Имав и јас исто цело време менструални болки ноќно време по некогаш и болки во кичмата ама докторот ми објасни дека е нормално ,плус твоето бебе е покрупно ако добро се сеќавам притиска , верувам и дома обврски со дете се заморуваш и се тоа си влијае на состојбата .Не им се замарај на сестрите слушај си ја докторката само.
Оди на второ мислење. Сепак штом дал докторот сумамед, сигурно има причина. Подобро да се уништи бактеријата отколку да направи проблем. Жената која се пораѓаше со мене имаше заматена плодова вода а чисти брисеви. Симптоми никакви.
@Alishan30 виде докторката цтг рече супер е. Бебе тежи 3680 (според мерки де, у живо ќе видиме здравје) . @elcezelce фала мила. Да знам и јас за друг пат. Како сте ти и цуцка пиши? Се снаоѓате ли? Тешко ли е многу?
Ако е стигнато до пораѓање значи дека се заматила водата од мекониум, не од бактерија. Не велам дека нема инфекција, штом докторот вели антибиотик значи има причина. Само не мислам дека тоа го увидел преку плодовата вода, тоа сакам да кажам.
Докторката кажа дека не е мекониум, бактерија е. Зелена плодова вода е од бактерија, црна од мекониум.
Зелена е апсолутно од мекониум. како рекла докторката бактерија, нели кажа погоре дека чисти биле брисевите?
Јас кажувам што кажа докторката. Детали не знам. Не се сомневам во стручноста на докторката. Не е мое искуство па да прашувам за детали.
Не е твое искуство ама кажуваш нецелосни информации на форум на членка која е загрижена за тоа дали да пие јак антибиотик. Ако не знаеш целосно подобро ништо не кажувај. Прво чисти биле брисевите после рекла бактерија е. Не постои бактерија што ја прави зелена плодовата вода. Исцедокот да, плодовата вода не. Зелена, темно кафеава, црна, се тоа е од мекониум. Не можам ни да замислам колку бактерии треба да има во нешто за тоа нешто да добие било каква боја и ако дојде до тоа нема шанси да нема ни еден симптом. Затоа не тврди дека е бактерија. И јас не се сомневам во стручноста на докторката туку твоево е чуено не дочуено.
Што правите вие кои имате проблеми со шеќерот пред бременоста и сте биле на метформин, па ви препорачал д-р да престанете да го пиете. Две недели како не пијам, сабајлево на контрола на крв..гликоза до небеса ми е. Пред тоа ми се нормализираше. Дури и повеќе од стартно колку ми беше е сега. Видов тема само за гестациски шеќер...можда има и за ова, ама.. утре одам кај докторката па ќе видам шо ќе каже. И на ендокринолог ќе морам. Не ми се свиѓаат стварине шо ги читам на гуглето.
Здраво на сите, Едно прашање Ве молам Денес дознав дека поради висока диоприја имам индикација за со царски да се породам. Дали некој имал таква ситуација, совет да ми даде. Благодарам
А зошто метформин не продолжи, некои продолжуваат да го земаат. Едит: лошо се изразив, сакав да речам зошто ти препорачал да престанеш да го земаш, некои доктори го сметаат за безбеден во бременост
матичната рече мах до 16та недела да пијам. Друг гинеколог кај кој исто одам рече..да прекинам одма. Сега сум 12та недела. И очигледно без метформинот, па ќе ми се поремети се'.
И јас знам дека не го прекинуваат,не сум користела ама од слушање. Беше на скрининг?Баш те мислев како си поминала
Не знам што да кажам, чудно, јас бев сигурна дека веќе се смета за безбеден метформинот Порано да, ама тоа да речам кога не било доистражено, а си мислев дека веќе е утврдено дека не е штетен во бременост пошо сум слушнала дека го земаат и препорачуваат Ај ако сакаш пиши што ќе направиш ме интересира што ќе ти кажат
Со претходната бременост останав бремена еден месец откако воведов метформин и ме советуваа кога ќе заврши прво тромесечје да го прекинам. Наводно не се препорачувал после. Понатака до крај со исхрана и мерења го регулирав шеќерот. Оваа бременост ја почнав без терапија ама затоа уште во 10та недела ми направија ОГТ тест и ме ставија на режим на исхрана со 7 мерења дневно. Ако не го регулирам добро рекоа дека се препишува инсулин во бременост. Ти треба да се консултираш со ендокринолог дали сега да правиш огтт или да направиш гликемиски профили во рок од две недели да видат како го регулираш шеќерот и ако не можеш да го изрегулираш со исхрана да те стават на инсулин. Мора да те следи и ендокринолог.
Ете, и јас не знаев дека треба да го прекинам. Ќе видам и со интернистката шо ме подоправи и ќе барам термин за ендокринолог. Ќе пишам шо, како. Тнх Бев. Ехо само направивме пошто доцна ми беше терминот. Се' е во ред бар од ехото и мерењето Малечко е. Ко за една недела помало. Мрдаше, буташе раце во уста, си играше со нешто..врвцата ли шо не сфатив, докторката кажа ама се исклучив од шо ми беше ќејф) Утре и брисеви ќе правам, па ќе видиме и тој дел. Ништо не ми спомна за приска дента. Ќе видам утре сабајле Личи веќе на бебе) помало и од чоколадо. фала ти за информацијата. Ќе мора, така и си мислев. Пошто верувам дека е така. И двеве докторки се добри. И Баш чекав какви ќе ми се резултатите сега, без метформин, а правев крвна слика и дур пиев. Ќе видам утре и ќе убрзувам за ендокринолог. Тнх
Различни се, тоа што се 30 таблетки се едно на ден, а пакувањето од 60 капсули се за 2 на ден. На нашава амбалажа и на тоа од 60 капсули пишуваше едно на ден, тоа беше збунката. Докторот ми рече по 2. Вредностите се од прилика исти, исто железо и др. состојки примаш и со тие од 1 на ден и со другите, само што во вторите има Омега 3 и нешто додатно. Ми е мака пак да споредувам. Сега засега сум уште со Имприл, после ќе продолжам со 2 Прегназон. Колку ти е диоптерот? И јас сум со висок, -5, затоа прашувам. Гинекологот ти кажа за царски или бараше мислење на офталмолог?
Се прекинува метформин во бременост؛ Некои европски земји го даваат, но најновите препораки на АДА (американското здрузение) како и ЕАСД (европското) препорачуваат да се прекине и да се замени доколку е потребно со ниски дози на долгоделувачки инсулин؛ Редовно следење на гликемија дома؛ За ова слушај ендокринолог а не гинеколог затоа што не се исти ставовите а дијабетесот било каков тип е работа на ендокринолог
здраво женски , јас сум 16+5 , но денеска почуствував пецкање во стомакот над папокот и во внатрешноста на вагината не е ни пецкање ни болки , загриженаа сум дали некој има одговор ?