Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.804
    Допаѓања:
    33.748
    Пол:
    Женски
    Со епидурал ништо не боли.Само е глупо што не знаеш кога да напнеш оти немаш болка.Јас напнував ама на празно.И мм ми вика не така овака напни(facepalm)Тој од искуство 5 ги има родено:rofl::rofl::rofl:Јас место да се концентрирав се смеев на глупостите на мм(facepalm)

    Не се плашите женички не е ништо страшно се минува за еден ден и се заборава одма пошто се што е битно е бебето гледате нему да му погодите:l:
     
    На elcezelce, Chikitaa, azelea и 5 други им се допаѓа ова.
  2. karibian

    karibian Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2014
    Пораки:
    1.246
    Допаѓања:
    3.423
    Пол:
    Женски
    Да заради висока диоптрија морав царски заради пукање на капилари при напоните @MPR
     
    На MPR и kukla21 им се допаѓа ова.
  3. NewMamaBoy

    NewMamaBoy Активен член

    Се зачлени на:
    18 март 2020
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Женски
    Јас ќе го имам и маж ми до мене во соба,(дозволено е во Германија а и он многу сака... Јас не баш ради викањево) мислам дека ако почнам да викам така јако ќе падне во несвест,ќе го мислам цело време.. али најверојатно со тие болки баш и не ти е важно што се дешава околу тебе ‍♀️
     
    На Lovebug01 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.224
    Допаѓања:
    18.972
    И јас бев таква од вака приказни со вриштење и порано викав царски дека ќе си одам нема шанси да трпам се дури не открив дека постои епидурална :D Веќе неколку ми кажаа дека се породиле брзо не осетиле болки 2ч после пораѓај станале си се туширале шетале низ соба...Така да чиж и ти одиш ремедика не би се секирала бар ја не му ја мислам веќе :l:
     
    На Chikitaa, Izzy_0504 и Lovebug01 им се допаѓа ова.
  5. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    Само се да е во ред и да не мора царски:) Имам уште време ехее за психички да се спремам :D

    @NewMamaBoy и кај нас е дозволено сопругот да присуствува во приватните болници ама сега не заради короната. А и да беше дозволено не би го зела, наместо мене него ќе треба да го тинтрат :rofl:
     
    На Meckicja и Milkiway им се допаѓа ова.
  6. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.224
    Допаѓања:
    18.972
    Мешковци
    Како се справувате со по дома со средување 7ми месец почнувам. Не кревам тешко секако ама преуредувам фиокари толку се уморувам ќе клекнам не можам да се исправам(facepalm) Не знам дали сум превише улежана или ептен не можам ништо. Си викам да одев на работа 8ч од столче не сум станувала ни за во вц од што сум имала работа како ќе функционирав. Дури и работава надвор од ск ми беше 20км во ден ќе требаше сигурно патолошка да отворам |( не знам дали сум ја волку нежна или сум наплашена да не нешто се случи.
    Вие како се справувате со секојдневие?
     
  7. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    @Milkiway јас сум 33 та недела ,дома реновираме чекам плакар да ми стигне па да почнам да перам и претерувам алишта ми каснат една недела мм се јави му рекле уште 10тина дена(facepalm)(facepalm):headbang:
    + Одам на работа , среќа немам физичка работа таму ама па психички се уморувам таму:?:
    Дома правам пола саат поработи пола саат полежи:rofl: се мора вонредната состојба ми одолговлечи се:( едвај чекам да помине сѐ ова
     
    На azelea и Milkiway им се допаѓа ова.
  8. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.224
    Допаѓања:
    18.972
    Мене работава од дома ми е ама дома што викаш 30м ќе поработам па 10мин ќе се испружам иначе се ме боли. А за средувањево и мене ме чекаат плакари преуредување кречење и викам за 1 месец којзнае што ќе правам (facepalm) за другиве пофизички работи мм ги прави ама не може он да ми среди регал јас како што ќе го наредам и здиплам :rofl:
     
    На Chikitaa му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    А зошто не почнете порано ,кај мене нема услови за работа од дома зошто работата ми е со кандидати , уште 20 Тина работни дена ќе се издржат некако ваљда хаха. За дома само што почнавме со реновирање т.е доправавме уште една соба од темел ,карантини почнаа полициски часа... Среќа 80 % од работите мм знае да ги прави инаку ќе се породев растурена. Сега остана уште мебелот да го донесат. Совет ти е порано да искречите зошто како поминува времето се потешко ќе ти е за работа ,јас пример сакам се да завршам и да седнам раат е сега нема така мора одмарање инаку почнува да ме боли половина стомак се. И кај мене мм средува тоа што е потешко ама и жал ми е две недели после цел ден по бандери се враќаше и до 22-23h со гипс картон дома се занимаваше .
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  10. K7M10J

    K7M10J Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    1.305
    Допаѓања:
    3.368
    Пол:
    Женски
    Никако да ти кажам.... 31 ва недела, мало дете секој ден е порастурено и се нервирам веќе... Среќа не одам на работа. Фасада правевме, не можеме мајстор да најдеме за завршниот дел, маж ми се запнал спална да сме нарачувале, вчера од Синлаб се пикнавме во салони за мебел... Зависи што ќе порачаш ама минимум 45 дена достава... Самата помисла дека цел плакар треба да го испразнам и се да извадам и да чекам да дојдат, а веќе во 9ти ќе бидам ме ужаснува. Треба да се кречи и веќе не знам. Вака беше и со претходната бременост. Цела зима реновирање. Во Чаир на ЦТГ почнав да одам, а кујната уште не беше монтирана. Не знам кога ќе се исчисти и нареди...
     
    На Alishan30 и Milkiway им се допаѓа ова.
  11. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.224
    Допаѓања:
    18.972
    Знаеш како се си се надевавме дека Корона ќе нема на лето или дека ќе има минимално заболени и кластери и не испадна така.сега веќе кога сфативме еве се спрема мм да земе некој ден одмор и сам да кречи. Дома мајстор од страв не ми се вика па се сами ќе мораме да правиме. До пред 1 месец бевме во карантини што се вика времево си поминува ама до крај на август верувам ќе се средиме.
    Ете проблем ми е не одам ни кај мојве не се мешаме со никого па дури се кречи немаш кај да отидеш... ја си планирав испомош за чистење да светнам дома ама и од тоа ништо... Само да помине ситуацијава има 3 дена прослава да правам :rofl:
     
    На Meckicja, Осе и K7M10J им се допаѓа ова.
  12. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.498
    И ние чекаме да се селиме ама како тргнала работава пред да се породам се ќе треба да внесуваме (facepalm) јас точно од 7ми месец почнав да осрќам повеќе замор некогаш кога е по топло не ни шетам ништо не правам мислам дека и кичмата и стапалата ќе ми прснат. Си викам ако сега ми е мака до 9ти што ќе биде :?:. Само нека не послужи времево да е по ладничко:inlove:
     
    На azelea и Milkiway им се допаѓа ова.
  13. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.059
    Допаѓања:
    118.953
    Пол:
    Женски
    @Milkiway се' работам по дома, плакари средени, мајстори закажани, мерки земени. Од следната недела ќе се реновира.готвам 2 пати дневно, стојам на нозе.
    Уклучувам перални, диплам шкафови.
    Вчера кај татко ми стоејќи ставав фуги на новите плочки.:D
    Не сакам да лежам, и се да ме боли. Колку повеќе лежам толку повеќе ми смета, имам забележано.
    Не кревам тешко, но од маркет знам со полна ќеса да си дојдам дома.
    Живеам на 4ти спрат без лифт, 2 пати дневно ми се случува да ги качам и симнам.
    Маж ми по цел ден не е дома, ако седам сама во 4 ѕида и да не правам ништо, ќе збудалам.
    Цвеќиња одгледувам, рипките ги чувам и тинтрам во аквариум.
    И се оптеретувам со мојата исхрана во грамажи заради дијабетот, а за маж гледам разновидно да му зготвам и барем он да е задоволен.
    4 месеци од кревет не мрднав, кога ми кажаа дека се е во ред, најнормално си функционирам.
    Може и претерувам но одкога се движам, прашинка немам, корпите испразнети, спална постелена, дури и испеглани маици на маж за на работа секој ден да има за цела недела, да носи.
    Премногу време имам изгледа, и незнам што со себе:lol:
     
    На LivingGlam, Monella, elcezelce и 10 други им се допаѓа ова.
  14. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Бременост со инвитро не значи дека е поризична од природно зачнато бебе. Така што само инвитро не е индикација за царски рез, ако се друго е во ред.
     
    На NIKA@, azelea, Alishan30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. K7M10J

    K7M10J Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    1.305
    Допаѓања:
    3.368
    Пол:
    Женски
    Блазеси ти јас кога ќе се наведнам мислам цревата низ нос ќе ми излезат и стомак ме боли и одма се правам жива вода, а и малово душа ми вади...
     
    На Alishan30 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.224
    Допаѓања:
    18.972
    :D Браво стварно така треба изгледа јас многу паничам па ќе фатам нешто и одма се пресекувам (facepalm) Мора да почнам по малце е сега кај мене е друго што ја работам од дома па 8ч во ден сум на лап топ и после сум преморена не ми се чепка. Едино што готвам тоа не ми е проблем само знае поред шпорет да ми се слоши од топло :doh::@ И јас сум за колку позафатен толку подобро од ова седење на кауч и лежење веќе се ме боли. Мора друг режим да фатам:rofl:
     
    На Brpbrp, Alishan30 и Осе им се допаѓа ова.
  17. Vojdana

    Vojdana Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    1.878
    Пол:
    Женски
    Вчера правев крвна слика и резултатите хаос...
    Хемоглобин 111 и серумско 11- ај не е страшно ама намалени еритроцити имам и намален хематокрит...
    Лимфоцити исто така намалени...
    Јадам како што треба, секој ден различно јадам и Премама пијам ама изгледа џабе...
    Во урина повторно бактерии, па сега уринокилтура ќе правам пак. Изгледа Панцеф што пиев во мај не ми помогна баш многу...
    Ми се вртат во глава сценарија дека ради уринарна инфекција ќе се породам рано...
    Денес си влегов во 25-та недела...
     
  18. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.059
    Допаѓања:
    118.953
    Пол:
    Женски
    ^вчера нели фуги правев, и ме бркаа да си одам дома, јас за да не си одам фугата ја ставав.
    Како си дојдовме со мм, се истуширав и комаа, :D :Dни знам како сум спиела, ниту кошмари и глупи сонови, ни ништо. Во 8 станав наспана.
    Кога сме зафатени со други работи, стварно немаме време за паничење.
    Како сите, така и ние, не сме привилигирани ништо повеќе:lol:
    А за работа, иако сум јас дома, 24/7 сум достапна за пациентите мои, па ме бараат често. И тоа не ми смета, да не загубам од времето, барем ме анимираат и со нив се окупирам:D

    Малку сум луда- претходно не бев ваква, сега хормониве ме пореметија да сум вредна, претходно нонстоп дружби и не се вртев толку дома:rofl:
     
    На Monella, azelea, K.Mari4ka и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.224
    Допаѓања:
    18.972
    Даа скроз си во право и ние претходно дома не се врткавме сега како да не знаеме што да правиме :D:Dама ќе се охрабрам и ја да почнам повеќе работи да правам иначе вака не ја бива се сум во паники. (facepalm) што викаш кога ќе се окупираш ќе заборавиш дека си трудна и нема да се паничиш за ништо:D
     
    На Осе и Alishan30 им се допаѓа ова.
  20. eli.karameli

    eli.karameli Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    2.019
    Допаѓања:
    5.534
    Ве читам и ви се дивам. Средувате, реновирате, пазарите, постелнина мењате. Браво бре жени. Само јас сум преплашена оваа бременост, жими еден ручек и све сум си легната во кревет. Два пати бев облека купував почнаа некои менструални болки и веќе од дома не сум излезена. Се движам само дома. Па од толкава параноја и ми е страв со кола да се возам, улициве све се дупки, мислам ќе го плукнам бебето :rofl:
     
    На Monella, mssuniquee, ivance.. и 4 други им се допаѓа ова.