Од денес 32-ра недела. Бев на преглед (после 5 недели) и фала богу сѐ е во ред. И овде прегледите се на 4-5 недели, не наплаќаат приска, скрининзи, амниоцинтеза, ниту пак крвна слика. Веројатно и овој пат ќе бидам царски заради мојата клиничка состојба. Ме прегледаа и вагинално за секој случај, цервикс 30мм, ми дозволија да бидам покрај син ми во болница 2,3 дена заради хируршки зафат.
Milo mi e za vas .. Da dade Gospod kaj sekoja da bide se kako sto treba ... inaku koga pisuvas OVDE, za kade potocno se misli? Kade gi vrsis pregledite ili pak si vo druga drzava? Pozz i ubav den
Феминки денес бев кај матичниот, прв пат после еден месец. Бебето е добро, 25+4 сум , а има 850 грама. Напредно е, се развива убаво... Плодова вода во ред ама карлично поставено е , со нозете во бешика ми удира , вчера кога заспав ми се тресеше бешиката... Си добив пак Панцеф за урината, Флорадикс сируп за крвта и останатото стандардно све од терапија... Инаку докторот ми рече да јадам по 3 белки од јајце на ден, ми вика за тебе белките, а жолчките на свекрвата... Спречувале отоци белките...
Еве, сигурна дека повеќето ме знаат не напишав дека станува збор за Италија Оваа бременост не платив НИШТО, додека првата со син ми одев приватно (преглед над 150€) и на крај ако не беше државната болница сега ќе ме немаше. Овде нема приватни болници како кај нас. Ти како си? Се сеќавам на твојот случај, те очекуваме наскоро повторно во темата
Со лесно остататокот од бременоста и со лесно на синко, се да мине лесно и без компликации Зарем болниците не се приватни? Тука се е приватно.Само што болниците работат со фондот и така ни излегува бесплатно
Бидна и скринингот. Тоа цело човече било бре, зошто ли уште за точка го сметав. Докторката вика ехее па ти си го изгледала ова веќе Рачиња,ноџиња,носе.. се си има, аии па јас бебе сум носела Иско неќев,направив и Приска за да не ја мислам,иако според мерките се е ок. Али според муабетот на докторица дека е задолжително секоја трудница да ја прави, на свој ризик ако сакам можам да си потпишам и да не правам и дрн дрн.. ај си мислам,до паричките ви е вам се гледа. За Хпв-то, Цин-1 имам, кој тип на хпв не знаеле, испишале таму 5-6 па еден од нив е За три месеци нов пап,нова типизација. Ми вика да праиме биопсија треба, а нус појави прашувам?? Пааа крварење и можно е да го изгубиш бебето!! -Е вака Не се тачни,жими се. Коски ми се тресат од страв. Јачање на имунитет, јадење моркови односи со заштита, ваг.Бетадине и .. чекање следен тест
Другарка моја се породи со високоризичен хпв. Природно се породи рекоа ништо не е страшно и е резултат на паднат имунитет Јас уште пред неколку години( не бев трудна ) на пап ми кажува матичната исто Хпв дојди да прајме биопсија вака така ме исплаши со ракови на матка со врагови. И одма се јавив закажав на приватно втора консултација преглед пап брисеви во ремедика. Доаѓаат резултатите СЕ ЧИСТО. Нит ХПВ нит ништо. Докториве во ремедика нели си тврдат дека е се ок. Одам пак за 2 3 месеци пак правам на приватно пак се чисто. А да напоменам дека матичната ми бараше 3-4000 за биопсијата да ја прави ... Не сакам нешто да те разубедам дека те лаже само се потсетив на мојава случка и еве ден денес уште сум во чудење. Сменив матична и никој хпв ми нема спомнато...
Сакам и јас второ мислење секако. Ама не знам зошто мислев дека во приватните болници не прават пап тестови ? Ако така уште следната недела да си закажам, ма да ми е страв од толку многу чепкање доле, башка и за брисеви сум во среда.. И колку време треба да помине од еден до друг пап? Ако ништо друго психа ќе ме утепа вака. Со постара колешка праев муабет сабајле, вика обавезно барај второ мислење, некако туш ладна докторкава за проблемот.. Дури па и ми вика немој да мислиш е нешто наивно, ние може мислиме е Цин1 а длабоко под ткивото да има нешто друго... Е ваква бев
Мене тогаш ми правеа се во ремедика сега да не смениле нешто од тогаш само кај матичнава нова правам. Да ме утепаш не ми текнува како и беше на таа ординацијата се мислам Света Недела се ми се мота дека беше негде кај Градски Ѕид ама скроз сум ја избришала од меморија Она ептен сумлива ми беше резултати од пап за 2 дена доби а обично еве и сега по месец дена ги чекам... Не знам колкју да чекаш за брисеви мислам не е проблем исто како со сонда да те гледа ...Јас до 1 скрининг се ме гледаше вагинално ама они знаат сигурно да ти кажат дали да почекаш некој ден/недела
Ова матичната? Барај друго мислење обавезно, не чекај ништо. И немој биопсија сега, зошто сепак си поодмината бременост. Мене вака еднаш ме потресе мојата матична, па во Ремедика правев ПАП, излезе чист. Да си бидеш мирна.
Таа некоја нездрава е по се изгледа побарај си второ мислење не се оставај и тоа до потпишувањето дека секоја трудница морала да прави мене никој не ми ни кажа ниту пак потпишав нешто за Приска
ги знам многу со цинови што си ја истерале бременоста па потоа го лечеле или само се повлекло , не разбирам зошто да правиш биопсија кога е цин 1 , нормално ке следеш но нема потреба според мене да правиш такви работи во бременоста , зошто не е 3 ка недај боже , цин 1 е ништо страшно со јачење имунитет може да се повлече , обавезно барај и др мислење..
Јас имав Цин 1 и после првата бременост го снема. До ден ден чист пап имам. Јадев многу овошје,зеленчук и мед со матичен млеч и некои други чуда за јачање имунитет. Незнам зошто тоа Цин 1 толку страшно ти го представиле,можи после бременост да изчезни. Ако не ќе си направиш испитувања после пораѓај. @Chanell*
Не правам биопсија, тоа секако. Ќе се консултирам со друг доктор и ќе барам пап тест и на приватно. Ви благодарам многу.
Јас пак си отидов кај другата доктора пошто, матичната ми е.... небитно. На скринингот бебе беше помало од чоколадо. Сега е цело едно 100 грамско чоколатце докторкава се обиде да види што е. Се помачи пошто какаче мое нејќеше да шири нозе)) дуденце е според неа. И по чукање на срцето прошли пат рече дуде е. Ќе видиме подоцна. Битна ствар што матичната пропушта, навика и стана... бебе е многу ниско и да се надеваме ќе се помести од таму. За 4 недели пак одам кај оваа докторка. И тоа
Да постелката е ниска. И ќе е проблем ако остане вака. И јас се за дуде го мислам. Куп женски имиња имам испишано и две-три машки. Ама ќе видиме за некоја недела. Сега 14та веќе. Се држиме
Ааааа и моето е дунде, ете не кажав, извинете Ми вика уште ништо нема меѓу нозе, па јас викам тоа сакам и да слушнам Многу многу се израдував, само да не ми каже на следен преглед друго