Мешиња дали некоја користела Сумамед во бременост 17 нед сум на контрола докторот виде некоја внатрешна инфекција во матката ми рече не е страшна дека настанува од урината (брисови и урино култура чисти) па ми рече да земам сумамед 6 дена по 1 и лактагин мислам за пробиотик Дали имате искуства со сумамед мине страв да земам антибиотик а од друга страна му верувам на докторот
За Дракулевски имам само пофални зборови.Одличен доктор е, врвен стручњак. На секој преглед си гледа детално се што треба и не те оптеретува со ништо.Преубаво искуство со него имам од првата бременост, сега пак се мислам кај него да продолжам ама ќе видиме. Здравје. Незнам само за какви реклами зборувате не ми излегло ништо никаде, а и зошто би имал потреба од реклами незнам. Кај него секогаш се чека доста за закажување.
Секако ако има инфекција мора да примаш антибиотик подобро е антибиотик одколку инфекцијата да се размножи и да дојде до фатален момент што никој не го посакува, крај краева оди на уште едно мислење не се оставај со едно само
Спонзориран пост Др.Дракулевски и има совети за бременост, папови, некој мобилен за закажување прегледи. Побарај го на фб.
Брисевите ти се чисти, урината стерилна, а ти дава антибиотик и тоа на уста. Дури и кога има инфекција локално се ставаат дезинфициенси, антисептици, па и антибиотици, а ти немаш, бидејќи брисевите ти се чисти. Само пробиотикот би го земала на твое место.
Да обавезно ке одам на второ мислење ова ми го препорача докторот каде што правев ивф затоа велам му верувам ке одам денес и кај матичната да видам што ке каже Дали влијае и фактот дека ми е постелката ниско поставена на тоа што ми дава антибиотик незнам Чудно ми е навистина ке вкдам денес што ке каже матичната па ке одлучам фала ви на одвоеното време
Не, нема врска постелката, не даваат антибиотици за тоа, ама ми е чудно што на чисти брисеви ти дал, затоа побарај си второ мислење иако знае докторот најдобро.
Прв пат слушам. Плодовата вода се заматува од други причини. За да се замати од бактерии, треба да се премногу намножени и тогаш и трудницата би имала симптоми. Плус е нешто доста ретко. Плус, би покажало на брисеви. Не мислам дека е до плодовата вода.
Јас во бременос 26недела пиев антибиотик панцеф што реално не е баш слаб антибиотик,нема ништо страшно во тоа јас и во бременос се оперирав со општа анестезија.. Но сепак оди си и на второ мислење ради што сте уште малечки 17недела
Трудници гледам се муабетите за книги околу бременост / доење. Моја топла препорака - внимавајте што читате. Секако, и лоша книга е добра книга затоа што учиме како НЕ треба, но многу од вас не знаат како треба, и затоа нели бараат книги. Пример - еве една "добра" книга која е многу фалена, со добри рецензии, и секој би си рекол - супер. Еве ми книга. https://www.amazon.com/Secrets-Baby-Whisperer-Connect-Communicate/dp/0345479092 НО, пример, оваа книга кога ќе се спомне на некој од заедницата на жени кои работат во областа доење со новите мајки, едноставно превртуваат очи. Еве ви пример и рецензија од страна на IBCLC која детално објаснува зошто е тоа така и што сѐ во таа книга е контрапродуктивно и може да го загрози доењето: https://kellymom.com/parenting/reviews/review_babywhisperer/ Знам дека не е фер што кај барате литература, уште пак постои и таа "погрешна" литература... Но, како што повеќето од вас мислат дека имаат педијатар кој ќе им помогне (а поголеми се шансите да ви одмогне) не сакам на крај да излезете разочарани. Ако нешто во било која книга не ви се допаѓа - ок. Но, не би сакала ако нешто не знаете, да мислите дека е така правилно, а на крај да испадне контрапродуктивно. Со лесно до крај и среќни и весели да гушкате бебчиња!
Во секој случај видел нешто, а дали добро видел ќе види и другиот доктор. Видел внатрешна инфекција во матката, дали водата, дали постелката, има некој показател што му укажал дека не треба да се остави така.Сумамед е озбилен антибиотик, ама ако мора ќе го пие.
А има ли поубава книга од фемина форум? Ја имаме @Kaetana како врвен консултант за доење со одлични совети во тема доење, имаме неколку докторки кои даваат совети во темата итно, имаме многу искусни мајки кои разменуваат мислења во совети за деца и во темата за исхрана. Па што повеќе ќе прочитате од книгите во споредба со форумов? Да се разбереме, не сум против читање книги. Ама читање книги за растење деца не ми игра голема улога, повеќе би се потпрела на искуства од секојдневниот живот
Докторката ништо не ми кажа, само сестрите. Мислам дека ама баш ич не е страшно. Еднаш има над 50, другово е ниско, незз колку е. Еве го. А докторката рече супер е цтг-то, не рече дека има нешто посебно. Инаку си имам такви менст.болки долго време. Ама се мислам од низок плод.
Во првата бременост пиев @LivingGlam прегназон по едно на ден. Да не е грешка што ти пишале? Инаку супер се.
Па зашто сестрата коментираше ? Докторката не, само две сестри ме прашаа дали осеќам болки. Инаку па ќе кажам си имам јас менст.ама мислам дека си е од бебето што ми е ептен ниско.
Оти си зимаат за право да коментираат, тоа што не им е работа. Слушни се со докторката, таа те видела, најдобро ќе ти каже она. Ее вака, се нервирам кога ставаат црвчиња во главата само, а не се компетентни за тоа