, ама намалено за разлика од пред 1 месец. Утре сум на преглед и баш ќе прашам, ама не верувам да треба да земам терапија. Планирам и јас да воведам некоја рутина со намирници, да не стигнам до апчиња. Ти помагаат какото и смутито? Или пиеш и нешто дополнително?
Пијам Хемовит плус по 1 дневно, по препорака од докторката. Исто и мене намален ми беше хемоглобонот 107 а сега ќе видиме наредно како ќе биде. Спрема енергијава што ја имам и снага чувствувам дека ми е подобрено.Претходно изморена бев и мака ми беше за се.
@Tsukinory јади зеленчук зелен појше и пиј сок од цвекло, можеш оној на јаболчело со морков и јабука шо е. Иначе до колку е дозволено леукоцити и гранулоцити во бременост? Веќе трета крвна како ми се покачени, овој пат леукоцитите 15.8, а гранулоцитоте околу 12 12 и нешто беа.
Еве отприлика ги има референтите од страна колку треба да е. Кај мене очигледно ослабната крвта. Земав ц витамин од 1000 и ќе пијам какао јадам зеленчук. До преглед па после највероватно матичната ќе ми даде некои апчиња. Како тинејџерка бев многу анемична и слаба се онесвестував по улици. Тогаш ми се чини тотенхема ампули пиев. Не ми е проблем пак да пијам. Само бебуш да си има резерви.
Еј фала ти за ова! А за крвта не се плаши, мене ми е цел живот железото 22 23 24 сеа 11 едвај, со тешки маки. Бебето го зима грото. Лопов мал. Едит: За бремени има разлика ми рече и докторката, некоо вредности мора да се покачени/намалени. Топ ти е крвната.
Ова не е лошо, ќе намалува повеќе со текот на бременоста. Мене на 10,9 и на 8 железо ми дадоа хеферол. Со 1 доза дојдов до 12,2 и 19,9 железо. Сега продолжив со фероглобин заради запекот кој ми правеше проблем од хеферолот. На твоите вредности ќе ти препорачаат со храна да надокнадуваш, ти пишале погоре што се е добро за крвта. Ако опаѓа и понатаму ќе те стават на терапија.
И кај мене покачени, до 14 се толерирале леукоцити, гинеколог ми предложи повторно да испитаме брисеви и ми земаше со катетар мокрача да направиме уринокултура. Провери брисеви и мокрача.
Јади и семе од коприва со мед наутро на гладно по една лажичка иначе јас пиев за железото хеферол и немав маки од него го пиев по ручекот и немав мачнини во желудникот а за столицата редовно пиев јогурт на баланс и немав маки со неа И откако ќе го изедеш семето од коприва со мед не јади ништо два саати што содрже калциум истото важи иако ти дадат хеферол и избегнувај кафе оти го попречува врзувањето на железото
Јас секој ден јадам по 5 зрна аронија. Во 30та некаде недела hgb ми беше 11 и тогаш почнав. Не ми дадоа додатни витамини. Вчера на крвна слика hgb 13 а сум скоро 38ма недела. Мислам дека аронијата ми помогна.
А зошто витамини не се пијат ноќе? Јас пак се пред спиење ги пијамИсто и во првата бременост.Ама немав проблем со железото. Мајка ми додека беше помлада и имаше друштво одеше и береше трнинки.Тоа се бобинки што личат на боровинка ама кога ќе апнеш ти ја собираат устата.Растат на трн.Правеше компоти , не го вриеше многу ,колку да пушти боја.После неколку месеци самите трнинки пуштаа боја и компотите добиваа убава лилјакова боја.Во лето ги правеше во зимата ги пиевме.Многу пријатни и здрави.За железо прва лига.Ако некој може да си набави и да направи компот може одма и да го пие.Вистинско освежување.
Дали некоја се соочила со намалување на килажата, 30 та недела бев 68кг, сега 36та 64кг, јадам исто дури и повеќе од претходно?
Мамички како ви поминува времето до средбата? Ние ја почнување 29недела и ако досега времето леташе, сега мислам цела вечност ми е А едвај чекам да ја видам мојата малечка воедно и паника и став ме фаќа, дали ќе се снабдиме со се што треба, да не ми остане детето без нешто
@Alishan30 прашав денес срцка, докторката рече не е проблем двете да се пијат, да си продолжам нормално. Си добив јас уште едно депо денес, контракции покажува цтг, јас ништо не осеќам. Уште еден месец мора да истуркаме, од денес во 32 недела влегувам.
Оф.. тешка тема за мене.. и јас почнувам 29та, а како да сум трудна 100 години.. дека од Јануари сум дома, овие 6-7 месеци ми траат вела вечност.. едвај чекам да дојде бебе Само нешто гледам на нет, облеки, опрема, читам во ‘Бебе’ што сѐ треба и искуства на мајки.. Едноставно ова бебуле чекано 4 години со срце и душа и цело битое едвај чекам да стигне
Ако споро ви поминува времето, искрено ви препорачувам да почнете да ја читате темата Доење. Ако сте во можност од почеток Новите мајки се многу преокупирани со бременоста, нешто што треба да остане на докторите, а кога ќе пристигне бебето немаат никакво знаење за доењето и многу често уште на почеток се откажуваат. Болниците се посебна неприлика, со нивната нестручност околу доењето и пропаганда на вовлечени брадавици, ад-млека и силиконски брадавици.
Одличен совет. Се повеќе читам дека се откажуваат мајките од доење при најмал „проблем“. Сосема друго би било да знаат дека се тоа е „нормално“ и дел од процесот. Јас не можам да се пожалам дека не се потрудија да ме подучат. Дури и напорни беа @simonka93 меше, ти како бе 32ра тераш од денес, а си со термин во четврток, 5 дена пред мене Се ме буниш кога те читам. Јас слабо водам есап за неделиве, ама утре сум 30+0, значи ти во четврток 31+0 би била