Ќе ти треба малку да си дојдеш на себе и се враќаш во колосек. Тешкото иде ко ќе почне да разбира и бара активност
Кажуј комшике кај има грозје,и која сорта ?? Јас уште немам сретнато, ама ќе ја прошетам тиквешијата цела само за едно гроздаче ако треба. Го мислам цела недела.
У Неготино негде ова свекрва ми го нашла,елај ќе најдеме.Побарај од некој што има кардинал ќе ти даде,ние немаме инаку би ти пуштила на драга волја,ама ќе почне да излегува и на пазар веќе.
Хахаха женски ме изнасмеавте.Ама искрено во оваа бременост разбирам што значи стрв.Јас не сум гурман јадам оти знам дека морам.Со ова бебе пред 2 недели леле мајко што видев се ми се јадеше.Се крстев што ли ми е Јадев како невидена ќе пунев од најаденост и пак јадевВо живот не се сеќавам толку да сум се прејала.Секогаш кога ќе се заситам престанувам.Оваа бременост мразам месо, ама салати обожавам.Овошје да не набројувам скоро секое посебно лубеница и гројзе уживам,сирење обожавам итн.Изгледа бејби ќе биде гурманСреќа ми се смири апетитот инаку качив 500гр.Мразам кафе , а пиев со ќеф , ама открив дека од него не сум можела да спијам.Исто благо не сакам. Во првата бременост првиот триместар ослабнав 3-4кг.Освен праски и благо ништо не јадев со ќеф како да не бев бремена.Еден ден само знам дека станав и трчав да јадам патлиџан , а јас во живот не сум јадела , дури и киселини ми прави.Сега малата јаде патлиџани , праски и благо ,друго на молење @PurpleMind да те утешам јас кога се породив со првото бев 59кг.За време на доење имав повеќе апетит од бремена па се здебелив кога доев на 63кг.Кога престанав да дојам пак се вратив на 58кг.Така да може и после да се здебелиш
И јас обожавав благо и кафе пред бременоста. Благо поготово дома ќе направам, мм ич нејаде све за мене беше. Сеа несакам да видам нит благо нит кафе, али понудете ме со сирење, тестенини, бурече.... офф љубов ми се!
денес видов и бело и црно по 5 гајби во Кам маркет истовараа , ама во СК .... веројатно секаде го има веќе
Има во пиљара кај мене, дојди ќе најдиме. Црното благо беше а белото кисело. 80ден/кг. Земав по едно гроздаче а ич не го јадам па ете го ќе се фрла овенато. У лп давам одма податоци, ако сакаш. Праќај маж
Фала Алишан, видов на фб има во Грин хаус. Без размислување ќе пратев маж да не начекав, утре сабајле одаммммм
здраво мешиња , јас сакав да ве прашам пијам магнезиум 375 прашок ,но неможам да го поднесамм уште пред да го отворам ми е лошо му кажувам на докторот ке се навикнеш ми вика , ве молам некоја слично искуство ? Иначе сум 18 недела
Мене докторката за тироидна кај што одам ми кажа дека има многу шеќери тој магнезиум и ми препорача да не го пијам. Си купив апчиња што се прочистен магнезиум и си ги пијам тие - 2 апчиња пред спиење. Секако по одобрување од гинекологот
Шумечки на нетрудни праат киселини, не па на трудни. Земи си обичен магнезиум од фарма витал, апче, во секој зегин го има и рефус и цела кутија, и пиј си 2 по 250 мг. Раат си
Мешињаа ние денес 37+0 уште малку останува , за една недела сум на контрола и да видиме како е спремно бебе ми рече докторот и цтг тогаш , сега само си се галиме , активно е бебе си мава силно машала и помалку ме фаќа некоја возбуда и некоја нервоза, а до сега шоубаво смирена си бев може дека ближи времето и некоја напнатост. И се мислам пред термин ќе биде работава незнам зошто , 15Август е терминот и по малку и страв и такаа реков да си пишам
Кога сме веќе кај магнезиумот... До кога го пиете/планирате да го пиете? Во 9ти треба ли да се пие? И премама витамините, израчунав дека имам до речиси краја на 35 недела. Ваљда после тоа не треба да земам нови? Прашувам затоа што партал си го направив желудникот, едвај чекам да ги тргнам, отсекогаш сум била антитаблетоман. Ц витамин би пиела до крај.
Магнезиум баш во 9ти ти треба ради тие лажни контракци или мали контракци да ја смируват матката барем ако се може до 38ма недела... А за премама тоа сама одлучи си тие витамини се пијат и додека доиш и ако планираш бременос и додека си бремена. Исто и јас сум мн против апчина се што може да се среди природно.. И почнав често премама да заборавам али ова ти зборам сега крај на 8ми и почеток на 9ти, пред тоа редовно примав све..
Мене докторката никогаш не ми ги ни препорача витамините, ми рече демек ако сакаш пиј. Инсистираше само за магнезиумот и фолната на почеток. Самиот магнезиум и не ми праи проблем, ама од премама почнав да осеќам како преоптовареност на желудникот. Од 4 или 5 ги пијам, ваљда им е доста до крај на 8ми. Фала ти