Висок ми е, на едното -8 на другото -5... Само со матичната имам зборено, останува сега со докторот што ќе ме пораѓа. Не знам дали со оваа диоптрија воопшто има дискусија и офталмолог. Инаку сама да не си прочитав на нет немаше никој ни да ме праша за ова. Тебе што ти кажаа? Ризици чуда
Ништо, мене ми е уште многу рано за да мислам на пораѓај. Инаку знаев дека висок диоптер е индикација за царски, само ме интересираше дали има некоја граница од колку нагоре.
Добро, ти доктор си што тврдиш дека нема бактерија која би ја направила плодовата вода зелена? Јас кажав доктор што кажа, ваљда гинеколог акушер знае што збори. Посети ендокринолог. Можеби ке мора да преминеш на инсулин. Мене ми спомнаа дека ако не го нормализирам со храна, ми беше скоро на горна граница на референтни вредности, ке треба инсулин. Што каже докторот, тоа е. Сум читала дека за голема диоптрија, царски е побезбеден. Јас сум со царски, поради друга причина, и само ке ти кажам дека не е ништо страшно.
Ова со процентов претерала, со сигурност. Не е толкав ризикот за одлепување на ретината, а не е ни научно докажан. https://www.researchgate.net/public...ery_be_influenced_by_moderate_and_high_myopia Мислам дека многу доктори веќе и не го сметаат диоптерот ко индикација за царски, затоа што нема докази. Ама секако, ќе си разговараш и со тој што ќе те пораѓа и најдобро ќе ти каже.
Обавезно со ендокринолог Жабче, они повеќе се за оваа работа. Адамова топло ти ја препорачувам на клиника, и со приоритетен е приступачна и излегува во сусрет на трудници. Уште пред инвитрото ме води таа. За Метформинот незнам, кога јас го пиев за пцос, ми кажаа доколку забременам, дека првиот триместар ќе го примам. Често имав хипогликемии, и ми го прекинаа уште пред забременување. Сега еве покажа и кај мене шеќер на горна граница, само со исхрана за почеток ми кажаа да пробаме, и профил на шеќерот да правам. Мило ми е за малото жапче-чоколатце Овие резултати ти се добри Ели Немаш причина за загриженост, до 8,5 е нормална референтна вредност на шеќерот за трудници.
@zhap4e леле сликите која недела си? Да прашам, дали некоја ги користи мерките од владата за трудници за време на пандемијата да не одат на работа? Се носи ли посебен документ нешто или?
Девојки бев и кај матичната и таа вели да пијам сумамед во внатрешноста на матката схм имала некоја линија која укажувала на инфекција јас брисови правев во 13 нед можеби инфекцијата потоа се развила док ми рече подобро да ги примам да не се влоши па пак ке направкме брисови после терапијата тоа е тоа ке им верувам на докторите веројатно знаат повеќе од мене Денес од што се напнав со мислење за антибиотиков и стомакот почна да ме боли сега решив да се смирам и да олабавам Господ да не чува сите
8.5 ти е сосема нормално заѕоа што е во 60мин а тогаш треба да биде до 10 кај трудници؛ Единствено 5,8 ти е на гладно а треба пониско за трудници (5,1) но не е за паника, само ќе внимаваш на исграна؛
Зошто толку се плашиш од антибиотик, ако мора да се пие не е ништо страшно. Ако нешто ти значи јас сум со комплицирана бременост, 3 пати до сега пиев. Чим кажал доктор земај и ич не читај совети тука, зошто те гледа доктор знае што збори. Опушти се. Со помин
Јас немав пред бременоста шеќер ми открија гестациски.Одев редовно на контроли и се боцкав често да мерам шеќер.Докторката ми рече дека ако не можам со исхрана и пешачење да го регулирам, ќе ми даде инсулин.Ама успеав да бидам до граница.После пораѓајот ми остана шеќер одам сеуште на дијабетолог (ова во Германија) и ми правеа разни испитување Докторката сакаше да ми даде метформин ама 100 пати ме праша дали сакам второ дете.Ако сум сакала дете ќе ми дале инсулин.Не јасно ми беше зошто не метформин па ја прашав еден пат докторката и рече во бременост не се препорачува. Така да оди најбрзу на ендокринолог тие најдобро ќе те посоветуваат.Еве јас бев 2 дена пред да одам на гиниколог и докторката ми рече ако си трудна одма направи термин да те следиме редовно.Со боцкање и мерење на шеќерот да те контролираме.Така да и јас ќе одам на ендокринолог секој месец па и на секои две недели. Сликата е милинаДа е живо и здраво и да се гушкате во јануари
Изедов цела милка во рок од 3 саати. Ми се повраќа, ми се гади. Ненормална. Жапче, сликиве се преубави. Јас уште го замислувам ко “точка” а сигурно веќе заличува на бебе и моево Ај ќе го видам за една недела
Пуста стрвост што да правиш иначе и јас едвај чекам да го видам кај ќе правиш скрининг @Chanell* @zhap4e srce malo
Не е толку тешко како што мислев со две деца ,само со бебе мака мачиме со грчеви и ноќни журки од кај 2-3ноќе почнува те плаче те задремува и се така до 5-7негде не фаќа ,за мене ова е ново пошто синко немаше нешто мака со грчеви ,така таман едно си заспал друго станало ама полека влегуваш во колосек и тераш