Исфрли теста од исхраната и не вечерај најмалку 3 часа пред да си легнеш. Помалку јади во повеќе оброци. @Alishan30 Среќен роденден мила. Догодина со пуфката заедно да си дувате свеќички @LadyC да дојдеш да не посетуваш некогаш, во темава ни требаат позитивни ликови како тебе
идни мамички , бев денес на контролава и објаснив на докторката за се , ме виде на ехо , бебче е супер ама ме гледаше и со вагинално ехо и рече само дека постелката се спуштила малку , дека е ниско .... со син ми се отворив многу рано уште 20 та недела бев 2 см и до крај со 36та недела дури до 5.5 см стигнав и тоа со лежење нон стоп... сега се движам повеќе и баш да лежам цел ден неможам , пак контрола за 2 до 3 недели да види дали ќе се качи погоре постелката ....незнам дали нешто е поврзано со претходно ама не ми кажа да лежам не ми даде никаква терапија освен тоа што веќе пијам , искуства некои? не ми кажа мерки на цервикс ама го мереше
Да се пофалам јас со најновата глупост. Јаде стрвен гз кајсии па не и е доволно оди и семките ги искрши и изеде. Ете тровање. Среќа брзо ми мина со пола ден дежурање во вц. За тие како мене "паметните". Несуви зелени семки од кајсија или ореви никако! За во гинис сум.
Ти немаш друга по паметна работа јади цреши,диња(во рептил убава блага имаат) лубеница,портокали тебе до кајсии ти дошло
И суви не треба сега да јадеш. Семките од кајсија содржат минимални количества на цијанид. Треба многу да изедеш за да ти биде нешто, ама сега кога си бремена се' повеќе ти влијае. Подобро што телото ти ги исфрлило И на деца не се даваат, да си знаете. Знам дека сите сме јаделе, ама сега барем имаме подостапни информации.
Тоа е затворен човек по дома веќе 5 месеци си нема попаметна работа. Ми текна што сум направила ама касно чедо божје. Денес јадев праски. Таму семките и да сакам неможам да ги јадам. Побезбедно е.
Не сум знаела ја па ко мала дедо ми ми кршеше којзнае по колку јадев дневно Добро шо кажавте да не ми текне и мене да се пострвам
здраво мамички , прво до лесно на сите денеска ми зема микробиолошки брисеви и многу ме болеше , имав и крв таму кога ми земаше докторот ми рече можно е и дома кога ке дојдам да имам крв на гакички но мене ми истече едно како кафеаво па паничаммм можее помошш ве молам иначе сум 17+4
Која недела си? Ниска постелка до 20та недела не се зема премногу во предвид пошо се крева постелката после некое време
17 + 4 сум.... и гинекологов нешто посебно не крена паника , па и ја сум паничарка невидена веројатно затоа и за 3 недели ќе ме гледа пак на ехо тогаш веќе ќе бидам со полни 20 недели .... фала на одговорот посмирена сум малку
Ај едно екстра глупо прашање ама посилно е од мене Ви се случува од време на време градите да ви се намалат, до пред некој ден ми беа огромни сега ко намалени. Значи од крајно сталожен човек станав ептен паничар
Mene stalno mi se sluchuva toa eden period ke puknat mislam potoa kako da izdisuvaat 36+0 sum sega , od samiot pochetok mi e taka
од промена на хормоните и како телото се навикнува на високиот прогестерон , мене од 10 та недела почнаа така да ми се намалуваат па после некое време ќе бувнат и пак ќе почнат да ме болат , вчера се туширам и мекчки хахахах а денес ме болат неможам да ги допрам нормално е
Ова го правев цело прво тромесечие пред огледало, ќе застанев и ги анализирав. Еден ден поголеми ќе ми беа, другиот ден спласнати. Веќе сега отрпнав и не ги приметувам толку, ама да некогаш изгледаат како помали некогаш поголеми.
После 3 дена во поход да се јавам на рапорт. Понеделник, Трансфузиологија, многу поголема гужва од минатиот пат. Таа што ме боцкаше си кивна во ракавица па ме фаќаше и памукчето што треба да е со алкохол беше суво, со истата рака кај што кивна го фати... Бљак ! И минатиот пат не осетив дека ме мачка со алкохол па сега решив да ја посматрам...хмммм. Кога излегов си стаив од средството за дезинфекција кај боцканото Д димери 1735, активирано парцијално 20,8- ми се подобрило...... Вторник Центар за дијабет, ме боцнаа, резултати наредна недела. Отидов да јадам, со страв ама морав. Јадев и право на ГАК за клексани да препишат. Овој пат на ГАК мирно, културно, фина докторката. Лакуни си има, бебе една недела помало стандард и свртено со глава надолу. 30+5, одговара на 29+3, 1460 грама...... Денес Ремедика трет скрининг кај Афродита, бебе напречно свртено...кога се сврте од вчера? .... 30+6, одговара на 31+2, 1698 грама. Чудно ми е сега со меркиве, а и цервикс подолг од минатото мерење, 5 цм...Протоци, плодова вода уредно се. И многу сум уморна денес. Овие 3 дена се освестив колку мноогу ме боли цела карлица и срамна коска кога одам. Одвај одам како успорена снимка. Не ме болело со поголемово така...Се надевам не е нешто страшно...