Da kaj Mitko sega koga bev mi rece pocesto sum dovagala a jas ne za 8 za 7 nedeli bev vo 18 malku podraniv i koga me gledase mi rece deka sum trebalo da dojdam tocno za glavniot skrining vo 21-22 i zatoa sega mi zakaza za 4-6 nedeli pak za glavniot skrining 23-24 nedela...
Да, во принцип он се води како низ Европа што прават, што помалку зрачење со ехо, ама ретко кој издржува да не отиде 1 во месец.
670 евра nifty, демек имаат попуст токму сега, ама во друга тема сите таа цена ја платиле, а verify од 28.500 до 36000 зависи кој пакет,минатата недела прашав за овие два.
И овде е така. Нема многу често одење. Бев во 7 недела, 13 недела (скрининг), 16 недела и следно ми кажа околу 23 недела
Минатата бременост ми закажуваше на 6, сега ми кажува 8-10. Јас си закажувам по мое Не ми рекол што бараш, еднаш ми кажа само ако сакаш закажи порано, ама џабе пари ќе даваш. Не сум ни јас за одење нон стоп, се знае кој оди често, ама ни твоиве прегледи не се на 8-10 недели. Кога отидов во 28ма да ме боцкаат со онаа за рх негатив, сестрата со фаца, не си била на преглед од хх. А поминале 5 недели. Јас следната закажана. И викам, а ти читаш што кажал докторот кога да имам контрола - 8-10 недели. Прошлиот пат бев во 28+ и исто ми вика 8-10. Еее му викам, како?! 36-38 ќе сум тогаш. Касно е. И гледам во извештајот пишал 6 недели
Хај мешиња Денес бев на прв скрининг во систина, ама шо знам некако не беше тоа што очекував. Ме глеаше на обично ехо, нели треба да ме гледа на 4д? 10 мин се на се ко обичен преглед и тоа беше тоа. Не ми даде ни некаков извештај дека е правено скрининг, туку обичен како за преглед. Дали и вие поминавте вака или јас премногу очекував?
втор скрининг се прави на 4 д , прв скрининг е 3 д и со посебна резолуција ... многу важен детал е тоа бидејќи може да видите и на самата приска се наведува методот на ултразвучниот преглед и тхнички имаат соодветен процент на зумирање на сликата во таа насока да се добијат оптималните резултати и да се добие точна проценка на ризикот бидејќи секоја точка во математичката пресметка може да даде различни резултати ..... на пр: ако си 70 кг и пушач толку и толку години , со 0.8 нухален набор имаш на пример 1 : 580 веројатност за тој хромозом, ама ако си 60кг , непушач со исти вредности на нухален набор веројатноста се зголемува за 300, 400 , така ќе биде една жена во 1000 жени .... иако јас нешто посебно не се потпрев на статистиките зашто релативноста е многу мала за да се прави било каква одлука врз основ на статистика со 68 % точност
Добро значи да не сум толку разочарана што не го видов на 4Д Најбитно е дека се испадна во ред. Деновиве и приска ке правам на ГАК по совет на докторот, да не фрлам плус пари на приватно.
Во среда сум на прв скрининг. Се мислам за прискава.. Па тоа се само статистички резултати, зошто мора да се прави ?! Ја правите ли сите ? И друго, не можам да стигнам утре да одам за крвна слика а во среда сум на преглед, требаше ли нешто за пред скрининг к.с или може и покасно да се прави?
Јас со вторава бременост не правев приска по совет на докторот ми рече ако сакаш направија ама не гледам зашто би ја правела се е во ред ,а приската е само статистика.
@V.odolija јас на 36г останав трудна со второ. Но, јас имав и еден спонтан претходно. Мене ми спомнаа и за нифти и амнио. Но, докторката ми рече дека на приската може да не даде веродостоен резултат, па понекогаш заради лошин резултати од Приска ги праќале на амниоцинтеза и таму било се ок. Ми беше страв од амнио и правев Нифти. Ми стигнаа резултати за 10 дена, околу 41.000 ден. платив. Не се малку пари, но оваа опција ми беше посигурна и побезболна
Благодарам за споделеното @flower30 Значи 41.000 е сумата. Преку крв, така? Нели тие тестови се праќаат во Германија?! Ако не се лажам. Прилично брзо ти стигнале резултатите.
Еве мм ми кажа, 670 евра сме платиле за Нифти. Мене ми рекоа во Хонг Конг ги праќале, и извини сум згрешила, за 14 дена ми стигнаа резултатите. Преку крв е, прво ми објасниа се за процедурата, потпишав некој договор и земаа крв. Ми рекоа дека тестот се прави од 10та до 24та недела. Правев во Гинекалис. Е и тогаш ми рекоа имале некој попуст, демек промоција, ама сите толку плаќаат.