Што знам... Не сум знаела дека не смее. Сум пиела два пати во овие три месеци, навистина ми го смирува нервозниот стомак.
Женски кај купувате труднички фустани, фармерки,хеланки ? Дали има некоја добра страна што праќа по карго? За брзо време ке ми треба и свечен фустан имам свадба па дали да шијам со време или да гледам негде да нарачам
Јас си најдов во Ваикики фустан за шетање сепак мора да пробаш јас кога ги пробував во бутик Ева ништо не ми стоеше бев 5ти месец изгледав како за пред пораѓај едино што можеш да нарачаш се хеланки или фармерки. Јас хеланките ги земав од стружанка 400 денари и супер се погодија башка памучни се
Имаш на фб бутици за трудници, пиши и ке ти излезат. Јас од Ева порачував тексас фустан и убав е. Најубаво е да пробаш на лице место за свадба. И во ваикики има убави работи, пред две недели некаде видов преубав црвен фустан на преклоп, долг, како за свадба би бил супер. Но и после тоа ке можеш да го носиш. Од ваикики и работи кои не се во труднички дел може да пробаш, јас се од таму купив и сега ги носам.
Добро утро мешиња. Ние денес 36+0 како ближи времето се повозбудена сум , малку и исплашена...ја водам бременоста во Плодност (ивф сум ) е сега др.Таше ми вика до крај ќе си чекаме ако има услови природен пораѓај да биде ... а бев и на преглед кај др доктор пред две недели дека мојот др не беше слободен и тој ми вика да сум јас би одел царски ради што било ивф .. и малку се подзамислив .. а немав ризична бременост до сега се ок ... бебе е свртено со главче надолу нема некоја индикација за царски освен што овој другиот доктор така ми рече ... некоја што е ивф да каже мислење или да сподели искуство...
Јас не мислам дека заради инвитро мора да е царски пораѓајот. Имало случаи кога е инф па нормален пораѓај и обратно нормални бремености па завршиле царски. Би требало да има индикација за царски: одредени други заболувања, мала карлица, карлична поставеност, голем плод и сл. Доколку се е тоа во ред нема зошто да биде оперативен зафат, според мене. Штом ти рекле се е во ред, објаснувањето дека оти си инф не е директно поврзано и не треба да биде со царски
И јас така си мислам и плус докторот што ми правеше ивф вика си чекаме до крај ... ништо ќе чекаме .. јас и на часеви си одев спремна за природно уште малку остана одвај чекам
Сигурно знаеш колку придобивки има за бебето од природното породување па затоа пробај си природно.Природно си е природно особено со епудуралот болките не се осеќаат.Со лесно
И на мајчина школа сестрата кажуваше дека најдобро е природно ако нема потреба царски.. дека бебето само е спремно и почнува да излегува .. не дека нешто ќе му биде на бебето ако е царски ама мајка природа си го прави своето.. јас викам да е добра мисла и здрави прави да си ги дочекаме сите да се израдуваме
Јас пред 3 недели се породив по втор пат со царски разлика 2 год од претходен и еве раната не е целосно затворена ткивото се отвара на 3 дена одам до болница превески дома што ти уште не правам а природно незнам како е ама сигурно е после тоа полесно.
Бебето кога се раѓа минува низ родилниот канал и со тоа доаѓа со милиони бактерии во контакт .Тоа му помага за градењето на имуниот систем на бебето. Не сум јас против царски ама сметав дека нема разлика што членката е ифв дека мора царски. Карлично бебе сум била и јас.Мајка ми природно ме родила со провокација за пола саатИсто тука во Германија ги пораѓаат природно ако големината на колковите на бебето е исто со главата ова на часовите не учеа .Дека се е исто само бебето нема да биде со јајцевидна глава туку убава округла како при царски
@Chikitaa зависи каков проблем сте имале па си се оплодила со инвитро и од тоа зависи дали царски или природно. Обичното да, пораѓаат царски поради инф.и поради годините на жената, но ако сте биле со машки фактор тогаш секако може природно да се породиш. Јас пример можев да се породам природно но претходно имам операција на миом и докторите не ризикуваа, ако немаш некој проблем со матката, плацентата, голем плод и сл.чекај си природно. Како и да е, сепак боли но затоа сме ние жени, храбри борци и се ќе издржиме за бебе.. Со лесно
Здраво дами,Прашање за оние кои минале еднаш низ пораѓај.. бремена сум 35недела вчера бев во болница да закажам за пораѓај (во Германија) додека чекав за разговор во собата до мене имаше женичка што се пораѓа, јас никогаш не сум слушнала такво дерење, викање од дно на душа како жива да ја запалија..многу ми беше страшно ме исполни со огромен немир и цело време само ги слушам пискотниците во глава ми останаа.. Првото прашање до бабицата ми беше дали сите прават вака ми рече да, нозете ми се исекоа.. Зарем сите родилки досега ја изрсзувале болката со такво викање.. Знам дека боли свесна сум и дека сите офкаат лелекаат.. Но ова ми внесе страв во коски од пораѓај и неможам да мислам на друго.. Треба многу енергија да истрошиш за да викаш толку многу.. На сите ви беше вака?