Немој да се плашиш биди позитивна и таква енергија ќе даваш на бебето ,овој пат ќе биде со лесно Јас 36+3 тука смее
Со лесно до крај и само позитивно Многу тука сме минале таков пат, некој повеќе, некој помалку, некој па ич трнлив, тука сме да се поддржиме Ако ти доцни 8 дена би требало да си 4-5та недела.
Само позитивно и со лесно и јас исто имав спонтан и после првата менструација останав еве терам сега се е супер.Само опуштисе и уживај не мисли на тоа што се случило те гушкам
Правев тест на ClearBlue и ми покажа 2-3 недели. Фала ти и само позитивно овој пат Фала со лесно и тебе!! ❤❤
Од денот на последна менструација ги рачунаат неделите, тестот може ти покажал од зачнување спрема нивото на бета хцг. Како и да е, со лесно уште еднаш
Ми треба хелп жени. Имам болки во кичма и во вагинален канал од пред некои 40 мин(може и повеќе) ,на секои 15тина минути отприлика, не знам дали се лажни оти со првото ич болки немав. Боли тапа и малце цело време ,ама на тие 15тина да ги речам ужасна болка ми се појавува. Не знам дал да ја барам докторката, цел стомак ми е камен тврд.
Фала мила. Во текот на денот ќе е, кога не знам, ама еве цела вечер од болки не спијам. Пробав , ама ме будат.