За да не се нервираш побарај направи ехо. Јас на 2 -3 недели го правам заради тоа што одам на две мислења.
Здраво јас повремено осекам болки во половината но имам забележано дека најчесто ми се од повеќе движење или ако нешто повеќе фатам по дома да работам. Јас сум 15+5 недела со близнаци. Прашав доктор ми рече не е страшно повеќе да одмарам (плус сум со ин витро..)
се слушнав со докторката .... рече во среда после крвната слика ќе ме види , една паничарка што сум станала боже боже веќе срам ми е да и се јавувам
И јас сум иста ама подобро да си напрајш ехо да си бидеш мирна него па вака и ја од паники на 2 мислења почнав да одам
Што правевте по првиот скрининг? Имавте ли прегледи кај матичната или било што друго, освен д-димери за тие кои треба да испитуваме секој месец? И кога точно ви беше втор скрининг? @Zuza28, пуштам среќа се' да мине добро.
Со лесно мила. @prinstongirl2 се породи во таа недела мислам. Супер се. @Presrekna има искуство слично како твоето. Сега малата да и ја видиш... Убавица.
И јас сум се родила премала, и тоа надносено. Си има и ген улога. Само нека ми е жилавка. Фала на поддршка, тебе те претркувам сепак а и @LadyC Само со лесно.
После прв скрининг преглед во 16та недела направив. Крвна слика и мокрача тоа испитував. А втор скрининг 22ра недела правев
Мене ми рекоа нареден преглед со крвна слика и урина во 18 та недела,а втор скрининг ќе правам 21-22 недела
Фала ти. Ориентационо бар да знам што да барам и очекувам пошто, освен брисевите оној ден, друг муабет за следно немаше. Па и јас се замаив со ендокринолог и слично и изумив да прашам.
Па да,тоа е генерално,е сега ако на брисевите ти излезе нешто (не дај боже) тогаш ќе мора нели терапија па да се повторат или ако имаш во меѓувреме други здравствени тегоби секако ќе се консултираш со гинекологот. До следен преглед уживај и гали меше
Не си мала. Се породив во 34 недела бебе беше само неколку саати на кислородна подршка, си дојдовме дома после 3 дена, не беше во инкубатор. Не се плаши, таман си, се ќе биде во ред
Оххх мила тебе те прочитав баш, ама вие имавте многу добра килажа. Моево е цуфче. Само нека ми е живо и здраво... Гушкајте се вие домче