Леле ја сум 12та недела ама ич немам апетит јадам со сила и од малку се заситувамза овие 12 недели немам качено ни килце,се надевам дека после 14та недела ке се врати апетитот
Обично сум против сите бабини деветини поврзани со бременост, али луѓе што е со стрвоста за одредена храна? И првиот пат и сега, ми се јаде тоа едно нешто и готово, се тресам мислам со самата помисла на тоа Среќа мм вчера ми најде, па ми дојде душа на место Мислам секој ден само тоа би јадела, а и ќерка ми за чудо многу го сака.. не кажувам што да не настрвам некоја друга а да го нема Јао.. муки труднички
Јас за време на бременоста мислам изедов над 50 кила лубеница. Се купуваше само за мене лубеница од 15тина кила и ја јадев за два-три дена сама. Сега со гестацискиов одмарам малку од неа. :/ Инаку, сирење! Многу, во големи количини! Имав 3 канти сирење од различен вид. Едно е сигурно, калциум нема ни мене ни на бебето да ни фали.
Најмногу јадев сладолед, а никогаш пред бременост не го сакав. И тоа оној најкалоричниот со дупло чоколадо, 3 пати неделно јадев И сега ми се јаде но не сум купила. Исто тестенини и секакви специјалитети со нив, сакав. Сега и нив ги одбегнувам
Чекај, чекај, да видиш како ќе ти се пријаде некаде во средина на бременоста. Дој, пиленце! Знам како ти е.
Се што ти сака душата да си јадиш. Јас не јадев бурек дека мрсен многу дека не чини се додека една вечер не го сонував. Утредента станав, се облеков и 4тина си купив и после едвај дишев Мислам се додека е умерено кочичество може да се јаде само ние да сме си сити
@PurpleMind на вагата ми е убаво, ако не друго веќе 5та недела ни грам немам покачено. За жртвата која ја правам со моите омилени работи, редно време беше барем килажата да ми се нормализира.
Барем полесно ќе се вратиш во нормала после бременост. А што ти е алтернатива за благо? Знам ради шеќерот не смееш ама ако те фати криза?
Истоооооо ние сме 30 и 5 знач блиску сме؛ Мојата мислам со глава е доле затоа што на лево го трти газот а на десно нозете؛ А станам ми се моча
Ај да си се исповедам и јас Цело чоколадо на светот да ми го донесете ќе го изедам, овошје исто обожавам ама лубеница и диња не баш. Чудно ми е дека пред бременост ич благо не јадев а сега ден нема да не јадам. Познавајќи се себеси мислев дека во бременост којзнае колку ќе се прејадувам, ама досега си јадам нормални количини, дури пред бременост и повеќе сум јадела, и си се чудам искрено Вода пијам кога како, цело време со шишето сум до мене ама не ја чувам во фрижидер дека грлото ме фаќа од ладно, а на собна Т ми е некако топла и не ме тера да ја пијам. Јас сум човек што не пие вода од чаша хахаха. Океј сум и со спиење засега, а искрено мислам дека ни се погоди летово, не е како други години толку пеколно топло барем досега. Ме нервира исцедокот од утрогестанот, кога одам во ВЦ знаат и како цели парченца бели да паѓаат. Гадно. Деновите ми минуваат монотоно ама си го исполнувам времето со гледање работи за бебе, идеи за детска соба и тн. Почнав и да поткупувам по нешто. Бројам денови до следен преглед во 26 недела (за 3 недели отсега) ми се гледа цела вечност, а одвај чекам да ја видам бебка. Таа недела ќе испитувам и скриен шеќер, димери и хемостаза. И тоа е тоа, инаку 6ти месец од која до која недела е? Некаде пишува од 22-27 а некаде од 23-27 ама немам прашано доктор. Секогаш ме бунат ова неделиве и месециве како одат.
Не смеам заради гестацискиот, и многу внимавам, зошто следна опција ми е инсулин. Веројатно и така ќе биде, ама тоа е, што е. Ќе јадам одпосле Кога ме фаќа криза, купив едни хроно колачиња на интегрино, едно или две тркалца знам да изедам и толку. Пак ми се јаде, ама се воздржувам. Пред некој ден роденден ми беше, и нормално пробав парче торта, помало беше, но пробав. Толку, иако има сеуште од тортата и сечам парче за маж, не сум ни лизнала од шлагот, од страв
Сори, веќе не спомнувам јадења.Осетлива тема Од што гледам рецепти барам све и свашта да си направам и се заборавив Кој сака да му направам нешто нека каже одма (ама во ЛП) и онака тоа главна занимација ми е периодов.
Во првата бременост многу ми се јадеше благо, всушност не бев по благото до тогаш ,ама ете го зајадив и после породување ми остана желбата за благо,а @Lovebug01 ме потсети иста бев. А сега во оваа бременост за чудо од сам почеток не сакам да видам благо,дури ми правеше киселини кога ќе пробав и ми се лошеше. Сега многу сакам да јадам овошје, исто лубеница,диња,праски ,а еве сега од пред некој ден како ми текна на грозје,а не сум го сакала многу порано иако сум од тој тиквешкиот крај,па синоќа како сум дошла кај свеки гледам грозје,кога му нападнав а не беше убаво озреано,ама добро ми дојде. Е и сирење многу ми се јаде,секакво ,со леб и патлиџан. Ама изнапишував,може некоја настрвив
И јас се тешам со ова и реков, ако успеав да пазам за време на бременост кога најгладно се осеќам, ќе можам да се пазам и после бременост. Само да имам сила да готвам!
А да, и да додадам заборавив дека сакам се што е месено и лебесто, одвај се воздржувам (леб не, ама месено, пециво, пита нешто такво да не видам пред мене) Немам некој ќеиф да правам дома месени работи (за среќа), а не и кажувам на мајка ми, зошто ако и кажам одма ќе ми направи и нема да можам да се контролирам
Ако си и ти гурман како мене, има да се изнаготвиме после ова. Веќе имам замисли како би готвела. Голем гурман сум и боемски човек, само за во кафана брееј Од кога не сум била ехееј. После ова кога ќе излезам, ќе изгледам како "падната од Марс" Првото одење до маркет по 4 месеци лежење дома, одев толку бавно по улиците и се ѕверев во луѓе, во дворови, во фасади како првпат да се социјализирав