Мене ми рекоа дека леукоцити во бременост не се гледаат, зашто секако се покачени. Тоа ми кажа друг доктор. Инаку матичниот рече ми биле покачени, па додатно правев испитувања и испадна дека е сѐ во ред.
@LivingGlam јас пијам прегназон со омега 3, едно на ден. матичната ми ги предложи тие или премама и ги одбрав прегназон затоа што сè ти е во едно апче, наспроти премама кадешто омегата ти е посебно апче и треба по 2 да голташ.
Доев 3 месеци со силиконски, пошто ми беа вовлечени брадавиците. И отпосле излегоа ама некако си се навикнав со нив да си дојам, се дур во кола не можев да ги најдам брадавиците силиконски, барајки бебе си фати само на голо. Почнав сама да се смеам, гладно дете ти силикон ќе бараш. И оттогаш без нив продолжив дур не се одби.
Додека сме кај мубетов за доење, споделете некои книги-водичи за породување и мајчинство/ доење што ви биле од помош. Иако знам дека ретко оди се како по книга, барем основата да ја прочитам од некаде
Каков антибиотик пиеш? А имаш температура нешто друго ? И кај мене се ама 2ца доктори рекоа се е во ред ништо не треба баш мислам за тоа зборевме...Стомачниот ти помина?
Ми помина стомачниот, сеа ко цистит ме фати. Не успеав да однесам брисеви уште. Антибиотик ми препиша еритромицин 500 ама нигде го нема и ќе и барам да ми смени. Немам температура никогаш покачена ни кога сум болна. Не знам што да ти кажам, ако не ти препишале, ваљда не треба. Сите доктори различно.
Па тој за бактерии го даваат кламидија, уринарни мислам инфекции и обично прво брисеви и уринокултура па после. Ама добро може не сака да губи време да не се развие бактеријата. Ја мислев заради настинка прелада нешто такво ти дале. И тоа си во право секој доктор своја приказна
Веројатно. А настината не сум, што знам, носов ми е хроничен уште од кога останав трудна. Ако имаш симптоми ваљда даваат. Ти ако немаш, уживај.
И да напишам импресии од втор скрининг, кој фала му на Бога помина супер и се е уредно Бебка е 460 грама во 22 недела, само си позираше и се местеше за сликање, па рачето во уста го редеше, душа мала Беше заспана изглеа, убаво се расклоца кога почна прегледот со сондата Не дишев буквално додека траеше прегледот, ништо не прашував само ја слушав докторката, се концентрирав на секој збор и иако пола од работите што ми ги кажа со стручни називи не ги разбирав, само чекав да каже дека се е во ред, ништо друго не ми беше важно. Цервикс прв пат ми мереа и е точно 3цм, па докторката ми даде утрогестан по 1 навечер. Ми рече важно е да не е под 2.5, ма да и за 3 цм не морало терапија, ама ајде чисто превентивно. За железото не ми даде терапија, хемоглобин ми е 125 иако малку опаднат за разлика од претходно, ќе пробам со храна да го качам. Следно ми даде Д-димери и хемостаза да испитам, и скриен шеќер (сето тоа во 26 недела). Д-димерите и хемостаза рутински ли се испитуваат? Дека на ехо кај мене немаше никакви индикации, постелка, протоци се беше уредно, а ми рече да ги испитам. И тоа сакав малку да си ја олеснам тука душичката, зошто ми тежеше вториот скрининг да помине како што треба
Да да и ја со носот сум така од почеток леукоцитите 2 паи ми беа и мене покачени ама немав ништо ни симптом ни брисеви ни на урина..Ајде нека ти помине побрзо
Ја решив дилемата со прегназон Овие што на нашата кутија ги пишува 1 на ден се дефинитивно истите со тие што во Англија се 2 на ден. Ја излупив декларацијата, вредностите се на пола ко за едно апче. И споредив слики, овие се зелени капсули а тие што се едно на ден се розови таблетки. Исти се сите, омегата е влклучена во истата капсула. Е сега кај нас пишува помала доза, веројатно има други Препорачани вредности, Шо знам. И две не е грешка од нив, во секој случај. Јас сум слаба на хемоглобин, веројатно ќе треба по 2. Се извинувам за замарање, сама себе сум си удав.
И кај нас има два типа. pregnazon се пие по две на ден а pregnazon complete се е во едно апче и се пие по 1 на ден.
Девојки по не знам кој пат повторно крв на бришење и овој пат не е така стара. Веќе незнам што да правам. Не сум паметна. Ве молам пишете нешто. 21ва со 3 дена сум. Пред нецела недела бев во ГАК на проверка итно кога исфрлив цела грутка. Ми појачаа Утрогестан и магнезиум. Вчера ми рекоа да се вратам во нормала со апчињата и еве го пак со болки и свежа крв. Зарем вака цела бременост? Од што е ова? Ако било хематом и се исцедил можно ли е пак да реагира за кратко?
Дај боже да е вака, или може само си се погодила во момент кога немало многу гужва во болницата. А другаркава не е прв случај која кажала дека го добила истиот совет за силиконски и адаптирано. Едноставно не е можно сите жени да се со вовлечени брадавици. И генерално на сите сестри по болнициве пристапот им е селективен, ќе помогнат онаму каде што е полесно да се помогне, "потешките" случаеви ги откачуваат со муабетот- адаптирано млеко. Во контекст на темата, еве ви едно многу убаво видео за развитокот на бебето по недели
хм, чудно. баш ќе го продискутирам ова со матичната на следен преглед, ако не па и јас по 2 да почнам да ги пијам. а таман мислев се отарасив од пиење 2 големи апчиња едно по друго.
Мила смири се и оди на лекар. Болки имаш? Можно е да е хематомот, не се секирај. Инсистирај да те боцнат со прогестерон депо. Мене докторката ми велеше, додека има крварење на секои 4 дена депо. А кога првпат прокрварев, сите можни форуми ги испрочитав и сфатив дека има и жени што крварат цела бременост. Пиши што ќе направиш