Мене постојано ми се прават страшно болат како гној да собират или се потни жлезди или се лојни жлезди... Мене додека не ми пробие ретко да се повлечи.. Ставам облоги од ациди борици и маст беоцин мислам се викаше.. Не е страшно избегнувај гелови за интима.. Доволно ти е со антибактериски сапун само..
Сега кога си ги препрочитав мислењава во темава,видов дека уште на 23 јуни сум пишала за цин-1 ама ич не сум била растревожена тогаш. Сега бубачките во глава проработеа. Од сабајле многу ми е лошо. Дојдов на работа,после 5 мин ми падна мрак пред очи,ми зуеше во ушите многу силно,имав јака вртоглавица,болка во желудник, треперење на раце и нозе т.е тресење, и ми течеше ладна пот од челото. Мерев притисок ок беше. Имаше една пристара жена овде, луѓе ме виде во какво стање сум, со влечење по ѕид отидов до столчето да седнам, и вика на ќерка и “лелеее види ја каква е,не и е арно, бегај излегувај побрзо” Ми се плачеше бе, секунда фалеше да се струполам на земја,ко издрогирана бев. Ниту да рече помош ти треба,вода ти треба.. Е.ате народот себичен. Со месеци ден немам искористено слободен “за народот и нивното здравје”, а народот мој како ми враќа. Ах... Згора на тоа ни матичната не ми крена,ниту мм ми се јави пак да ме праша што ми беше и дали сум подобро. Денов почна с**бан,таков и ќе биде осеќам.
Лајкот за поддршка беше. Што им е на луѓево бре?! Кога станавме вакви себични. Јас нема да може да заспијам да видам некој да му е лошо, а да не помогнам. Ако имаш замена, најдобро појди си дома. Истуширај се, освежи се и легни си. Може само премор е во прашање.
За народ шо не верува во корона прај прослави и не носи маски многу наплашени бе...ццц срамота...земи користи си ги мерките нека те ослободат бар август по жештиниве да не одиш. Ем си правиш ризик да те заразат ем да паднеш никој нема да ти помогне...ако можеш би било добро не знам во која корелација си си газди ама никој Фала нема да ти каже на крајот Едит Се едитирам чисто инфо да знаеш овие денови Скопје е во жолта фаза во нормални услови би дале препорака хронично болни и трудници да бидат ослободени.
Здраво,дали може во бременост да се користи мед со матичен млеч,полен,прополис? Зимно време го користам и сега мм порачал а јас сум 7ми месец и се двоумам дали да си каснувам.
Што мислите за правење нокти во бременоста? Дали сте за или против? Не сум бремена и сум оф топик. Но, најсоодветна ми е темава.
Тоа би требало секако доктор да се праша. Да ми дозволи би правела секако и да нема корона пошто не би се шетала во салони. 8ми месец ако не и порано би прекинала. На пораѓај не смееш ни обичен лак да имаш на тебе. Ноктиве никогаш не ми биле волку цврсти колку сега во бременост па што знам дали има потреба
Мене маричниот ми спомна може да треба царски, јас ќе пишам дека си имала ХПВ во упатот за ЦТГ, па таму ќе одлучат. И направив муабет со гинекологот што ме пораѓаше и он така си кажа дека чим немам кондиломи слободно може природно да се породам.
Јас сум 35 недела и си ги правам ноктите. Баш со девојчето што ми ги прави ноктите си правевме муабет, зошто се смета дека не е убаво да се прави маникир во бременост и она ми кажа дека е важно да е светла боја лакот за при породување да може да се види ако не дај Боже помодрат ноктите.... Јас следни ќе ги правам француски
Следни најубаво никакви да не ги боиш. Не е поентата да е светол лакот туку воопшто да немаш на раце и нозе. Со прв царски во Ремедика ден пред пород ми рекоа вади ова. Трчав како луда гелот да барам некој да ми го извади. Во систина во книга за припреми јасно нагласено, никаков лак и шминка. Не прашувај козметичарка прашај си доктор за ова.
Дали на некоја од Вас и се има случено насабајле првата урина да и е темна како кола кола а после тоа е некоја нормална боја но малце заматена? Инаку на предминатиот преглед Д-р примети дека имам проширување на едниот бубрег. 35 недела сум( ако нешто мени)
Здраво, едно прашање, вчера при влез во соба го удрив стомакот во квака (лоша проценка колкава сум) не беше ништо премногу ме здоболи во моментот малку и помина. Бебето нормално со мрдаше после тоа дури и беше ептен активно. Сабајлево исто го одетив не премногу ни осетив удари, ме плаши што местото кај што се удрив на допир некој 2 цм ме здоболува како кога имаш модрица но немам ништо. Има ли можност нешто да му е на бебето? Вчера бев смирена но од сабајле само се тресам нешто да не му е. Матичниот ми е на одмор па неможам да појдам да го види да се смирам малку?
Мамички кој месец се прави скриен шеќер и д димери јас сум 5ти месец за 2 недели во 6ти ќе влезам, сакам да знам бидејки ништо не ми кажале околу тоа
Да ти кажам и јас што одам сама по лекари на две недели се плашам нешто слично да не ми се случи затоа што факт е дека никој нема да ми се приближи. Сега и во автобус не стануваат дека пола седишта празни и се праат наудрени, а не можеш и не смееш до нив да седнеш. Не знам што работиш, ама ако не те ослободуваат да пробаш боледување да отвориш...
На апликацојава на моб негде уште 25та пишуваше да внимаваш на при во гужва некој со лакт да не те удри или деца да не те удрат со фудбалска топка итн. Не верувам да ти е некој проблем и паѓааѕ жени и се удираат. Мене кучево кога ме удри бев накај 12та недела тогаш др ми рече не е страшно колковите го штитат тоа внимавај за понатака. За да си мирна види кој е замена за твојот матичен чуј се или отиди да те ѕирнат. Само не те разбрав дали го осети сабајлево бебето имаше удари или слабо? И тоа пак не мора ништо да значи...некогаш ќе удира некогаш не
Девојки, ме фатија бубачките па да прашам ако некоја може да ми помогне... Вечер одам на село во прилепска околина. Ако не дај Боже нешто се случи, 32 недели сум денес, каде да одам? Прилепска гинекологија функционира? И освен таму каде можам да се обратам?
Јас денеска ќе одам кај гинекологот на преглед. Се надевам дека се ќе помини како што треба. Малце ме загрижуваат нозеве, ептен ми се отечени во глуждовите..Почнав да носам од оние чорапчиња како балетанки што изгледаат оти од обичните до глужд што се кога ќе ги соблечам ми се познаваат виолетови линии, до толку еА не чуствувам болка или тежина само дека ги гледам ми е мисла. Бебка денес активен мнопгу, само се врти само се превртува , стомаков де налево де надесно ми е Дали да се напијам газиран сок и благо пред да одам за и таму да биде активен, така ме советуваше матичната оти минатиот пат успано беше и рече друг пат благичко да си каснам да се размрда да може од сите страни да го види,а јас поштувам и не и преправам ќе си каснам Ајде држете среќа
Истото ми се случи пред еден месец во ваикики отидова набрзина нешто да купам и наеднаш ми се стемни пред очи,ме обли пот и како да ја изгубив силата,и баш на каса бев и и реков на таа што работеше на каса дека ќе седнам на земја малку да се стабилизирам,жената ме праша да не ми треба нешто ако треба да викне некој или вода,се стабилизирав и си отидов,па изгледа од топлото и притисокот ми беше паднат ,плус зголемен крвотокот и затоа .Одмарај од жешкото е,а за луѓето немам коментар ,емпатија нула.