Девојки, жешко, корона ограничено движење па како за беља и малото прсте на ногата го скршив синоќа и тоа што можев по дома да си работам да потполнувам време сега не можам... Мора да лежам а никако неможам да се наместам 36+2 сум...баш кога треба најмногу да се движам , да си се пожалам само...
зошто, побогу. имам картонче од трансфузиологија од лекарско пред полагање возачка. да не ми се сменила крвната група од тогаш до сега.
Мамички мене пак ми рекоа дека ми е слабо железото прошлиот пат 8.4 хемиглобинот сега 8.6 со тоа што само 20 дена пиев сидерал форте и сега ми кажа два пати во текот на на денот да пијам
Нема врска болницата, братучетка ми се породи во Плодност царски со епидурал пошто беше тргната за природно да раѓа, ама испадна да мора царски и се осеќала и многу ја болело. Кога го извадиле бебето и дале некој седатив и одма заспала. До организмот е сепак и јас мислам.
До организмот е нормално ама сепак за тоа тука се анестезиолозите треба добра проценка да направат. Јас до сега две операции имам правено едната многу лошо ја пројдов на сред операција им се разбудив и ми ставија уште една после тоа не можеа да ме разбудат и најлошото од се е што кога ме разбудија бев мутава цела и не знаев кај се наоѓам ниеден дел не ми мрдаше од телото господ знае што имаа направено и таман кога горниот дел ме пушти едно ладно да им се тресам да неможат да ме сопрат, за разлика од другата што ни поспаност ништо не осетив кога се разбудив маратон можев да трчам сепак е до анестезиолозите треба да знаат добра проценка да направат за тоа и се они
Абе ви викам се ќе слушнеш. Додека лежев на патолошка во Чаир, ја донесоа ја спремаа за царски трудница. Праиме муабет и викам сега второво само со целосна прифаќам, да легнам да спијам. Таа ми вика леле каква целосна, јас со првото бев со целосна па се разбудив на сред операција на сред шиење со тубус во грло, од тогаш притисок имам, како го кренав од болка од страв еве со години на терапија сум. Сега нека ме пораѓаат само со спинал, не заспивам повеќе. Леле луѓе јас од муабетов ќе се онесвестев. Затоа викам само господ нека не чува. Дали природно, царски само да биде добро.
Ајде, мајки, лавици, без негативни мисли. Верувајте му на мајчиниот инстинкт, тогаш телото чуда прави, го достигнува и она што се смета за човечки невозможно. Сѐ ќе биде во ред!
Денеска со гестацискиот дијабетес поминав добро. На гладно 4.9 а со испиената гликоза по 2 часа 6.4. Барем тоа ми се тргна од главата, бадијала што се плашев да не покаже многу оти си имам навика да си јадам благо често. Отпосле читам дека ретко му се јавувал на труднициве овој скриен шежер најчесто ако имаат некои предиспозиции за тоа. Железото е подобро од минатиот пат сега ми е 18.5... Пак треба да се води сметка, хемоглобинот е низок 108. Киселини ме искинаа денеска од гликозата, се напив рупурут и еве сгеа пијам млеко, до вечер цело кило ќе испијам. Времево вака жешко ни е капак на сите. Ни се спие навечер ни се функционира преку ден.
Девојки како сте јас денес цел ден како во кома да сум ми тежат очите цело време ми се спие дали е времево многу тешко денеска па и притисоков крш
Исто и јас, се на спиење и легачење. Денес првпат се подновив повеќе работи за мене. Поширочки, бидејќи ништо веќе не ми е таман. Утре ќе ги исплавам и ќе си ги носам. Брисеви и уринокултура земав сабајле резултати- чисти се. Дома, под клима се седи, салати многу јадам, само тоа ме освежува. Бебушка клоца, и едното раче и е во мојот лев препон, нонстоп таму ми буричка Сакав да прашам, како ви се поставени бебчињата? Моето е со главчето надолу и веќе скоро 3 месеци се е така на ехо Муабетот од погоре, намерно го одбегнувам, искрено и дел го скокнав, за да не мислам потоа. Како треба- така нека биде. Сите сме различни.
Кај мене е со главче нагоре се надевам дека на следен преглед ќе биде вртено време му е мислам Активно е доста мислам понекогаш низ стомак ќе ми излезе денес ми е ок не сум упалила клима малку вентилаторче и ширум прозори за чудо денес некако не ми е топло
Кај мене е со главчето од левата страна а со ноџињата од десната, таман да ме мава в ребра. Може и затоа имам проблем кога се вртам на десната страна да спијам, да променам малце положба оти само на лево спијам и се укочувам понекогаш. Вака си беше од пред 3 недели уште е така наместено, а и јас така го чувствувам.Ама ништо живо не дава на десно да нанка мама,одма се буни. Ова со вртењево како е најубаво да биде свртено за пораѓај? Со главчето надоле?
Кај мене малата е дијагонално поставена. Главата е во денес препон,а нозете одат дијагонално. Исто е вака поставена. 22 недела од утре сме.
Девојки бев на преглед се вратив среќна радосна опуштена. Да одам до вц пак крв и тоа свежа со парчиња. Само што рекоа дека се е во ред.
Ниска е. Само што почнала да се крева. Испуштав стара крв секоја недела барем еднаш неделно по малце од 12та недела. Ќе се смири ќе прекине пак ќе почне. Само што беше прекинато по незнам кој пат. Бев на преглед рекоа добро е. Дојдов јадев легнав и одново истото ама досега најлоша комбинација свежа крв со грутки. Многу ми е мака викаат грло затворено цервикс здрав и тоа мало хематомче го снема, бебушот е добро напредува дури една недела понапред. А јас пак и пак проблем. Нема што не пијам веќе. Многу ми е лошо. Таман се израдував и наполнив со позитива по незнам кој пат се треснувам во нов зид.
Јас сум 12 недела уште е мало кај мене јас наредна среда на 29 ќе правам брисеви иначе вчера правев прв скрининг во систина бебче супер се развива напредно за една недела душа на мама
И кај мене беше ниско поставена, и јас крварев. До околу 14та недела. Исто свежа крв со парчиња. Со бебето се беше во ред. Кога се подигна постелката и крварењата ги снема. Мене, такво објаснување ми даде докторот, ниско поставена е и затоа додека се крене ќе било така. На почеток паничев, потоа не. Штом се друго е во ред, знаеш од што е крварењето. Слушни се и со докторката, колку да се смириш. И позитивни мисли само, не мисли на лошо