Гледав во термини, денес утре од @Среќичка мекиците ке ги јадеме. Па за некој ден од @LadyC . Пишувам за да не се прејадувате. Да си направиме место за мекици
Жени, користите гелови за дезинфекција на раце? Денес баш прочитав информација, американската ФДА забранила многу брендови, затоа што содржеле метанол кој се апсорбира низ кожата. Испаднало дека голем број на производи на пазарот содржеле токсична супстанца. На декларација пишувало етанол, при тестовите испаднало метанол. https://www.fda.gov/drugs/drug-safety-and-availability/fda-updates-hand-sanitizers-methanol Кај нас ко што нема никакви контроли, којзнае што мачкаме.
Јас само на заминување од прегледи шлапам, дур стигнам дома за да се измијам. Ми се мота едно гелче во ташна од март уште, е толку ретко го користам. Ама па никаде на друго место не одам.
Исто, само на влез-излез од болница, лабораторија и маркет. Ама сега ептен се замислив, ќе избегнувам дефинитивно. Пазам на козметики, што јадам и пијам, а испаѓа токсично нешто што ич не сум го помислила.
Тоа е тоа што го зборев во темата за Детска козметика кога ме нападнаа и ми рекоа "слободно да се шлапам со нафтени работи" дека не е се како што пишува на декларацијата на производот особено кај нас кога све живо и диво се препакува само за профит не ми ни чудат вакви испитувања. Не зборам за сите производи има некои и што се оргинал али тоа е прашање кои производи се тие како што кажа @LunaGrey претури си од дома знаеш барем што има во шишето
@eli.karameli @naturallmess @azelea Фала многу мешиња се напив и сум заспала па отидов на забар осмицата скроз расипана од неа ми било страшна болка имав, го исчисти и ми стави лек 3 недели најмногу можам да го носам...па здравје да се породам и ке го вадам сега една недела пред термин не смее ништо да се прави.
Денес бев на прв скрининг во државна, како и претходно кажано не зборуваат многу.. резултатите се следни Некој што скоро бил да каже мислење или споредба Според циклус сум 13 недела, според мене и гинеколог 13+6
Супер си е се؛ Плацента добра, сакус што значи плод се развива؛ Узивај во бременоста поради тоа што тоа е најубава работа што мозе да и се случи на зена؛
ѕверка си. Само да ти кажам ја и @Среќичка се договоривме да сме различен ден дека мислевме на вас. Тешко ќе ви беше на топлово. Само здравје инаку, ама ме изнасмеа од срце.
здраво , јас сум 17+3 и сега при станување чуствувам некако како тежина незнам како да објаснам доле кај матката над матката , поточно под папокот .. па се плашам може совет
Ако е отворен стави паста намачкај го мене така ми помина. Јас одев на 2 недели во државна соба 36 мислам беше за извештај за клексан и мора ехо прво.Секој преглед ми траеше по 20 мин се детално и мерки и секој пат и некое чудно мислење или совет ќе ми дадеаама бев изненадена дека беа расположени и подолго ме гледаа на ехо.Со претходната бременост дали 1 мин колку фа видат срцева акција.
Имате ли некоја страна што ја следите на YouTube што споделуваат убави вежби за трудници? Веќе една недела половината и колковите не си ги осеќам од болка, активна сум секоја ден не сум улежана, знам дека треба да боли ама на моменти како да ме фаќа грч или некој нерв како да ми се притиска и болката станува неподнослива, па сега ќе пробам со вежби да ја ублажам колку можам болката.
Јас во мало шишенце од парфем си носам 96% алкохол, и со него дезинфицирам раце. Вие што се по втор пат бремени, од кога почна да ви се познава мешко? Јас сум 11, личам ко на 22 недела Читав дека во втора бременост порано почнувало да се познава, ама многу бе ова моево
Не претерувај, ќе си ја заебеш кожата. Подобро почесто миј ги. Ја цел живот гелови користам, ама исклучиво кога немам каде да си ги измијам рацете. Во меѓувреме, не се фаќам по лице. Тоа ми е навика, пошо сум гадлива. На почетокот на вирусов маж ми (паничар), ме тераше на секое да ставам, рацете ми испукаа и рани ми се направија. А и не е убаво па претерано миење со тоа, после кожата појше бактерии ти лепи.
И јас бев така на почетокот многу брзо ми растеше стомакот и многу повеќе ми се познаваше за разлика од првата бременост ,ама на крај со вторава бременост имав многу помал стомак за разлика од првата ,ќе стагнираш понатаму не се секирај ,јас така си викав леле до крај кој знае колкава ќе бидам ама не е така
И јас сум со второ бремена кај мене почна трудничко стомаче да се познава 19 недела. И тоа што имав вишок кг од првата бременост. Прееска постирав слика од моево стомаче сега во 21 г.н +3 (баш види).
@Chanell* и јас сум 9 недела и навечер ми се познава позаоблено долу под папокот.Со првото во 5 месец бев волкава
Тоа е со вторите сме си поголемки сите, олабавени мускули, може и малку здебеленки, тоа е. Денес ендокринологот ме праша да не сум била на крај пошто така изгледам, а јас 31ва недела сум