И јас до ден денес имам такви бодежи доле или странично или вагинално докторката и вагинално ме гледаше рече дека бебето е тешко и затоа и така осеќам и цервикс ми мереше 4цм е сеуште јас од паника се бев со сомнение дека детево ќе ми падне ама врска си немало патем јас пијам добростон покриена со терапија сум ама ради бебуш што тежи коските не болат
Еве ги книгите.. Во првата е најопфатно напишано и објаснето. Секаде по нешто ново и корисно прочитав.
Јас имав скратен цервикс и на 2 недели одев на контрола. Се случи еднаш , во еден ден кај двајца доктори да одам да ме прегледаат. Така да , ако се сомневаш отиди си на второ мислење со време.
Ме прашаа на цтг дали осеќам болки. Ја болки имам 2-3 недели веќе од што е низок дечково, а менструални си имам и тоа честичко. Ваљда не решил да излага а.
Таа линијата долу на листот со планини е? Ако има планини види до која бројка одат, има од страна. 40, 50, 60.... Ама објаснив
Девојки на алфа телевизија го имате Др.Дракулевски зборува за трудници на лето ,интересно е пуштете да гледате
Здраво мамички.. 23 недела тераме ама го чуствувам бебето како никогаш до сега баш е немирна на мајка, ама ако Оти ако ја нема се плашам ме фаќа паника. Е сега да ве прашам ја чуствувам само во долниот дел од стомакот никако горе и некогаш знае баш на Бешиката да ме удира дали е тоа нормално да биди толку долу?
А што е муабетот со него?! На фб/инста ми се појавуваат спонзорирани постови од него, па и за закажување некој мобилен оставен, па на какво ехо работи и сл. Пишува во систина прави прегледи, ама која е поентата сам да си пушта спонзорирани реклами ако е во Систина?!
Нормално е за 2-3 недели ќе почнеш и погоре да ја осеќаш и да ти шета низ стомак ама тогаш и ударите се посилни. Дури и поголемо кога е бебето знае убаво да си се потпре на бешика па и да мава како да те боде некој со игла внатре ама сепак љубов се
Незнам ни јас искрено ,јас на инстаграм ги видов баш тие постови ,зашто посебно реклами незнам и јас се прашував ,прво кога видов мислев дека не е веќе во систина ама кога отворив сфатив дека не е така ,кој ги знае која им е поентата .
Се исплаќа да ја купам книгата на Џонсон и Џонсон? Некако многу скапа ми се гледа над 2000 денари, не знам дали вреди?
Мене ми е подарок. Не знам дали би ја купила сама искрено. Убаво е да се има - мене ми е од мајка ми - прво нешто што го добив откако останав трудна Убава е за бременост, но пишувана е врз база на британски начин на водење бременост кој притоа е и застарен (пр. За 20та недела пишува дека е прво гледање на ехо, дека следењето на бременоста се прави претежно дома, од страна на дула или бабица која преку разговор за симптоми и чувство проценува дали е се ок). Има и работи кои се интересни и убаво објаснети како на пр. Како изгледа матката, како се храни бебето, што се случува во таа фаза од бременоста со бебето, а што со мајката. Какви сѐ промени и развој се нормални, а што треба да нѐ загрижи. За доење има едно поглавје од 6 страни и тоа е убаво напишано. Накратко се објаснети некои работи.. За дете натаму немам читано... Најлевата е најопширна, ама верувам дека е доста поскапа
Многу чудно! Јас знам дека мн го фалат. Другарка имаше многу ризична бременост (претходно 3 абортуси, едно починато) и последната бременост ја водеше кај него. Он бил мн добар за ризични бремености. Ја изгура со него до крај (се породи порано), ама детенцето е здраво, право, цел дечко веќе.
Искрено јас не би дала толку пари؛ Мислам дека искуството на мајките а и самиот инстикт се многу од помош؛ Точно дека е се непознато со прво дете ама сепак мислам мозе да се снајдеме؟ Се изначитав тука мн работи што ми беа нејасни така да мислам ќе ми помогнат да се снајдам а тука е и педијатарот؛
Јас лично не ,али знам од познаници дека е врвен стручњак ,јас се сеќавам кога бев трудна со син ми имаше доста од форумов што водеа бременост кај него @V.odolija има искуство со него она може да сподели .
Книгите се добри во врска до доењето како да го фатиш и да го ставиш на града особено за оние кои нема кој да им покаже и за доста други работи чисто да знаеш што те очекува да не бидеш цела во прашалници кога ќе се роди па да биде и сега што да му правам и зошто плаче