Честитки жива и здрава да е малата а за мачнините и кај мене исто се поднамачија сега овие неколку дена од денес сум 12 недела
женски може да ми појаснете за должината на цервикс кај мене е 3 цм измерен , и искрено поима немам што значи , но во последно време осекам тапи вагинални болки , бев на контрола но докторот ми кажа дека нема причина за грижа , но не ме гледаше на тој преглед вагинално иначе сум 5 месец , позз
@Ava.84 среќен роденден на малата За мачнините нема правила - пази што посакуваш затоа што може да се вратат
Мене на втор скрининг ми измери вагинално цервикс и исто испадна како со абдоминалното и јас имам вагинални болки од време на време али цервиксот со месеци си е иста должина
Јас постојано осеќам такви тапи болки, осекам бебе цело време доле мислам ќе падне, сега најново што осеќам е како да ме боде нешто во канал незнам да опишам.. А цервикс 4см последно беше.. Значи не му ја мисли штом не ти рекоја да лежиш значи се е како што треба, само не се напрегај многу да се заморваш
Како со жешково, значи не можам да поднесам плус досаднооо, со мерките сум дома цела бременост не знам веќе што со себе. Притисокот ми е паднат ниту ми се работи ниту ми се лежи.
Нема помош зрачиме со топлина сега ќе си се потиме ќе се тушираме по 20 пати на ден и така ќе преживуваме најлошо е кога не знаеш што со себе да правиш а на топлово и нема многу работи за правење освен по цел ден дома и вечер ако искочиш кога е по "ладно"
Ај и јас тука да ве почастам, момата ми прави 2годинки денес Многу ми се дува стомакот луѓе. Сериозно, изгледам ко 30 недела трудна Синоќа кога се видов во огледало .. се преплашив. Јес да сум со вишок кг, почнав со цели 80.. ама ова не е ми е нормално. И тоа јадам само овошје за доручек, ручек нешто со малку леб и шопска салата за вечера. Одма во покачен шеќер ми оди паметот, па јас вака не 100,180кг ќе се напраам до крај. Уствари немам качено ич на килажа, ама што е со дуењево.. И онака цврст стомак, мислиш бебе од 2кила носам
И јас од март како што не фати сум затворена дома. Им завидувам на овие што сега се со термин вчера излегов во 8ч да прошетаме кое шетање толку јаки вртоглавици ме фатија за 20мин дома и испив 4 чаши вода на екс. Не е можно толку да сум дехидрирала а и устата ме печеше.. Башка со менр имав вода надвор и си пиев. Ама асфалтот си го прај своето испаруваше мислам. И назад дома клима на најаако и тек сега се освестив и ми стана подобро. Стварно не знам како до крај на лето едино ме радува што летово бар во Скопје не е како лани што беше сепак Скопје знае бетер да биде а и како кога 1 дрво нема Се молам на
Истооооо! Цел ден сама дома се тркалам од една во друга соба и полудувам од досада؛ Навечер ми е топло до 4 не мозам да спијам и се превртувам؛ Чекам да пројде 1 август па да почнеме со средување на соба, за беба кога ќе стигне да сме спремни А имаме уште до 2 октомври
Да ми рече дека дека треба и да шетам , да не се улегнувам многу , а јас пуста од стра избегавам многу движење ...
миличка прво среќен роденден на убавицата здрава и весела да биде , а за другово прашање еве јас пред да останам од 65 кг со 6 циклуси кломифен во рок од 10 месеци отидов на 80 кг .. останав бремена и паника невидена зашто претходни две бремености со 72 кг и со 75 кг сум била на бокс на пораѓај , ова сега од 11 та недела јас имав меше како 5 ти месец ама килажа качив дури + 7 , а пред две недели среќа или несреќа ми беше лошо многу и симнав дури 4 кг па назад сум на 83 кг ама мешето ми е големко , гледам на некои едвај им се познава во 18 та недела мене коа ќе ме видат ме прашуваат дали сум при крај со бременоста .... хахахахха па се објаснувам дека е рано дури за нова година ми е термин ... секоја бременост различна и секое тело е различно и секако втора трета бременост мешето побрзо ќе почне да се познава комбинирано со гасови и хормони
@Ava.84 и @Chanell* среќен роденден на куклите големи да растат @Ava.84 за гадењето, како влегов во 9та недела магично ми го снема, дури и на доктор отидов од пусти страв се си е во ред не се секирај @no name5 мене во 22 недела ми измерија цервикс 3цм, немам други болки ама ми даде Др утрогестан да ставам навечер превентивно. За лежење/одмарање ништо не ми спомна.
Девојки здраво Како издржувате на жешково ? Јас бев на ехо 23 +5 сум бебчево е 700 гр Се е супер,докторкава вика дека тежината е топ.Според она што сум читала за неделиве моево некако мн тешко бебенцево ми изгледа Дајде некој од искуство нека се пријави
Тежината на бебето не е воопшто битна. Битно е убаво да се развива и на секој нареден преглед да одговара на неделите. На интернет има просечни мерки, ама не се раѓаат сите бебиња исти. Некои се 2 кг некои се 4 кг. Битно е да се здрави и да се развиваат органите. Плус може да ги утнат мерките. На една членка, пред пораѓај докторот кажал дека е над 4 кг бебе, а се родило 3 кг, значи цел кг промашил. Ако се пронајде членката нека пише.
Исто само дома сум на вечер излегувам малку кога ќе се врати мм да испешачам.. Ама стварно неможам да издржам досадно ми е, само книги читам само сери гледам,предосадно ми е
Мерките што ми ги кажува матичната се разликуваат за скоро 500гр од мерките кај докторок кај кој одам за второ мислење. Некој од нив греши +- Сепак ако многу оди напред ќе испиташ скриен шекер.