Сите знаат на форумов каков паничар сум, мислам нема поголем од мене, и уште да појдам на ваков лекар па да се убијам ако не кога ќе излезам. Многу лош однос докторов, јас на твое место одма го мењам. Друга работа мене 2 гинеколози ми рекоа пап не се зема во бременост, резултатите не се меродавни тогаш. Еве втор пат сум трудна ни во прва ни втора бременост ми земаа, само брисеви. Побарај жено второ мислење, и гледај да билдаш имунитет, и да имаш цин со витамини се средува.
Истава во првата бременост ми наговараше т.е убедуваше дека сигурно мм сменил партнерка па ми пренел уреаплазма Навистина е тешко да се има доверба во денешниве докторки. Не се сите исти секако, но барем овие во мојата околина се. Според искуствата од другите, и по фб групите читам цел ден, викаат не ни смее во бременост овие тестови да се прават, а мене ми кажа на секои 3 месеци ќе правиме. Ќе се прашам дали ќе се вратам .. или ќе си продолжам на приватно со сите прегледи до крај.
Матичните се само за папирологија и ништо повеќе и како така ти кажала дека мажот ти сменил партнерка па ради тоа ти пренел божееее господе значи без коментар не знам дали да плачам дали да се смеам на тој памет искрено продолжи си на приватно со време додека не ти створила поголем не битен стрес. Бременост кај матичен можат да водат оние што се 100% нормална бременост да не кажам што нема ни потреба да одат само да си се породат
Фала Ада, се надевам и јас дека ќе помине за брзо и без компликации. Како што пишав и претходно болницата е државна и за трудници не се наплаќа ништо. За други прегледи се наплаќа во зависност од годишниот приход, ти одредуваат колкава сума за преглед.
И јас сум со високо ризичен хпв се исплашив и јас на почеток ама матичниот ми кажа дека не штети на плодот па се смирив, инаку друго ме плаши ми рече дека требало царски да се породам, ако се породам природно тогаш ке се заразило и бебушот
Ако имаш кондиломи тогаш практикуваат царски, а доколку немаш нема пречка зашто раѓањето да не биде природно. Така мене гинекологот што ме пораѓаше ми кажа кога почнав кај него на прегледи во 9ти, ме следеше до крај и си се породив природно без проблеми.
Со нискаа постелка одев на раб.која беше напорна физички и психички до крај на 8 ми. Носев појас.Одмараај ако мора,се ќе биде во ред
Цервикална интраепителна неоплазија -ЦИН ПОЗИТИВЕН ПАП ТЕСТ значи дека патологот видел одредени промени во клетките на грлото на матката. Ова не значи дека тие промени навистина постојат. Потребно е да се направи уште една постапка со која точно ќе се утврди дали промените постојат. Ова е од причина што ПАП тестот е брза метода и за проверка на здравјето на грлото на маткта користи површни клетки. Со наредната постапка се испитува ткивото на грлото на матката преку земање биопсија (откинување мало делче од грлото на матката).
Еднаш пишав доколку пап тестот ви покажува промена да си го повторите изгледа во државна не ги обработуваат како треба.Сестра ми и излезе високоризично за една недела во биотек излезе дека е се во ред.Ова беше во мај месец и сега пак правеше пак е ок.
Побарај и на приватно следниот да ти го прате ил сама оди на приватно , ова мојава док па се на приватно праќа и без да ме праша , директ е така треба така е поарно лани коа имав мисед у систина пративме , сеа овој нз дал беше таму за една недела стигна не сум видела што пише на него каде е , битно пари си дадов и за брисеви Кламидија на приватно мораше , а немало на државно , Приска дојдоа од ск и ми земаа крв .. Исто и мене лани пап ми покажа цин 1 па правеме типизација излезе се ок , само стрес се наполнив дур чекав резултати Јас уште незнам пол ова мојава не ми кажа на скринингот , дур не била 100% сигурна не кажувала
На левата страна од препонот имам како топче внатрешно и ме боли многу на допир, не е поткожно влакно. Дали некој имал вакво нешто дали е некоја жлезда и дали е опасно?
Една пријателка што води бременост во Систина ми кажа за пап и рекле не и пред некој ден на скрининг кај мојот доктор од Систина прашав за пап демек матичната запнува, ми рекоа никако во бременост не се прави и ми забранија да правам. Инаку од последниот има поминато 7 месеци.
Стави ладни облоги или ациди борици и ќе ти спадне за ден два ужасно болат тие ама обично се појавуваат кај жлездите и си се губат
@zhap4e и јас имав ниско поставена постелка и до одредена недела од бременост(заборавив која недела), требало да се крене. На наредните прегледи си беше високо поставена. @Chanell* повтори си преглед кај некој подобар доктор. Мене па, матичната ми правее Пап тест во 12та недела заедно со микробиолошките тестови. Ама па она не ми е многу веродостојна. И да, за во Државна и јас имам слушнато дека не се секогаш точни резултатите. Јас пред 12г имав Цин 1,не бев трудна, ама мене "ме среди" докторката со ласерско отстранување, кое кошташе 12. 000ден. После читав дека доста се жалеа дека така правеле на другите пациентки. За во бременост не знам, ама општо за Цин 1 треба јакнење на имунитет. Почни од овошје, зеленчук и на преглед ќе ти дадат и витамини.
Цин, или таканаречената неоплазија е народски ако сте слушнале "раничка на матка". Јас тоа го имав пред да останам бремена, го видов и на камера, изгледаше како зацрвенето местото. Неколку доктори ми кажаа дека после природен пороѓај го снемува, поточно си се "одлупува" тој слој од матката со самото пораѓање. Навистина откако се породив со првото матичниот рече дека раничката веќе не постои