И мене тоа ме интересира @simonka93 кај тебе првото колкаво е? Кај мене 2 години и 9 месеци ќе бидат разлика.
Големиот е 4год и 1 месец. Отприлика 4 год и 3 месеци ќе се разлика. Свесен е за се, му зборува, го бакнува стомакот, го гали, вели дека го сака. Ама како ќе биде ко ќе се роди, којзнае. Вака со други деца е супер, ама...
Баткото е супер сега за сега нема знаци на љубомора ама го вклучувам во се,се правиме заедно ,пресоблекување ,бањање му зборувам плус постојано му објаснувам и добро е засега
Добро утро. @elcezelce леле ако биде така ептен ќе биде занимливо. Најнервозна сум ненаспана. Ама ќе заборавиме се чим потпораснат. Се се заборава кога ги гушкаш. И фала му на Бога за тој благослов. Инаку ја нема од вчера да пише @monka_bonbonka . Ја мислам има новости кај неа, само не' има малце заборавено.
Стрвост,стрвост, ама осет да се има треба Кај матичната за скрининг. Не ми се ака по болници во ова невреме, уште па и до Скопје да се мкнам за скрининг јок.. А баш размислував, али не ми се ризикува. Ќерче не легнува без да ми го бакне стомакот. Прво прашува,“ мамо кај има бебе,тука?” ќе го баци, па заспива. Синоќа ја прашувам ”што ќе правиме кога ќе плаче бебето?” вика “дада нишка” аииииии * 11 недела добродошла *
Јас го користам мерките од влада. Бев кај матичнатами даде Извештај и го однесов на работа заедно со барање за да не одам на работа.
Здраво Јас носам наочари, диоптерот ми е - 4. И во првата бременост одев кај 2 докторки, ни една не спомна ништо. И кога влегов во 9ти случајно прочитав за истото овде. Отидов на приватно кај докторот кај кој одев често. Прво ми рече диоптер над - 6 е индикација за царски, ама ми направи и преглед и кажа се е во ред. Но, при редовен преглед на гинеколог од ГАК, го прашав ми рече за да ми признаеле документ требало да направам преглед и на Офталмологија во Државна болница. И една недела пред да се породам, отидов и таму. Ме прегледаа и ми рекоа дека е во ред и дека можам природно да се породам. Доколку можеш, секако консултирај се со гинекологот, но направи си и преглед кај офталмолог, тој ќе ти каже најдобро, според прегледот.
И јас така викам ама мора да каснеш малце срцка она гушнија силно од мене.Јас уште не сум остелила ова ми е прво.
Со лесно само, и здравје после првото второ, па после второто трето да си дочекаш И јас до трето ќе одам.
Нека е живо и здраво ова па за второ има време, а за трето ќе размислам И тебе со лесно ајде уште малку имаме од првиов триместар па да здивнеме
И ја би до трето Како се справувате со мачнини и замор? И јас од денес сум 11та недела,ама еве една машина пружив сега се уморив следната недела сум на прв скрининг и едвај чекам да го видам црвчево И дали прво правевте прв скрининг па испитувања или правевте испитувања па прв скрининг?
Јас да ти кажам се мачам малце повеќе пошто и низок притисок имам иначе јас ќе правам скриниг на 29 тогаш ми закажа матичнава и брисеви тогаш ќе ми земе
Ја смирувам мачнини со кисела вода и обична ладна вода ама тешко се издржува,се надевам дека за некоја недела ќе изчезне се ова Ви се познава ли стомакот? Ја и од претходно си имав стомаче и сеа незнам што од што ми е
Во 10-11. недела ми се подсмирија симптомите, ама еве, 12та терам и пак ми е лошо, уморна сум, киселини ме убиваат. Повеќе ми е издуен стомакот од течности и гасови) мислам дека, одошто од какачено. Ама во долниот дел каде е сместено, се приметува разлика. Бев брисеви да ми земе матичната и на ендокринолог отидов. Следна недела ќе ме боцкаат за тестот што ми го спомнавте за шеќер, па после ќе видам шо-како ќе каже. ПРИСКА не ми ја ни спомна матичната. Остана се' на мерките шо ги направи она. Цел ден го окапав во редици. Следна недела пак. Ма, ќе биде се' океј)
Дали има некој нарачувано од sirinstore01?гледам имаат гнезда по 700ден па ме интересира дали има некој воопшто искуство со страната или конкретно со гнездата?
Да да и мене киселони ме уништија, ама ми рече докторот сда пијам сода и вода така да ги регулирам со тоа,мајка ми вика ааа ке де роди со коса ова маж ми вика стомакот не ти е од трудноќа него што си дебела а ја јадната едвај 50кг имам