Здраво девојки, денес бев на втор скрининг кај Димчев и се е во ред со бебињата, бремена сум со близнаци 22+3. Цервикс 4 цм со мал фунелинг. Ме загрижи само тоа фунелинг...искуства?
нешто почна се поголема и поголема паника да ме фаќа , за неколку дена ми завршува одморот на работа инаку до сега од како дознав дека сум бремена идев само прва смена со сопствен превоз и немав контакти никаде освен со неколку колеги на раб. во канцеларија , сега после одмор ќе морам да почнам да одам втора смена и да се мавтам во ЈСП по еднаш во денот ...... веќе сум 17 + 3 ама како се шири коронава се повеќе страв ме фаќа .... немам опција за мерки да користам не прифаќаат на работа и исто така единствено да отварам патолошка што баш не ми се допаѓа како опција .... има некоја од вас искуство со мешање со луѓе , мерки превземам максимални каде и да одам , реално ама малку ме фрустрира јавниот превоз
Ај вчера спиевте, касно пишав, па никој не ми врати. До која недела се става утрогестан? Како до 34та да ми рече, ама заборавив. Ја еднаш навечер го ставам, ради благо скратување на цервикс, ама тоа не знам колку игра улога по 34 недела (и така веќе мора да се скратува), а може и веќе нема да делува.
Ако имаш опција за патолошка да отвориш тогаш подобро отвори си, не дај боже да фатиш од коронава или друг вирус гледам дека доста и стомачен имаат периодов никој фала нема да ти каже ако можеш да се заштитиш зашто да ризикуваш
Тука сум, тука сум само бев на кратко до ДМ за пелени и слично и после сум заспала. Си викам да поспијам додека можам. Леле не ми се верува дека ни се ближи крајот. Додека ми беше страв да не се породам пред време сега одвај чекам. Јас @Zuza28 ја мислам, може во ист ден ќе се погодиме иако навивам таа да издржи повеќе @stoimanovskamarija која ќе биде прва, јас или ти?
Хахах ке биде тесно мила мене ми рекоа нема скоро да и се излегува никакви индикации а мајка чека со душа нестрплива е како слонче се движи мислам прва ќе си hug:
Јас ставав до 34та недела, точно... Кога бев на ехо во 32 та докторот ми рече толку од утрогестан и така само од себе се намалува цервиксот во 8 ми месец, но јас имав купено ново пакетче и реков ќе го искористам, а и си имав замислено дека во 8 ми ќе ги ставам бидејќи во предходната бременост ме фатија тогаш болки но среќа не се отворив. Која недела си? Некоја мамичка да е 35 та недела да се подржиме... Некако сите една по една си одат од тука, колку останавме на влез на 9 ти
Димчев сам мери цервикс или треба да му кажам ? Можеби гледа индикација на ехо па тогаш? И јас сум за 2 нед на втор скрининг па дали да прашувам
Немаше индикација кај мене, направивме муабет од претходни прегледи како што и ми рече дај ќе измериме.
Јас сум 32+0 од денес, последна кутија купив, точно ќе ми траат до 33+5, ваљда после тоа не треба уште една доза (едвај чекам да го мафнам, мака ми се секоја вечер, па и некој сладуњав мирис имаат, ми се гади цела на нив мирисам). Ех, ти завидувам, да ти кажам. Едвај чекам да дојдам до влез на 9ти, ми се смачи веќе искрено, само акам лево десно по топлово од нервоза. Ајде издржи, многу било, малку останало
Здраво на сите! Пред два месеци имав спонтан без никакви хируршки интервенции и гинекологот ми рече дека после првата менструација доколку сум психички подготвена да се врлам пак на работа јас почекав после 2та и еве денеска направив тест и сум 2-3 недела (8 дена ми доцни) незнам дали да се радувам бидејќи имам и страв да не го доживеам пак истиот пат. Поздрав на сите и со лесно! ❤