Јас ги пиев минатиот месец по препорака на мојот матичен, бидејќи Е.Coli ми се појави бактерија во урината. И Панцеф антибиотик пиев со нив. Сега треба да правам уринокултура па да видиме до кај сме. 24 -та недела сум...
@simonka93 фала ти, ќе си продолжам и јас да ги пијам Скриен шеќер испитував денес, мноооогу ми е лошо од шербетот, ми доаѓа да повратам во секој момент од киселини. Според референтни вредности сум во граница, по 2 часа може да е до 8,5 шеќерот. Кај мене беше 8,2 близу до граница, дефинитивно белиот леб, компир, ориз, тестенини, газиран сок, благи овошја ќе исфрлам од употреба. Многу сум даун од испитувањето, ќе легнам и цел ден ќе спијам денес
Не се грижи, ке се снабдиш со се.....рано ти е сеуште...Стравот и паниката се нормални особено ако ти е прво бебенце... не знаеш што те чека.Со второ знаеш што те чека и уште повеќе ти е страв.. само позитивна мисла
Различен датум имам според лекар и според апликација во телефон. Ама се водам по апликацијата, според неа 15.09 ми е последен термин
Јас како тебе. 25та недела по апликација а 27ма и некој ден по доктор. Т.е по мерките на бебето @Alishan30 јас во петок сум за шеќер. Како ли ке издржам
Аа да, по мерките и ја сум понапред една недела отприлика, крупно е бебево, плус со компликацииве бар до крај на август да истераме.
Одличен совет Кој веќе го применувам. На подарок добив 3 (различни) книги за бременост и дете каде е вклучено и доењето со секакви совети, а читам и на форумов, фб во група соба за доење и ад.. Стварно сакам да дојдам и се надевам дека ќе имам успешна и долга доечка приказна
Јас сум 30та и ништо не сум купила. Машко чекам, и првото е машко. Ама почнувам да се замарам веќе како ќе биде што ќе биде... И ако заборавиш нешто ќе пратиш некој да купи или ќе нарачаш. Со претходното купував сама па се пожалија бабите дека не сум оставила тие да купат нешто. Еве им сега прилика
Јас излегов со даска рамен стомак, фустанот што го носев како трудница прекрасно ми стоеше на денот на излегување. Се чудев Така да не мора да значи ... Јас уште сега планирам за зимоска секако дека фустан ќе биде, и чизма некоја
Јас со првото дете бев спремна начитана за доење се, од како да го наместам па натака. Итен царски бев и требаше неколку дена да надојде млекото. Проблем имав со суфлерите од страна што се обидуваа да ме советуваат погрешно, да дадам чајче, ад, слабо сум имала млекооо, пипање гради без прашањее. Ама не попуштив и после па како чешма бев со пешкир спиев
Ние од облека за први 2 3 недели сме сигурно снабдени а 27ма сум количка имаме за скоро ќе биде креветче када козметика шишенца цуцли дури и да дојам сакам да сум спремна ако се случи да треба ад да пие. Не сакам отпосле да праќам да ми купува некој се што можеме ќе снабдиме. Прво ни е и мерак ни е се ние да си одбираме не сакам да чекам до 9ти уште сега ми е тешко за движење Ејј така на сестра ми и правеа и викав добро ма зашто оставаш свекрва да те пипка Јас пред свекор свекрва не би се собекла а нјзе и правеа преглед редовно. Ама секој со свој ум
Што не си и рекла сакаш да пробаш да повлечеш да те надојам и тебе да видиш али е квалитетно млеково наместо да пипа
Среќа што имаш веќе искуство, но за прворотките пандемијава не им оди во корист. Персоналот во сите болници е крајно недостапен. Баш искуство сега скоро од Систина, другаркава рече по два пати на ден по 5мин ѝ го носеле бебето и веднаш го зимале назад. Друга работа ја пуштиле од болница со совет за силиконски брадавици и дохрана. Јас бев редовно со неа во конткат, жената имаше млеко уште трети ден, а брадавиците не ѝ се рамни ниту повлечени. Но ете пусто од страв и неискуство повеќе се потпираш на совет од медицински лица и тераш како ти кажале. После два месеца бебево тотално одбиваше цицка, па спасувавме работа со една членка на форумов што има многу знаење во областа Во Чаир јас имав слично искуство, имаше само една повозрасна и главна сестра од неонатална која знаеше да помогне, но требаше да ја начекаш на смена. Другите девојчици, повеќето млади и неискусни си даваа за право да им кажуваат на мајките да си купат силиконски.
Не можам така да и речам хахах, ама ја замислив реакцијата сега која би била хахах. Бегај после и крива ќе искочам, мајка ми прво ќе ми рече, а не другите.