400мг/400и.е. така пишува на нив а за доење да се породам па ќе видиме иако испитував и д3 скоро на горна граница е али бидејќи такви се таблетиве ќе си ги џвакам до крај на бременост, а за потоа ќе видиме
Девојки, јас сум некаде 4/5 недела, нз точно ќе дознаам во среда. Имам болки во кичмата и бешика, или јајници не можам точно да кажам дали е нормално? И дали ви било лошо да мислите дека ќе паднете дека нема да ве додржат нозете вака на почеток?
Најпрво честитки и со лесно до крај Јас имав на почетокот болки (секако подносливи, со повеќе лежење ми поминуваа) во половината и јајниците но докторот ми рече дека е нормално. После извесно време ги снема и сега повеќе немам. Лошо ми беше на почетокот само од храна такво чувство сум немала.
Лежам пробувам да не мислам лошо. Размрдан е малиот ме клоца како да сака да ми каже нема откажување. Пред малку првпат и сопругот го осети. Чекаме анализи и преглед во ГАК од следната недела за да видиме дали ќе ме примат патолошка.
Ние 30 недела од денес, облека уште све ме собира, а за лубеница ептен освежува само се прејадуваме малце
мамички да ве прашам за совет, 5ти месец сум и неколку денови по ред неможам да се исправам цела сум ко стуткана знам дека ми се шири мешето, ми се поместуваат органите значи неможам да дишам добро имам тешкотии губам воздух, дали ова ќе помине или до крај вака ќе ми биде!?
Леле иста јас искачам од дома и не знам кај да гледам попрво и све ми беше чудно. Влегов у маркет и изнакупив све што ми излезе пред очи и после морав да се јавам на внуците да дојдат да ги земат кесите... Ќе помине, нормално е не се секирај, пиј магнезиум иста бев и јас преплашена, но еве сега веќе 8ми месец ќе бидам.
Прашањето ми е за трудници над 35 години. Правите ли приска или амниоцинтеза? Докторот ми рече дека над 35 години се прават тестовите со амниоцинтеза или преку крв. Ве молам за искуства.
Јас на сред бременост направив 35. Приска само правев. Низок ризик ми покажа. Кога би бирала би правела преку крв, не амниоцинтеза. Поризично ми е
Ако ти самата си одлучиш да правиш а дека мора не.Доволно е приска.Јас во првата бременост на 34 год нифти а сега 36 г амниоцинтеза.Се беше ок но мојот избор беше амнио.Во 9 недела дознав дека сум бремена и претходно бев настината 10 дена пиев терапија и за да си бидам сигурна.
И јас се мислев за истото баш денес... матичниот ми спомна да се договориме за Приска, јас во чекалната собрав флаери и за Нифти и Хармони. Кај што правев ивф можда друг ќе препорачаат, па ќе видам. Цените како се движат, знае некој? И во која недела се прават? Инаку денес бев на преглед, го видов душето. Уште е минијатурно, ама расте. Го видовме, уствари. Го пуштија и маж да влезе, се разнежни кога го слушна Душа Секој преглед ми е стресен до немајкаде, ама чувството отпосле е непроценливо.
Докторот за амниоцинтеза ми рече во 15та недела.Ти која недела си? А хармони е исто што и нифти? И јас незнам која цена се.
Мислам дека се исти или барем слични. 9та сум, имам време да размислам. Сега гледам на флаерот за Хармони, пишува од 10та недела натака.
I jas vo prvo tromescie polnev 35 bremena sum so ivf doktorot mi preporaca Nifti ama jas ne prevev,prevev priska izleze nizok rizik...odlukata e tvoja.
Јас правев приска во 12 недела ме чинеше 3.800 денари. Иако на ехо докторот ништо не виде јас сакав да направам и покрај тоа што сум 28 год. А за нифти ми рече мислам околу 700 евра.