Ич не сум спиена од болки, таман задремав ми го "навреа у задник" . Мразам клистирање. Ќе биде моево подоцна малце, ќе ми правите друштво, да ви покажам какви секси надколенки ми акнаа не ми се верува. Против тромбоза биле. Бебево ме истрча, требаше мааалце покасно да биде. @Zuza28 кај си ти мила?
Хахахаххаха ме изнасмеа со "навреа во задник" битно стигна до крајот толку издржа уште малце останало што убаво се поредивте секој ден мекици
@LadyC ајдеее, нека е со лесно и со позитивна мисла Денес е убав ден, секогаш ќе ти го паметамракчето доаѓа. Се исповозбудив
Едвај дочекав да ми ги извадат тие доколенки. Јас сум во соба 3014 го направив првото станување, оа може ќе можам да шетам денес, утре елај си ако можеш
Ајдее со лесно @LadyC ќе си се олесниш сега таман на жешково @kukla21 јас имам такви горе се како со подвезица дури Компресивни чорапи се ама без компресија за трудници да не отекуваш за подобра циркулација на нозете и сега на жешково не осеќаш дека ги носиш
Ајде со лесно, и мене ме фатија болки 37.3 сум, а мислев барем уште една недела ќе помини, најверојатно утре ќе биде моево
@Zuza28 во 3010 сум. Сами ќе сме у соба а? Јас сум сама моментално. Како ти е раната? П.с. чукни, намини, кафе ќе пиеме. @kukla21 еве ги. П.с. брисот за ковид воопшто не е језив. Ќе видиме кога ќе ме фатат. Значи едно бебе плаче , зајде девојчиња, ја не знам што мајка е тоа што го остави да плаче толку долго... Којзнае колку време плачеше. Грев да те фати.
Денес се распишував низ темиве, па реков и овде да ве поздравам. Ми недостига темава Добри сме со жабчето, скоро па се навикнавме. Ми беше тешко на почеток со станувањето навечер плус раничката од епизотомијата ме мачеше, ко којзнае колку да бев сечена. Сега веќе е поинаку. Имам енергија, бебка си цица, фати некој ред и таа. Маж зеде одмор, додека е вака малечка да ми помага низ дома, пошто ко врзана е мојата за цицето. Не ми се остава на другите луѓе по дома.. немам доверба, единствено да ја подржат малку во наше присуство може, а да ја оставам ,да се туширам или да вршам некои мои потреби сеуште не можам А да и да кажам последен пат се наспав во четвртокот, пред да се роди Софи Со лесно на сите идни мамички Едит. @LadyC Ептен секси ти се чорапите
Леле стварно значи вие заедно сте таму Јас толку многу сакав друштво од форумов ама ништо. @monka_bonbonka сигурно веќе се дома.. Ај ќе пишувам тука па исто како да сме заедно
Со лесноооо како отварам само читам некоја од списокот со термини што е блиску до мене .. ахх блиску сум и јас
Јас се намачив со киселини. Гастрогард, рупурут, зрна ориз, бадеми, сода ништо од тоа не ми помогна ме дават изгорев. Некое чаре да споделите?