Ми рекоа само кревет тоалет и назад. Сестрата ќе дојде сега дома да ме боцне прогестерон депо. А утре наутро да се снајдам некој да ми земе крв и урина од дома за испитувања. Ќе се боцкам секои 4 дена. Дај боже да не сочува мене и бебето. Колку да се обидувам да сум смирена веќе многу сум потресена. Од 12та до 23та недела ова трае. 11 недели ме истрошија психички. Ми иде да се пријавам во болница и да лежам патолошка до крај.
Ќе биде добро, немој негативни мисли. Некој потешко некој полесно минува. Ама, ќе се среди. Лежи, подигни газе на перница, и слушај совети. Јави се уште сега за да дојдат крв да ти земат, кај матичната или во брза помош, објасни им, не би требало да те одбијат
Фала ви на честитките женскиии, ми значат Многу ми е лошо денес,безвезе. Глава ме боли,ме стега. Притисок 110/60, сабајле беше одвај 90/45. Пиев кока кола,кафе, се стабилизира, ама главоболката не минува. Пиев еден Парафен пред два саата.. џабе. Каснав благо, ма не бре, боли. 12 недела. Да се крстам на 13та дека се магично ќе помине? Не се трпи. Не можам некако да скокнам директно на 37ма?
Офф леле ајде со лесно нека ти е ќе завршини тоа чудо мора да помине. Авицена синлаб биотек тие одат сите дома колку што знам. Со тебе сме сите те бодриме ќе се издржи Ја имав на моменти тешки мигрени самк плашлива си трпев не пиев ништо. Мм ме масираше по пола саат саат и ептен ми помагаше како и многу вода. Нека те измасира некој пробај може ќе те пушти и тебе
Фала ви женски на честитките , многу ме усреќивте @Chanell* мене вчера глава ме утепа пред спиење.Зедов едно перниче со гел го стоплив во микробранова и го ставив на врат кај што ме болеше.Сабајле кога станав ми беше помината главата.Пробај со некое шише со топла вода или нешто топло може ќе ти попушти. @Tsukinory мирувај мила и не му ја мисли , ќе се среди Не се нервирај на жешкото секако немаш многу избор за шетање.Само да поминува побрзу прстот Вчера се пожалив немам мачнини и одма трчев до вецетоАрно рече @kukla21 да не посакувам глупости
Ау во првата бременост какви мигрени сум имала.. хорор! Само кога ќе исповраќав се смируваа. Сега ми смета и светлината од телефонот. Ќе го ставам на мирување и форумов и социјалните мрежи, мислам само ми ја влошува ситуацијата неконтролираното зјапање во телефон. Е пусто, на работа така дремам 7 саати и цело време со телефон во рака .. од пред два дена сум вака, не можам да се поднесам. А и вода слабо пијам.. фала што ме потсети.
Голема да расте малата. Со задоцнување не е ич рано да те олабават симптомите. И мене исто, порано ме олабавија. Сега ред нема. Некогаш цел ден ми е супер до степен заборавам дека сум бремена) па и паника ме фаќа,дали е се' во ред..некогаш па ми е лошо и ме тера на повраќање, киселини ме тепаат итн. држ се ќе се среди. Штом со бебето се' е во ред..не се сеќирај за другото. Знам какво е чувството пошто неколку пати прокрварував, чак и на прегледите и кај тебе ќе се среди. Супер би било полесно да минеме ко некои други ама, секој со своето тело и маките со него битно здраво,живо бебе и ти исто..на крај.
И мене денес глава ме боли само од десната страна, и некако гадење и киселини имам,а таман две недели бев супер како почнаа пак жештиниве ужас. Матичната ми кажа за главоболки може два парацетамола, магнезиум и две б6. Туку вчера и денес некоја чудна болка на моменти ќе ме стегне позади кај половина до напред кај желудникот,како со остар нож да ме прободил некој, ептен ме преплаши.
Девојки, беба послабо ја осеќам некако последниве 2-3 дена. 23+4 сум, и читајќи ве погоре малку се уплашив. Уште не можам да разликувам дали мава со ноџе или раче, појма немам како е поставена. Некогаш мава странично, некогаш долу, некогаш кај папокот. Ударите се некогаш појаки некогаш ептен слаби, најмногу кога ќе легнам осеќам, во движење кога сум ич. Нормално ли е? Мислев се појако ќе станува како минува време и како расте ама некако како исто да е цело време. Кога ќе почнам она убавоо да осеќам? Само со ова се опседнувам веќе аман. Минатата недела на прегледот главче и беше горе, ноџињата долу.
Ич не се секирај важно е да ја осеќаш во текот на денот. Кај мене од старт појако го осеќам ама не се сите бебиња исти. А јас и сега во 28ма не разликувам ноџе раче ептен дека знам од ехото како е наместено ама доколку се поместило немам поим со што удира. Сега веќе ги осеќам движењата вртењата поубаво бидејќи веќе и тежи 1кг пред тоа се толку лесни и мали и затоа ти е така. Мене и матичнава ми вика не се замарај со тоа секој 2 ден ќе идеш на ехо битно е во денот да го осеќаш бебето. А и кога и е така земи благо кока кола кафе седни/легни на грб така најмногу се осеќа
Ај јас да се надоврзам... бремена сум со близнаци (16+2) има ли шанси да ги осекам по малку сега или јас филм си правам од толку многу што сум нестрплива да почувстувувам како е прва бремоност ми е
Ама ти и сигурно грам салце немаш на стомакот по тоа што те видов, јас се тешам дека од салцето не ја осеќам толку Ај само си викам да дојде време, абе и да не спијам ич, само да ја осеќам, нека си мава да ми е мирна главата А и искрено ме нервираат коментари од типот 'Кај ти е стомакот' (демек мал ми бил) На последниот преглед 22+1 одговараше на 21+6, докторката ми рече не е ништо тоа ама 300 филмови си правам во глава
Има Јас прв пат во 16 ја осетив па следно тек во 18та, 19та. Како тропкање беше, дури не бев ни сигурна дека е тоа.
Прво, со лесно нека ти е бременоста, дупла среќа баш убаво! Е сега, јас мислам дека можно е да осеќаш и јас отприлика таа недела почнав да го осеќам бебчо мој исто прва бременост и чувството беше како маче со опашот да поминува одвнатре, како да те гали. Неинтензивно мрдање, онака колку да ти јави дека е тука.
Леле исти ја и ти и кај мене беше така се нервирав. Исто како тебе тие недели. Само размак 7дена како да каснеше. После на следен преглед одам после 4 нед бебе се совпаѓа. Викам прошли пат ми кажавте дека е назад и ми вика Аа епа тоа така може мерката. А јас цело време филмови си правев. Иначе да слабичка ептен мислам може и ради тоа се осеќа повеќе ама мислам ќе почнеш и ти 27 28ма повеќе да го осеќаш. И јас дури не почнав редовно да го осеќам се нервирав сега дури 7ми месец кога влегов малце издишав
Благодарам мила. Да некогаш и јас така осекам како маче со опаш да ме гали а некогаш како некој да ми теопка од внатре
И кај мене веќе неколку недели е со главчето надоле но тоа докторот што ми кажал јас ив нрможам да познаам како е наместено, многу мрда де осеќам удари кај папак де лево де десно де под папак Ви завидувам како познавате како е наместено јас се нервирам што незнам што е рака што нога што задник
Е добро е ме утеши јас реков како само јас незнам како е поставено да не ми кажеа на лекар поима ќе немам