Зошто не помина добро? Сеуште имаш болки? Прашувам бидејќи слушам секакви мислења за епидурал и спинална.
Офф не да осеќав болки, 2 саати ми траеше интервенција, а требаше само некое влечење, тегнење да осеќам, а мене ми беше ужас болно. Затоа и сега со второво сакав целосна ама не можело.
Моја братучедка беше со целосна. Ама она како тебе почнале со спинал осеќала болки и одма целосна и ставиле..ова во Чаир. Месец дена од целосната не можеше да се опорави и трнеа нозете панодеше на вежби до физикална стигна од таа целосна. Затоа не ја сакаат. Башка шок психички и направи кога се разбудила во бесознание била цел саат ...Затоа ја избегаваат доктори. Конкретно во твојов случај брзаа ли што не ти појачале спинал или епидурал?
Целосната ја избегнуваат зошто ако трае малку подолго царскиот поминува низ детето и е штетна, може да направи на бебето оштетувања. Спиналот се става еднаш, не може да се појачува, само епидуралот кој во принцип го даваат за природен пороѓај може. Секоја анестезија остава по некоја последица, еве кичмата мене после спиналот многу ме боли. Ризик е секоја анестезија, само господ нека не чува.
Е тоа ич не знам не ги разбирам искрена да бидам многу. А тебе зошто во ремедика одма не ти ставиле целосна акл спиналната не ти финкционирала? Како може во такви болки да те остават? Тоа не ми е јасно што правеле ...
Ми ставаа дијазепами знам и ми викаа ајде сега спиј. Ама не делуваа дијазепамите. А за успивање претпоставувам избегнуваат максимално. Не би знаела...
Тебе те отруле со лекарства за сите пари по едноставно ќе било една целосна и раат а вака све и свашта ти ставале и пак мака си видела
Првата бременост се породив во систина и таму и ја водев бременоста и знаев дека царски ќе биде дека близнаци и цело време барав целосна.Кога дојде терминот анестезиолог иначе и комшија ми е вика не спинална ќе биде.Јас во сала не легнав додека не ми рекоа дека ќе биде целосна,дали од паника или од страв значи не соработував а иначе беше итен царски се породив 35 недела отворена 7 см и бебето едно тргнато со газето.И видоа нема разбирање со мене ајде целосна.Будењето тешко ,збунета бев кисородна маска ја користев ама не до толку и откако излегов од шок соба значи суво грло,кашлица имав 3 вечери како воздух да снемував.Сега пред месец дена се породив царски во чаир спинална.Ништо не боли,осетив тресење само кога го извадија бебето и после 3 часа бев супер.Со целосна анестезија мора брзо бебето да се извади зашто има ризик да се предизвика крварење во мозочето.
Лелее, ова е многу страшно! Мене и за време на царскиот ми додаваше нешто анестезиологот од што сигурна сум дека заспав едно 10тина минути. Ми кажуваше дека ќе ми се приспие, дека ќе ме опушти и така беше. Не морале да те успиваат со долга целосна, има едни што се краткотрајни - 20тина минути траат. Некако страшно ми изгледа ова. Правев јас операција и бев со целосна. Почнав да се будам кога ме носеа од сала до интензивна нега. Додека минуваше дејството на анестезијата се осеќав сонливо. За 15 мин бев кукурек
@Milkiway нема врска дали си во Чаир или на друго место. Мислам дека секој организам е приказна сам по себе. Верувам дека докторите сметаа дека ќе се издржи болката и подобро да се помине без успивање, зошто како што ми објаснуваа поголеми ризици носи тоа. @Andra секој организам различен и секое пораѓање. Ќе слушнеш разни ситуации. Кај некој царски трае 30мин кај некој 2часа. Во секој случај стресно ми е многу со спиналот, будна седам слушам. Ете да можев целосна бирам ама не може. Инаку од кога заврши царскиот после одма се опраив. Памтам уште во сала ми викаа ај сега префрли се сама на другиов кревет да те носиме на интензивна. Таму за 3саати веќе нозете ми беа скрос пуштени и ме однесоа во соба.
Мисли позитивно - сега во Систина ќе си и дека ќе биде друго. Јас искрено ништо не ги слушав, освен на крајот дали треба или не песок. Се слушаше музика и анестезиологот цело време беше околу мене и ми зборуваше, ми кажуваше што се случува, ме галеше, знам долго го гледав саатот и си викав ајде уште колку има од ова
Да ама претходно ремедика била. Ако нспрајле пропуст стварно не е во ред толку пари плаќаме за да имаме убав третман и промовираат пораѓање без болка. Не е во ред приватниве што прават. Се надевам во систина ќе и биде подобро
Девојки, резултати пд ПРИСКА на маил кај матичната или на мој термин? Требаше да стигнат, сеуште ги нема па сестрата ме прашува.. Јас ги разбрав на маил дека ке бидат
Дефинитивно зависи и е различно за секој организам.Немам искуство конкретно за анестезија за пораѓање,но јас исто имам уплав од анестезии.Кога правев лапараскопија која нели се прави со целосна анестезија,јас на сред оперција се разбудив.Не осеќав некоја болка или па може не се сеќавам,но самата глетка беше страшна со еден куп луѓе врз тебе ,паника кај докторот,анестезиологот и сестрите па уште толку поголема паника кај мене што ми се качи притисок и завршив на кислород.Буквално се борев за живот неколку минути.А сите лапараскопијата ја опишуваат као една од полесните интервенции која трае максимум 40мин,ете кај мене не беше баш така едноставна,траеше 1час и 40мин.Затоа не треба да се водиме и очекуваме дека се ќе тече според секојдневна пракса или искуството на повеќето.
Истата ситуација ја имав и јас до лапараскопска операција и целосна анестезија, така да очигледно многу зависи од организам. Сега уплав имам од целосна