@NovusOrdoSeclorum Магнезиум пијам по потреба јас, ако имам грчеви во стомак или мускули.Не секој ден, и не со месеци редовно.. Во овие 3 месеци нека сум се напила 10пати.. Пренеталните (јас земам Прегназон) ги почнав од 5та недела и ќе ги пијам до крај, во првата бременост ги пиев и еден месец после пораѓај.
Исто и јас само Прегназон, до трети месец Имприл , па ми смени докторот Прегназон , а магнезиум не пијам ,а некако во спиењето осеќам трнење на рацете на прстите може треба да се напијам магнезиум.Од кога влегов 9ти така ми се прави на рацете
@Chanell* ја после пороѓај планирам само калциум D 3 да пијам, ради млекото. И тоа пак редуцирано, партал ми е желудник.
Не знам кои ги пиеш. Јас еве 4 месеци веќе ги пијам пре мама дуо не сум имала проблем со желудник. Пробај со нив. Реално по мене ако си внесуваш доволно витамини преку храна и си активна физички и не ти треба да пиеш.
Јас премама дуо ги пијам од сам старт на бременос ми ги даде матичната али еве сега во 9ти незнам дали е некој нус ефект и незнам дали е од нив ама нема од кои други да е само нив ги пијам како нешто да имам на грло, како да сакам да се искашлам а немам и неможам.. И почнав да ги пијам преку еден ден преку два како ќе ми дојде. Сакам да прашам каков витамин ц користите?
Јас ги пиев фемибион 1 и 2, со 2ката продолжив и додека дојам. Значи повеќе од година и пол ги пиев. Пиев и на џејмисон додека дојам, една таблета е. Првите три месеци фолната е битна, наредните омега за мозокот. Магнезиум цела бременост, со тоа што последни месеци кесички пиев со повеќе мг магнезиум. Вит Ц пиев повремено.
Не би требало да ти е од нив поготово што црло време ги пиеш. Да не те притисла бебето и веќе топло е 9ти месец си може до тоа е. Иначе секако сигурно можеш да ги паузираш 2 3 дена и да видиш дали има подобрување
Ептен ми недостигате! Тука сум за совет, било што, ако можам некако, било како да ви помогнам, пишете. Јас и буци си одиме денес. Ќе си гушкам две прасенца. Тоа дома збесна по мене.
@Milkiway истите ги пијам, тие розево + жолто апче. @kjofti4 најобичен Ц од плива купувам и го пијам по 2 апчиња, некогаш и по 1, зависи. @MilaSs12 џејмисон по едно за калциум ми збориш? Јас сакав уште од петти да го пијам, ми рекоа демек не било убаво за бебето, нешто черепот да не му се стврднел и го баталив. Од кога го пиеш ти?
Леле ова со черепот се изнасмеав јас пијам Идеос во нив има калциум и д3 цела бременост ги пијам и кога испитав калциум пак ми беше на долна граница и со нив. @kjofti4 можеби организмот ти е презаситен од витамини не секој треба да ги прима тие толку време
Според мој гинеколог, ако ти е добра крвта никкви витамини не ти дава да пиеш, само здрава исхрана. Паузирај малку ако имаш тегоба или смени ги за други.
мојата ни тоа не ми препорача, само фолна метил од почеток на бременост и толку. кога прокрварев ме праша да не пијам аспирин...и да го прекинам ако да. Јас немав поима дека се пие такво нешто. Кај друга д-р отидов таа ми препорача па аспирин (ради циркулација ли шо знам што) и магнезиум ( ради грчевите) и Ц вит. Магнезиум пијам се уште, али аспиринот..некое време и прекинав. Кога читам што се пиете..страв ме фаќа дека не внесувам се' што треба.
Терај си, супер си. Јас првата бременост ништо не пиев, ни фолна, здраво право дете родив. Сеа демек постара и поозбилна се распрашав се што треба и што не треба. И си го е*ав желудникот. Калциумот ќе го пијам за да не ми пропадне.
Не сум јас за овде, само те видов и да ти кажам, ништо освен магнезиум и фолна не пиев. И се беше во ред. Аман со тој аспиринот, ѓоа рицино
Од аспирин сериозни крварења можат да настанат и некој шо има потенка крв мислам дека чак и не смее да помисли да го пие. Штом пред операција не смееш да го пиеш, значи не е безазлен. Ваљда во бременост го даваат ако има повисоки тромбоцити некој. Мене и така ми се увек испод нормала, уште да земам да пијам, којзнае што ќе ми се деси.
Аспирин не пие било кој туку ако има наод и причина да се пие - препорачано од трансфузиолог и гинеколог. За калциум докторот ми кажа никако секој ден, може 2 пати неделно шумеча. Јас пијам: Аспирин Еутирокс Витамин Ц 1000 Тот хема Вигантол (Д вит) Фемибион Цинк Селен Б комплекс Магнезиум До сега со желудникот не сум имала проблем.
Од витамини пијам само Елевит 1 и магнезиум 250гр ако не заборавам. Сакав да прашам дали е нормално при станување и кога лежам и се вертам од една на друга страна имам некогаш многу силна болка ,како да ме сече стомакот ,која трае не подолго од 5 секунди?Во првата бременост немав вакви болки па се чудам дали е во ред.На контрола сум за 1 недела по 5недели чекање.Не се дочекува веќе
заради намалена трансфузија на крвта од мене до плацентата на бебечето во минатата бременост имав мисед во 12 та недела , така да со наод од моментот кога добив две црти пијам аспирин 100 и не смеам да го прекинам никако , покрај него вит Д3 од 2000 единици , магнезиум директ , премама дуо, прв триместар пиев фемибион 1 ама ми го сменија од 12 та недела демек во премама имало повеќе железо ама реално се повеќе и повеќе ми се лоши од овие таблети , први три месеци како да не бев бремена ни киселини ни лошење ни повраќање ... сега се ми е наопаку