A нели цело време си се превртуваат де со глава нагоре, де бочно, де надолу под 30та недела? Јас бар така си замислувам, дека си пливкаат и си се вртат цело време.
И јас така си замислував, но еве трет месец кога одам на ехо се е така исто поставено. И незнам дали тогаш е завртено баш пред прегледот. Не ми е јасно, стварно
Мислам дека со оглед на тоа што сега сум 23 недела, појакиве удари што ги осеќам се клоци (од ноџиња) а секој ден различно ги осеќам, некогаш ептен ниско долу, некогаш странично, некогаш над папок, па така си мислам дека си се вртка цело време. И мислам дека уште е мало за да му осеќам и рачиња и вртења. Претпоставки си правам ама некогаш ме фаќа страв ако не го осетам воопшто подолго време во денот. И ај после лесно било мајка да станеш. Од се да се плашиш, на се да мислиш и раат да не си
@Lovebug01 не се плаши, нормално е некогаш да е помирно. Јас лично имам приметено дека кога е топло и сончево, некако е пораздвижено,а кога ќе се смени нагло времето во поладно, како едвај да го осеќам. Јадела пиела џабе.
Истече пак крв жени и тоа во вц школка како мензис. Неможам да чекам дома да се искомплицира. Отидов во ремедика. Ова е хорор ни на најголем душман не му го посакувам.
Многу ми е жал кај што те читам низ што поминуваш. Се молам да помине се добро и да ти заврши овој хорор, да си го истераш убаво остатокот од бременоста. Мора да се најде некое решение за крварењето, барем да си знаеш од што е. Ако треба и на патолошка да лежиш, само да биде се како што треба. Те мислиме, пиши ни што ќе направиш.
Дознавме вчера конечно што го предизвикува крвавењето. Ако верувате беше исто толку обилно колку и кратко. Додека да стасам на преглед се истенчи веќе беше розев слуз. Докторот што ме прими Стојановски Јане господ здравје да му даде. Од толку специјалисти приватни/државни само он одма го согледа проблемот. Не е постелката нема ни хематом грлото ми е силно и ја спасува цела работа. Uterus arcuate e. Здебелен тонус на матката. Ако треба да е топка кај мене е срце и го притиска бебето со главчето према канал. Воопшто не е лесна дијагноза. Ама е нешто што ми го објасни и го сфаќам. Останувам во кревет до крај на бременост со строга и агресивна терапија инекции на три дена. Порано имало апчиња за истенчување на зидот ама го ослабувале срцето на мајката. Сега се што може да правиме е да ја смируваме и опуштаме матката. Ова била причината за неплодноста и чести спонтани. Најопасното е вториот триместар. Бог нека е со мене и со сите вас. Ви благодарам на искрените желби и подршка.
Јане е предобар доктор, стара школа од Чаир. Лежи мирувај, оди само во вц, пиј магнезиум и поголема количина на вит ц, и секако терапијата. И најбитно, ама верувај ми најбитно пробај да бидеш опуштена да не се нервираш и да ти бидат позитивни мисли. Ќе биде добро!
Среќа што открил некој што е сега само одмарај си тешко е по цел ден да лежиш али све за бебе Само позитивна мисла и слушај доктор што ти кажува
Мило ми е што бебето е добро, чувај се и строго мирување. Тешко е со жешково ама мораш да издржиш, бањање на минимум и набрзина и не со топла вода, миење глава надоле, веднење никако. Истегнување нагоре не. Построј ги сите нека ти бидат од помош и се ќе биде во ред, само да не се нервираш.
Браво на силата што ја имаш, ти се дивам мирувај, сите нека се вртат околу тебе и ништо да не правиш؛ Позитивна мисла и бебче ќе биде супер؛ Еве доказ што се прават мајките, нема поголема љубов и сила мислам
Добро е што се дозна што е.. Биди силна, што побрзо прифати си дека ситуацијата е таа и мора да биде такс за да биде добро и за бебето и за тебе. Мисли си на бебе што ќе си гушкаш за кратко, читај си книги за бебиња и мисли на убави работи.. Само силно и храбро