@Ava.84 i @Chanell* нека им е среќен роденденот на принцезите @Ava.84 ја утре влагам во 13та недела и намалени ми се мачнините и тоа ептен,овде од поискусните прочитав дека од 14та недела ги снемува скроз,па да се надеваме Дали и вие кога ке кивнете ве боли стомакот доле ниско т.е од страна кај јајници? Како да ме сече ама тоа е секунда и проаѓа
Девојки имала ли некоја константен проблем со синуси, речиси 2/3 од бременоста? Јас инаку отсекогаш имам проблеми со синуси, ама сега дека не смеам кортико и не отидов на море, уште позаебано ми е. Не се издржува ова веќе, а состојбата ми се влошува кога ќе уклучам еркондишн, а на топло па не се седи. Не ми тече носот, ниту ми е затнат скроз, само горе внатре во носот ко да имам благ оток и некаков глупав притсок во ушите. Вчера беше многу топло, бев нешто денски излезена, кога се вратив, уклучив еркондишн, цел ден дуваше и сега главава во пределот на синусите ми се распаѓа. Пијам Ц витамин секој ден, кога ќе ми се влоши состојбата наголемувам на 2000 3000 мг. и ми поминува, па сум раат два дена. До следното седење на еркондишн.
Јас сум 35+4 спремна сум, се е испрано, испеглано само уште торбите за мене и за бебе да ги исперам и наполнам. Е немам купено за во болница што треба од памперс, влажни, купка...
Истиот проблем го имам и јас мене ми е хронично со синусите и секој ден така се осеќам секиј фен затнат ми е носот а па ако седам до еркондишенот главата три дена ме боли витамин C помага ама не многу
Проблемот е што не можам да разграничам дали е мигренозна главоболка или синусоидна, или споено, а и не е ни важно. Да не сум трудна, аналгин и капки за нос, ќе ми пројде. Ама вака само Ц витамин и Аква Марис, а тоа ич не помага. Плус еркондишнот ептен не дозаебува. Стварно не знам веќе што да направам
И јас исто. Умирам од досада преку ден, станувам и чекам да дојде вечер да спадне топлото па да излезам Се накупував книги, висам по цел ден на интернет прегледувам бебешки ствари и така ми минува времето. Измеѓу ручек што ќе направам и тоа е.
Значи време ми е може до сега се ќе ми беше средено али мм како демек рано е ќе соберат прашина бла бла.. Тој си го рачуна последен термин и само на него се базира..
исто. И при станување, седнување се случува. Експресно стомакот ми се промени..зголеми. И бапските гаќи шо си ги купив со намера да не ми го сечат стомакот, сега ми го стегаат и не можам да ги носам. Почнаа да ме третираат ко трудница и без да кажам. Невестуљка ми вика, е од кај знаат дека си трудна..викам ваљда од неприродно издуениов стомак) бетер од кобасица се осеќам.
Јас многу лошо се осеќам овие денови од топлото,дали притисок ми паѓа и дури ми се лоши на моменти,а капак на се почна да ме боли еден заб што е за вадење ,умирам од болки морам да одам на забар,да ми го вадат.Исто и психички некако како да сум попуштена,дали хормони ,дали цела ситуација со вирусов,намалени приходи се ми влијае,вчера така се изнарикав дома.
Денес цел ден имам пак ко стврднувања под папок ама болни на допир а и некоја мала тапа болка во лев јајник؛ некој слично? 30 и 3 сум؛ Раат да се нема
Синомарин спреј поконцентриран е од аква марис или во еурофарм има изомар спреј.Исто има и кесички синоксин само да се види упатството дали смее за трудници иначе на природна основа се.
Посветете си време за себе, прошетки, маникир, педикир, време поминато со сопругот итн. Кога ќе дојде бебуш нема да имате многу слободно време.
И мене ми пречи клима кога е пуштена. Немам главоболка, ама некако дишењето ми се отежнува на едната ноздра, како да дишам многу ладен воздух. Ме боли на секое вдишување. Мене па аквамарис, спејот за алергии што е, ми помага колку-толку.
Да се пријавам и јас како проблематична од жешкото. Посебно ноќе, не знам веќе што да правам, како да се ладам. Седам со клима до 1,2 по полноќ, почнува да ми се затнува носот, исклучувам клима отварам прозор и или промаја ме мава или галама од надвор ми смета Чаре? Нема. Ќе си чекаме дожд Денес стомак ме заболува, течна столица и зголемен секрет, мислам дека сум преладена. Ладна вода и клима не се баш добра комбинација.
и јас сум иста хаха, а имам еден куп обврски, реновираме стан, а јас немам сила за ништо. 33та недела сум, железото ми е супер и се чудам зошто сум вака без сила... претпоставувам од топлово време... ама ќе издржиме,нема друго
Јас пак со исто прашање ваква болка добив во 32 недела и сега еве пак 35 та долу во вагина ниско ептен ниско а тогаш ми дадоа утрогедтан за пиење и уште го пијам дали некоја имала вакви болки? Фала однапред