Зборев со сопругот да почекаме до утре наутро. Незнам многу сум загрижена ова што се повторува ме уништува психички. Таман ќе се опуштам пак и пак исто. Денес ме болеше како да имам гасови скоро пола ден. Намерно два пати спиев. Лежев цел ден дури и се укочив. Излеговме попладнето да испазариме нешто ситно ни кревав ни седев долго ни работев само каснав и пак легнав. Ме сечеше доле посебно на лева страна. Ама си мислев од што сум лежела упорно па фатен нервот.
Мамички дали некој дознал пол пред да влезе во 17та недела мене ми кажа дека пак ќе ми прават проверка за крвна слика и успат ќе ме гледала на ехо
Епа не е таа болка страшна, штом не е како менструална (а по опишаново мислам дека не е таква). Оди утре и разговарај со докторот нека те види пак. Побарај и депо, нема штета од него.
Odi na dezuren ginekolog neka te bocnat progesteron depo jas niv gi primav od sam pocetok do 25 nedela
Многу е жал кога читам како сте снајде бог да чува човек да не е мирен. Што направи отоде на Гак или ќе одиш денес? Ти престана крвавењето?
Пиши да не те мислиме. Периодов на форум повеќе "правам муабет" отколку во живо (со никој не се гледам) па некако сите ми станавте блиски.
Од денес 38+, вчера бев на трето ЦТГ и ехо во болницата каде што ке се пораѓам...Два пати ме уклучуваа бебе успиено беше ме фати некоја паника дека се ближи денот не можев да се соземам на ехо се е во ред постелката уште не е почнена ни да зрее,плодова вода си има ,контракции немам никакви освен стврднувања на стомам кога се мести бебе, свртено е веке со главата надолу ама вика може и да надмине термин и кога ме фати некоја нервоза и напненост цел ден не можев да се соземам секакви мисли ми идат не можам веќе цела сум укочена и се ме боли премногуу се радував одвај чекав,а сега сум ептен никако и имам грижа на совест зошто така да се осеќам кога веќе се гледа крајот дали е нормално така да се осеќам не знам како да се опуштам да не ми доагаат тие мисли
Девојки го преспав пола ден. Вчера не можев да спијам се ме влечеше болеше а и потсвесно се напнав. Денес немам болки и крвта е пак сменета на слаб кафен исцедок. Сопругот додека сум спиела не издржал се јавил кај матичната зборел објаснувал. Му кажала плодот е добар може некои капилари да пукале како што се ширела матката. Во понеделник ќе ми најдат термин да ме види. А во меѓувреме ако се зголеми крвавење или болка итно на гак. Се слушнав и јас уште еднаш ме смири. Мора да почекаме да не биде многу блиско едно ехо со друго да не ја влошиме работата за бебушот. Ќе си инсистирам на инекции барем уште три. Утрогестанот од 5та недела го пијам мислам дека нема веќе доволно јако дејтво.
Мешиња, како сте? Како што се ближи терминот, мене почнува да ме фаќа паника. Имам тригодишна ќерка. Сега сум бремена со близначиња. Ме фаќа страв како ќе функционирам после породувањето, особено на почетокот...
Сите не фаќа паника, и тие што им е прво и тие што имаме малечки. Во твојот случај и една причина плус за паника има Ќе мора некој да ти помага, па и двајца ако треба. Ако имаш разумна мајка или свекрва што ќе ти помогне, а не отежнува, а и сопруг ќе мора поозбилно да си ја сфати улогата. Ќе се снајдеме ние, добри ќе бидеме Јас пак одсекогаш сонував дека ќе имам батко и две дади близначки, ама ќе имам двајца батковци
И сега имам голема помош, и од мајка ми и од свекрва ми. Од маж ми па воопшто не можам да се пожалам, ептен ме чува и ме мази Ама најверојатно хормоните работат, па на триста работи помислувам. Само да се живи и здрави, ќе пораснат
После колку време од едно ехо смеам да идам на друг преглед? Пред 3 дена бев кај матичната, нешто постелката не ми е баш добро,ми даде утрогестан за да не прокрварам,но пак имам болки во стомакот и имам страв, иако ми е втора бременост за мене ова се е ново, па дали би смеела да идам на второ мислење сега брзо?
Ако нема потреба не се препорачува многу често да одиш, еднаш месечно е доволно. Ама во твојот случај штом имаш сомнеж дека нешто не е во ред, нормално е да побараш и второ мислење. Ризикот е поголем ако не се јавуваш на лекар само да не се зрачи бебето, а чувствуваш дека нешто не е во ред. Пиши како си поминала после, се надевам ќе бидеш добро.
Здраво , 16 недела сум и малку паничам , од време на време имам грчеви во стомак и пијам дабростон и магнезиум за тоа ,но сега на 2 3 пати осетив и вагионално силен грч трае една секунда, како некој со нож да ме пресекол дали ова е нормално ,за 3 дена секако треба да одам на контрола дали има простор за грижи