Баш ми е мило што се најде од што е. Сакав да ти пишам да го имаш ова во предвид, ама не сакав да нагаѓам, зошто истата дијагноза ја имав и докторката пред да останам сега бремена ми препорача хистероскопија заради опасност од вакви проблеми. Ми објасна дека може и ништо да не се случи, но може и да имам спонтан или предвремено породување со таква матка. Ма да утешително е тоа што огромен бр жени ја имаат и не знаат, а раѓаат без никаков пропратен проблем во бременоста. Најчест проблем бил спонтан во 1 тромесечие. Тешко е да се дијагностицира, кај мене ја открија дури на првата киретажа во претходната бременост во Ремедика исто. Но не се грижи, штом си дотурка до тука, со терапија си и лежи. Нема да се случи ништо лошо, ќе видиш.
@Tsukinory сега кога ја знаеш причината, можеш да се опуштиш барем малку од малку. И мене ми рекоа дека имам срцевидна матка еднаш одамна, но фала му на Господ, еве втора бременост до крај истерувам, без никаков проблем од тој аспект. Што значи дека можно е на втора бременост и да не ти направи проблем. Лежи, мирувај и се ќе си биде ОК. Да те насмеам малку, порано кога крвареле во бременост, веројатно од таков или сличен проблем, за кој тогаш и немало дијагностика, тврделе дека си имаат добиено цела бременост и две три мајки на другарки ми имаат кажано: "Ааа јас до 9ти месец си имав циклус, нема врска што имаш добиено, оди направи си тест". Биди среќна што си во ова време бремена и знаеш дека причината не е месечен циклус во бременост, а пронајден проблем е веќе 50% решен проблем.
@Tsukinory господ да е со тебе лежи мирувај гали меше и се ќе биде добро тука сме сите со тебе за подршка
Девојки со секој одговор ми давате сила и верба во себе дека ќе се изборам за бебушот. Ви благодарам. Сите по дома се на висока претпазливост дури и премногу еве трет пат ме будат да ме видат како сум а само што сум заспала. Сум имала среќа да се зачленам тука и да најдам толку добродушност и искрена грижа. Бебето веќе си го крстив Леонид и пред да знам низ што ќе поминувам. Малото лавче се бори во мене клоца. Само уште јас да се свестам и да прекинам со црни мисли и да му се придружам. Секој ден нека ни биде подарок, секоја недела победа а секој месец освојување на животот.
Хелооу 34+4 г.н. сум бебо ми е некако мирен. Во понеделникот бев на контрола и се е супер. Ден два по прегледот беше активен и тоа како а последниве 2-3 чат пат ќе се преврти. Тоа икањето исто така го осеќам обично приквечер Дали сум психички забегана? Хахаха. Дали премногу го мислам или треба да појдам пак?
Ич не си психички забегана, јас сум 23+5 и иста сум само со тоа се оптоварувам По цел ден дома сум и ако не мрда зашто не мрда (а мрзливка е изглеа мојава ќе се јави неколку пати во денот и толку) Ма да веќе во тие недели што си ти сигурно и место му снемува за движење така да не мислам дека е за паничење
Штом ти кажале дека е се во ред значи во ред е сепак немаат ни толку место веќе за мрдање како во 6-7 месец, а и тоа си движи само ти не го осеќаш научена си на посилни и јаки удари па можеби и ради тоа ти се гледа мирно бебе
Едно прашање, ако има некој што прима клексан по две инекции, ги примате сабајле и навечер или еднаш дневно двете наеднаш?
Седми месец од денеска почнуваме со бебчо. За машала сме. Само овошје ни се јаде претежно лубеница мислам дека сите лубеници во градов да ми ги дадат ќе ги изедам Дали дека освежува или самото тело ми бара хидратација , не знам што е работата. Вие на што имате мерак вака за каснување? Со што се разладувате? По жештиниве препорачувам лубеница јас Бостанче.А и ќе заборавев, мраз имам ставено , вода без мраз не пијам во последно време. Имам приметено порано стварите што ме нервираа и што му давав на значење сега не ме засегаат. Едноставно не допираат до мене. Изгледа дека потсвесно водам грижа да не се нервирам и се одбива се од мене. Па може тоа е лекот за луѓе без осет,само игнор Да се пофалам, пантолоните труднички не ме берат веќе па ги однесов денеска да ми го прошират ластикот за попријатно да ми е
Девојки дали имате луѓе/врски на патолошко одделение во ГАК? Има еден лек само во болница што го даваат а ќе ми ги намали контракциите и продолжи рокот за раѓање. Атосибан се вика.
Лубеница и диња некоја блага сочна уф уф само тоа нема подобро нешто само чудна работа каде оди сето тоа количество вода треба да скиснам во вц а јас нормално си одам
И јас сум 7ми и ја мислам дека целата вода ќе ја испијам сите лубеници и праски изедам и се дујам и не можам да дишам ми се слошува па после пак отпочеток пијам се и јадам до времево е истоштува и си бара организмот веќе бебето поголемо повеќе си влече и бара
Го има и во систина ама незнам цена јас пред ин витро како инфузија го примив. Увозник е бионика фармацеутикал најди ги на интернет може го има и во продажба и на дежурна или домашна посета со извештај од гинеколог може да ти го приклучат.
Зависи која недела си؛ Јас мн јадам лубеница ептен ми е убава знам и тоа да ми биде вечера, ама не дрзи меур и само трчам во тоалет башка и само стомак сум беба притиска
Па сега сум 31 недела и бебе знае да клоца доста доле мислам дека се има и потпрено на бешика убаво мекичко му е изгледа